Прва балканска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
'''Вкупно: 340.000 загинати, ранети и заробени'''
|casualties2= [[Податотека:Flag of Bulgaria (1878-1944).svg|22x20px]] '''Бугарија:'''<ref>[http://www.bulgarianartillery.it/Bulgarian%20Artillery%201/T_OOB/Troops%20losses_1912-13.htm Bulgarian troops losses during the Balkan Wars]</ref>
8.840 загинати
4.926 исчезнати
36.877 ранети
10.995 загинати или исчезнати

[[Податотека:Flag of Greece (1828-1978).svg|22x20px]] '''Грција:''' <ref>Hellenic Army General staff: ''A concise history of the Balkan Wars'', page 287, 1998.</ref>
2.373 загинати во акција
9.295 ранети
580 измрзнати
1.558 загинати или ранети

[[Податотека:Flag of the Kingdom of Montenegro.svg|22x20px]] '''Црна Гора:''' <ref>Erickson, Edward J. (2003). Defeat in Detail: The Ottoman Army in the Balkans, 1912–1913. Greenwood Publishing Group. ISBN 0-275-97888-5.</ref>
2.836 загинати во акција и починати од болести
6.602 ранети

[[Податотека:State Flag of Serbia (1882-1918).svg|22x20px]] '''Србија:'''
5.000 загинати
18.000 ранети<ref>''Βιβλίο εργασίας 3, Οι Βαλκανικοί Πόλεμοι'', ΒΑΛΕΡΙ ΚΟΛΕΦ and ΧΡΙΣΤΙΝΑ ΚΟΥΛΟΥΡΗ, translation by ΙΟΥΛΙΑ ΠΕΝΤΑΖΟΥ, CDRSEE, Thessaloniki 2005, page 120,'''(Greek)'''. Retrieved from http://www.cdsee.org</ref>

'''Вкупно: 108.000 загинати и ранети'''
Ред 36:
==Позадина==
{{Triple image|center|Нaционалните аспирации на балканските држави.png|350|Karta Makedonija 1913.jpg|400|The ottoman empire and its successors (1923) - san stefano.png|400|Нaционалните аспирации на балканските држави|Македонија|Санстефанска Бугарија}}
{{quote|'''Кај голем дел водечки државници во Србија ... може да се воочи убедувањето дека Ориенталното прашање не е докрај решено, и дека порано или подоцна, Турција ќе биде натерана сесè повеќе да се повлекува од Балканскиот Полуостров...'''|''Фон Баир''|Извештај, 1880 <ref>Извештај 55 Белград 18.10.1880 год., 14400.</ref>}}

=== Берлински конгрес ===
{{Главна|Берлински конгрес}}
Ред 43 ⟶ 44:
Некои од големите сили, особено [[Австро-Унгарија]], [[Британија]] и [[Франција]], не биле задоволни со содржината на [[Санстефански Договор|Санстефанскиот договор]]. Причината за незадоволството била што тие сметале дека на [[Русија]] ѝ биле дадени преголеми отстапки. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок.

Конгресот имал за цел да изврши ревизија на Санстефанскиот договор и да го спречи ширењето на руското влијание на Балканот. Исцрпени од претходната меѓусебна војна, Турција и Русија прифатиле одржување на нов мировен конгрес, кој го организирала Германија на чело со [[Ото фон Бизмарк]] <ref>Krasner, Stephen D. (1999). „Sovereignty: Organized Hypocrisy“. Princeton University Press. стр. 165. ISBN 069100711X.</ref>.

На Конгресот било одлучено: на Отоманската империја да ѝ бидат вратени [[Македонија]] и [[Одринска Тракија]], а територијата на [[Бугарија]] е околу три пати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор.
Ред 49 ⟶ 50:
Од остатокот од територијата на [[Санстефанска Бугарија]], односно [[Источна Румелија]] потпаднала под турска власт и се здобила со статус на автономна област; [[Србија]], [[Црна Гора]] и [[Романија]] да добијат независност; Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманската империја; [[Босна и Херцеговина]] ѝ била доделена на [[Австро-Унгарија]]. По Берлинскиот конгрес, Солсбери, Роберт Гаскон-Сесил истакнал:

{{Цитат|'''Треба повторно да го воспоставиме неодржливото турско управување со јужниот Балкан. Иако ова е чисто одложување на крајот. Не останала виталност (б.н животна сила) повеќе во нив...''' <ref>Taylor, A. J. P. (1954). The Struggle for Mastery in Europe 1848–1918. Oxford University Press. p. 253.</ref>}}

На овој начин моќта на [[Отоманската империја]] во Европа и Азија била значително намалена. Влијанието на [[Руското царство]] на Балканот исто така се намалило за сметка на зголеменото влијание на Австро-Унгарија. Иако била основа за стекнување на државен суверенитет на некои од балканските држави, оваа територијална поделба на Балканот не ги решила сите прашања и аспирации, туку испровоцирала понатамошни тензии кои кулминирале со [[Балканските војни]], а подоцна и [[Првата светска војна]].
Ред 68 ⟶ 69:
Кон крајот на 19 и почетоко на 20 век, особено било актуелно [[Македонско прашање|Македонското прашање]] околу кое се кршеле копјата на балканските држави. [[Бугарија]], [[Србија]] и [[Грција]] имале свои [[Странски пропаганди во Македонија|пропаганди на територијата на Македонија]] со цел да биле придобијат што повеќе т.н. ''„национални приврзаници“'' кои би се искористиле како ''„внатрешни сојузници“'' и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Покрај пропагандната дејснот, била водена и жива дипломатска активност по ова прашање.

