Мехмед II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
Мехмед II бил син на [[Мурат II]] (1403-1451), првично не бил подготвуван од неговиот татко за преземање на престолот. Тој бил трет син и за разлика од неговите браќа родени од благороднички - турски жени, тој бил син на робинка, како што е познато, христијанка со грчко или со албанско потекло. По смртта на првиот постар брат, Мехмет бил побаран од страна на неговиот татко, кој наредил на момчето да му се даде образование<ref>^ الشقائق النعمانية في علماء الدولة العثمانية، صفحة 52 نقلاً عن تاريخ الدولة العثمانية، صفحة 43</ref> и Мехмед бил прогласен за владетел на Амасија. Во 1443 година бил убиен и неговиот постар брат Алаедин, а Мехмед го зел и неговиот престол во Маниса.
 
Неговиот татко Мурат II многу тешко ја поднесол загубата на своите два сина, па во 1444 година абдицирал во корист на Мехмед, а претходно склучил мир со европските земји и Караманија. Тоа му дало основа да смета дека положбата на неговиот син кој имал само 12 години е стабилно, и покрај тоа што Мехмед бил под големо влијание на големиот везир Халил Паша-паша.
 
== Прво управување (1444-1446) ==
 
Првиот период од управувањето на Мехмед бил опфатен со големо ривалство меѓу големиот везир и луѓето околу султанот како Шахбедин -паша, [[Заган Паша-паша]] и Саруџа -паша. Големиот везир бил претставник на турската аристократија и сакал младиот султан да води мирољубива надворешна политика, додека пак луѓето околу Мехмед главно биле со грчко потекло и го убедувале на султанот дека главна задача е да ги прошири своите територии. Според нив, целта на Османлиите е да го освојат Константинопол.
 
Од друга страна пак европските земји повлекувањето на Мурат го забележале како слабост во внатрешната политика на земјата. Така европските сојузнички сили започнале поход кон османлиските територии по кое Мехмед повторно се повлекол од власта во корист на својот татко Мурат. По крајот на Никополската битка, Мурат и по враќањето на османлискиот престол кон Мехмед се однесувал како наследник на тронот. Во [[1448]] Мехмед учествувал во сите значајни кампањи и административни активности. За време на престојот во [[Магнезија]] се вљубил во заробеничка - христијанка, на која и го дале турското име [[Ѓулбахар]]. Тој ја зел за жена и таа му родила син-наследник, [[Бајазит II]]. Но, Мурат ја сметал за недостојна сопругата на Мехмет како идна сопруга на султан, и го принудил да се ожени за турчинка од благороден род - [[Сит Ханум]], која што Мехмет толку ја мразел што подоцна не ја зел ни во својот [[харем]] во [[Константинопол]].
Ред 55:
[[Падот на Константинопол (1453)|Опсадата на градот]] започнала на 2 април 1453 година а завршила успешно со преземање на градот на 29 мај истата година.
 
Градот паднал кон крајот на мај 1453 година, со кое бил ставен крај на Византија. Во јули истата година султанот се вратил во Едрене и веднаш наредил да биде егзекутиран големиот везир Халил -паша, со кое се намалила властта на семејството Чандарли кои во продолжение на многу години избирала везири во државата и имала голема улога во управувањето. Првата акциjа на султанот бил трансферот на капитал од [[Едрене]] во Константинопол, и активното доселување на турско население во градот. Султанот, настапувајќи како римски „''василевс''„, го превзел на себе целокупното раководство над источното христијанство, и за директно управување на бројните христијански заедници бил назначен нов патријарх - Генадиј. Во империјата се охрабрувала верска толеранција. Исто така Мехмед склучил и договор со Венеција по кое венецијаните добиле право на својата трговска колонија во Галата.
 
===Белград===
Ред 75:
Во пролетта [[1458]] година Мехмед започнал нов поход кон [[Пелопонеско деспотство|Пелопонеското деспотство]]. На 15 мај го опсадил [[Коринт]] и во август го зазел, а во исто време навлегле длабоко во [[Пелопонез]] и ги ограбиле градовите. Деспотот Димитар Палеолог склопил договор со султанот на кого му биле предадени Патрас, Калаврита, Гревена и земјите кои му припаѓале на деспотот Константин. Истиот договор бил потврден и од братот на Димитар, Тома Палеолог. Голем дел од Пелопонез, оттогаш припаднал на османлиската држава.
 
Во пролетта [[1457]] година починал смедеревскиот деспот [[Ѓураѓ Бранковиќ]] и бил наследен од својот син [[Лазар Бранковиќ]] кој исто така починал неколку месеци подоцна. Во следните месеци помеѓу српската аристократија избил конфликт. Едната страна била проосманлиски ориентирана а другата проунгарски. Ова му дало шанса на Мехмед повторно да организира поход, но бидејќи бил на [[Пелопонез]] оваа задача му била доделена на големиот везир [[Махмуд Паша-паша]]. Тој успеал да го заземе [[Смедерево]], Голубац и Митровица по кое бил формиран [[Смедеревски санџак|Смедеревскиот санџак]]. Махмуд заминал за [[Скопје]] каде се сретнал со султанот и армијата од Пелопонез. Во [[1459]] година Мехмед заминал кон Амасра, џеновска територија на [[Црно Море]], кое се предало без војна.
 
