Разлика помеѓу преработките на „Отоманско Царство“

с
Првобитната организација своите корени ги имала уште во времето на настанувањето на империјата, како вазална држава на [[Селџуци]]те во [[централана Анадолија]]. Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на [[Селџуци]]те, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата [[бег]]. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под [[сузерен]]ство на Отоманските султани. Титулата [[бег]] од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.
 
Отоманската империја на почетокот било поделено на суверени [[санџак (историски поим)|санџаци]] и санџаци доделени на султановите синови. Со санџаците управувале [[санџак-бег]]ови, воени управници кои добивале од страна на султанот знаме, или [[барјак]] таканаречен ''санџак''. Како што се ширела империјата низ [[Европа]], се појавила потреба за формирање на нови административни единици од повисоко ниво. За време на владеењето на [[Мурат I]] (владеел од [[1359]]-[[1389]]), [[беглер-бег]]овите биле одредувани да управуваат со [[Румелија]], т.е. со европскиот дел на империјата. По формирањето на [[беглер-беглукбеглербеглак|беглер-беглуцитебеглербегаците]], санџаците станале второстепени административни единци. Беглер-беговитеБеглербеговите покрај тоа што имале обврска да управуваат со доделената територија, биле и команданти на сите воени трупи на својата територија.
 
Како што слабеела империјата, административната структура била разнишена. Со Отоманскиот закон од [[1864]] била направена реформа на административната поделба на империјата во која [[ејалет]]ите постанале мали вилаети со кои управувале [[валија|валии]]. Вилаетите биле поделени на санџаци, муташарифати и вазални држави како што биле [[Србија]], [[Романија]] и [[Црна Гора]], кои останале надвор од овој административен систем. После крајот на [[Танзимат]]от од [[1885]], [[Мала Азија|анадолската]] област со кое управувала империјата била поделена на 15 вилаета, едан санџак и едан утершафлик на Константинополскиот вилает (и двата од азиската страна на [[Босфор]]). Секој вилает бил поделен на неколку санџаци.