Скопска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 34:
== Географски одлики ==
[[File:Skopskoto Pole od s.Taor.jpg|thumb|лево|250px|Поглед на Скопската Котлина и реката [[Вардар]] од с. [[Таор]]]]
Скопската Котлина е пространа котлина која се наоѓа во северниот дел на [[Македонија]]. Претставува длабока и спуштена потонатина по должината на раседните линии и целосно влегува во составот на Вардарската тектонска зона<ref name="Енциклопедија">{{наведена книга|last=Андоновски|first=Томе|title=Македонска енциклопедија|volume=2|year=2009|publisher=МАНУ|location=Скопје|language=македонски|isbn=978-608-203-023-4 (1)|page=1369}}</ref>. Заграена и опкружена е со високи планини од сите страни<ref name="Енциклопедија" />. Таа претставува дел од композитната долина на реката [[Вардар]], која навлегува во котлината од [[Дервенска Клисура|Дервенската Клисура]] на северпзапад, а ја напушта влегувајќи во Таорската Клисура на југ. Котлината зафаќа површина од 1924&nbsp;км² и има правец на протегање севрозапад-југоисток<ref name="Енциклопедија" />. Средишниот дел на котлината е пространата алувијална рамнина на реката [[Вардар]], односно Скопското поле. Се издигнува од 225 метри како најниска до 2540 метри како највисока точка<ref name="Енциклопедија" />. Просечната надморска височина изнесува 281 метар, а градот [[Скопје]] е расположен на 245 метри. Површината на рамнината на Скопското Поле изнесува 26.100 хектари. Целата речна и водена мрежа во котлината припаѓа на сливното подрачје на реката [[Вардар]], односно [[Егејско Море]].
 
== Население и етнографски одлики==