Во 1460 година султанот се замешал во конфликтот меѓу пелопонеските деспоти и искористувајќи го конфликтот успеал да го заземе целиот Пелопонез со исклучок на Монемвасија која била предадена на папата. Деспотот Тома заминал во Рим, додека пак Димитар станал владетел на Имброс и Лемнос како награда од султанот.
Ред 85:
== Војна со Венеција==
 
Османлиските успеси во [[Егејско Море]] директно ги застрашиле венецијанските тењритории во регионот и по деветгодишен мир во [[1463]] година [[Венецијанската република]] објавила војна на Османлиската империја. До конфликт дошло по заземањето [[Аргос]] од страна на [[Османлии]]те. Истата година, во август [[Венеција]] успеала да си го врати [[Аргос]] и го опседнала [[Коринт]]. Доаѓањето на османлиските сили на чело со Махмуд Паша-паша ги принудило на Венеција да ја напушти опсадата на Коринт, но и покрај тоа тие ја задржиле контролата над Пелопонез.
 
Венеција стапла во дипломатски контакт со Папаската држава, Унгарија, Бургундија и Караманија за заеднички поход против Османлиите. Уште во 1463 година, унгарскиот крал и син на Јанош, [[Матјаш Корвин]] навлегол во Босна и ги зазел тврдините Јајце и Звечаи. Но во следните месеци поголемиоит дел од сојузниците се откажале од походот по најразлични причини.
Ред 97:
==Караманија ==
 
По заземањето на Албанија од Османлиите, Венеција и Унгарија побарале склучување на мир. Во есента [[1467]] година починал египетскиот султан [[Хошкадем]] и земјата била зафатена од [[граѓанска војна]]. Мехмед во ова видел прилика за проширување на своите територии во [[Египет]]. Во [[1467]] година емирот на [[Дулкадар]] и вазал на Османлиите навлегол во [[Сирија]] и успеал да го зазема [[Дамаск]]. Следната година Мехмед со голема војска заминал кон Дамаск но емирот на Караманија која била вазал во тоа период откажал да се присоедини кон неговиоте војски. Мехмед по ова се свртел кон Караманија и ја зазел престолнината Конија. Како виновник за неуспешниот поход бил прогласен Махмуд Паша-паша кој бил сменет од својата функција.
 
Во 1469 година Венеција започнала нова војна во која бил заземен [[Енсос]]. Мехмед започнал со подготовка на нов поход на чие чело го поставил Махмуд Паша-паша. Мехмед успеал да го заземе [[Негропонте]] и дел од пелопонеските земји под власт на Венеција. Во исто време во Караманија починал [[Пир Ахмет]] а неговиот брат и наследник повторно ја активирал војната со Османлиите. Во 1471 година била заземена Аланија која била вазалска земја на Караманија.
 
Во [[1472]] година започнала решителната војна со емиратството Акојунлу. Емирот Узун Хасан имал претензии кон [[Трапезунд]] и сакал да ја врати [[Караманија]] под власта на Пир Ахмет. Неговите сили ги ограбиле [[Сивас]] и Токат и го зазел градот [[Кајсери]]. Локалните османлиски сили се повлекле на запад за да ја причекат османлиската армија на чело со султанот. Силите на Акојунлу во исто време биле во контакт во Венеција кои неуспешно ја нападнале [[Анталија]]. Малку подоцна бил ограбен градот Измир. Во есента на 1472 година [[Узун Хасан]] ги нападнал египетските градови [[Малатија]] и [[Халеб]] но без успех. Овој поход бил причина за создавање на сојуз меѓу Османлиите и Мамелуците во Египет.
Ред 105:
Во пролетта на [[1473]] година, Мехмед заедно со околу 260.000 армија заминал кон источните делови на [[Анадолија]] за да се пресмета со Узун Хасан кој имал приближно ист број на војска. На [[4 август]] Османлиите сакале да ја преминат реката [[Еуфрат]] но не успеале и доживеале голем пораз. Но Узун Хасан не го искористил тоа туку се задоволил со следење на османлиските сили кои продолжиле кон северните делови. На 11 август тој конечно се решил за напад кај Бајбурд но доживеал пораз и побегнал од бојното поле. Султанот Мехмед по ова ги зазел Бајбурд и Карахисар и се вратил во [[Константинопол]]. Следната година Османлиите конечно ја зазеле целата територија на Караманија.
 
Во текот на [[1474]] година османлиските војски на чело со румелискиот бејлербег Сулејман Паша-паша го нападнал градот Шкодра, најважната тврдина на Венеција во Албанија. И покрај обидот прекинување на опсадата, таа продолжила до јули кога Османлиите се повлекле. Причина за ова повлекување била објавената војна на молдавскиот војвода Стефан. Така во јануари 1475 година Сулејман -паша доживеал пораз во битката кај Баслуј.
 
Истата година во Крим избувнала војна меѓу ханот [[Менгли Гирај]] и двајцата претенденти за неговиот престол во џеновската колонија Кафа. Во текот на истата година Османлиите ги зазеле сите џеновски територии во регионот, а италијанското население било однесено во Константинопол. По овој поход Кримското ханство станала вазална земја на [[Османлиската империја]].
Ред 113:
== Смрт ==
 
Мехмед починал на 3 мај 1481 година, на возраст од четириесет и девет години и бил погребан во неговото [[турбе]] на гробиштата во Фатих џамија. Неговиот лекар Јакуб Паша-паша изјавил дека султанот бил отруен.
 
== Успеси на Мехмед II ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мехмед_II