Флоренс Најтингел: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 6 години
с
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
Најпознатиот придонес на Флоренс Најтингел се случил за време на [[Кримска војна|Кримската војна]]. Извештаите кои што доаѓале во Британија за ужасната состојба на ранетите станале нејзин главен фокус. На 21 октомври 1854 год., таа и персонал од 38 жени, доброволни медицински сестри обучени од неа, вклучувајќи ја и нејзината тетка Маи Смит, биле испратени (со дозвола од Сидни Херберт) кај [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]], околу 295 наутички милји (546 километри) преку [[Црно Море|Црното Море]] од [[Балаклава]] во [[Крим]], каде што се наоѓал главниот британски камп.
 
Во почетокот на ноември 1854 год., Најтингел приситигнала во [[касарна Селимије|касарната Селимије]] во Скутари (денес [[УскударУсќудар]] во [[Истанбул]]). Таму, таа и нејзините медицински сестри виделе дека медицинскиот персонал лошо се грижел за ранети војници поради преголемата работа, а и поради незаинтересираноста на службените лица. Имало мали залихи на [[медицина|лекови]], [[хигиена|хигиената ]]била запуштена, а чести имало и масовни [[инфекција|инфекции]], од кои голем дел биле смртоносни. Немало никаква опрема за приготвување на храна за пациентите.
 
На почетокот на 20-тиот век, се тврдело дека Најтингел, со подобрување на хигиената, како од нејзина страна, така и со помош од Санитарната комисија, ја намалила стапката на смртност од 42% на 2%. На пример, тоа се тврдело во првото издание на Речникот за национална биографија во 1911 год., но не и во второто издание во 2001 год. Сепак, стапката на смртност не исчезнала, напротив почнала да се зголемува. Бројот на смртност таму бил најголем од сите болници во регионот. За време на нејзината прва зима во Скутари, таму умреле 4.077 војници. Десет пати повеќе војници умреле од болести како што се [[тифус|пегав тифус]], [[стомачен тифус]], [[колера]] и [[дизентерија]], отколу од повреди кои ги добиле за време на битките. Условите во привремената болница на касарната биле многу опасни за пациентите поради пренатрупаноста, неисправните одводни канали на болницата и недостатокот од вентилација. Во март 1885 год., речиси шест месеци по пристигнувањето на Флоренс Најтингел, Британската влада морала да испрати Санитарна комисија во Скутари, којашто работела на чистење на одводните канали и подобрување на вентилацијата. Стапката на смртност нагло се намалила. За време на војната, Најтингел не мислела дека хигиената е најдоминантната причина за смртност. Таа никогаш не си припишала заслуга за тоа што помогнала да се намали стапката на смртност.