Богомилство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
that's a Türbe. Nothing to do with Bogomils
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Razvoj bogumilstva.jpg|мини|десно|250п|Развој на Богомилството од X до XV век]]
[[Податотека:Stecak Radimlja.jpg|мини|десно|250п|Богомилски гробишта во Босна и Херцеговина]]
[[Податотека:Наум и Богомилите.jpg|мини|десно|250п|Наум и Богомилите]]
'''Богомилство''' — верско учење во средновековна [[Македонија]] и пошироко. Се појави како реакција на социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на [[феудализам|феудализмот]] и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било [[дуализам|дуалистичко]] учење според кое реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлале [[крст]]от како свој верски симбол, не граделе [[Црква (објект)|цркви]] и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека [[Исус]] не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил, по кого, пак, е наречено селото [[Богомила]].
 
== Појава на богомилството ==
[[Податотека:Наум и Богомилите.jpg|мини|десно|250п|[[Свети Наум]] и Богомилите]]
Крајот на 9 и почетокот на [[10 век]] е означен со крупни промени во општествената структура на македонските племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на бугарскиот [[Цар Симеон I|цар Симеон]] (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во [[Прво бугарско царство|Бугарското царство]]. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските [[Општина|општини]]. Во овој процес била вклучена и [[Црква|црквата]], која добивала поседи како подарок од [[Владетел|владетелите]]. Така црквата почнала да станува една од најсилните феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на [[монархија]]та, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.