Костинци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 20:
 
== Географиja и местоположба ==
Костинци е село во северниот дел [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] и [[Општина Долнени|Општината Долнени]], од десната страна на патот [[Прилеп]] – [[Македонски Брод]]<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref>. Поточно, селото Костинци се наоѓа во прилепскиот крај, во крајниот северен дел на [[Пелагонија]]. Тоа е полско село сместено помеѓу Секирци, Црнилиште, Зрзе и Слепче. Костинци од источната страна се граничи со огранците на планината Бабуна спуштени спрема с.[[Слепче]], како и слепечкото поле, од север се граничи со атарот на с.[[Црнилиште]] и долгаечкото поле, а од запад зрзеското поле и благите огранци на планината [[Даутица]] кои се спуштаат паралелно со долината на местото наречено Бојаник. Од јужната страна селото и неговото поле се граничат со големата пелагониска котлина т.е.секиречкото поле. Расположено е на надморска височина од 618 до 620 метри со изразити рамничарски одлики. Од градот [[Прилеп]] е оддалечено 30 километри во северозападен правец<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref>. Крај Костинци тече Стровјанската речица, која често се излева и го поплавува околното земјиште. Водата за пиење се добивала од бунари, а во денешно време селото има водовод кој се снабдува со вода од хидросистемот Студенчица. Костинци е составено од маала кои се нарекуваат по поголемите родови. Маалата меѓусебно се незначително оддалечени поради што селото е од збиен тип. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км² на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 418 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14 ха, а на шумите само 3 хектари<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref>. Според тоа Костинци има исклучително поледелска функција. Потезите и местностите во селскиот атар ги носат следните имиња: Градски Пат, Сливски Пат, Зрзески Пат, Долгаечки Пат, Црнилишки Пат, Капина, Мртвица, Возовир, Ѓерекарица, Арапица („црна земја“), Езериште, Затока, Тапан, Јасика, Дуњи, Шуклеица, Гарелица, Аџиина Корија (сега под ливади), Брегои, Илјадница.
 
== Историja ==