{{Цитат|'''Грчкиот премиер Трикупис во 1899 година повеќе мислел на грчко-турска војна, отколку на балкански сојуз. Според него, грчки ривал на Грција во Македонија била Бугарија. Тој сметал дека расплетот на македонското прашање ќе дојде по една голема војна по 3, 5 или 8 години. Трикупис сметал дека Македонија ќе биде грчка или бугарска, зависно од победникот во војната. Доколку победат Бугарите, ќе успеат да го словенизираат населението до Тесалија. Ако победи Грција, ќе ги направи сите Грци до Источна Румелија.''' <ref>Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...</ref>}}

На [[6 април]] [[1896]] година, штотуку признатиот бугарски кнез [[Фердинанд I]] се сретнал со српскиот дипломатски претставник [[Владан Ѓорѓевиќ]]. Фердинанд ја истакнал потребата од [[српско-бугарски односи|српско-бугарско зближување]] за што главен проблем претставувале нивните спротивставени интереси во Македонија. Во разговорот, Фердинанд потенцирал дека додека [[Срби]]те и [[Бугари]]те се расправале за ''раженот'', ''зајакот сесè уште бил во шума''. Во контекст на тоа Фердинанд истакнал:

{{Цитат|'''Во Македонија, главната маса од населението ниту се Бугари, ниту Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или ако сакате подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но, јазик, кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме околу тоа, дали тој е дијалект на српскиот или бугарскиот јазик, ние треба заеднички да работиме и тоа овде (Цариград б.н) кај нашиот заеднички татко Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им осигураат човечки живот и културен развиток... Ако тоа се реши, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое што никоја сила не може да го реши, па дури ако Србите и Бугарите поради тоа ја фрлаат на коцка својата државна егзистенција''' <ref name="AMF CARI">'' Државен архив на Репубилка Македонија (ДАРМ), ф. Политичко Одделени (ПО), мф.446, Пов. Но. 228, Цариград, 26. III 1896.''</ref>}}

Тој понудил формирање на сојуз во кој, според него, требало да влезат [[Бугарија]], [[Србија]] и [[Црна Гора]], но бил против влегувањето на [[Грција]], сметајќи дека таа сака да го искористи српско-бугарскиот антагонизам и да приграби голем дел од [[Македонија]]. На [[1 март]] [[1897]] г. во [[Софија]] пристигнал српскиот крал со својата делегација. Два дена подоцна бил потпишан договорот меѓу кралството Србија и кнежеството Бугарија, а договорот предвидувал:
Ред 79 ⟶ 80:
:''2) Ниедна од договорните страни, без претходна согласност на другата, да не презема ништо на политички и воен план што ќе го наруши постојното статус кво''
:''3) Додека заемно не се утврдат српските и бугарските интерси на национален, црковен и просветен план во Отоманската империја, двете страни да не си пречат, туку заемно да си помагаат''
:''4) Со спогодбата да се запознае кнезот на Црна Гора и да се покани и тој да пристапи'' <ref> Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...</ref>

По потпишувањето на договорот, [[Србија]] постојано барала поделба на [[Македонија]] 50:50 и, според [[Белград]], териториите западно од реката [[Вардар]] требало да иѝ припаднат на [[Србија]] заедно со [[Скопје]] и [[Куманово]], а источно од [[Вардар]] на [[Бугарија]], додека [[Солун]] требало да се наоѓа под заедничка управа. Меѓутоа, српско-бугарските односи биле влошени поради бугарскиот трговски аген [[Димитар Ризов]] од [[Скопје]]. Во почетокот на 1899 година, [[Владан Ѓорѓевиќ]] во Париз имал средба со бугарскиот дипломатски преставник каде јасно истакнал дека Македонското прашање за Србија преставува ''борба за живот или смрт''. Тој исткнал дека ако Србија и Бугарија не се договорат околу [[Македонија]], тогаш Србите ќе си го земат она што им припаѓа. Овој став, од страна на [[Александар Обреновиќ]] му бил презентиран и на Шишманов, бугарскиот дипломатски преставник во [[Белград]]. Набргу потоа, Шишманов имал аудиенција кај Милан. Во текот на средбата, Милан истакнал:

{{Цитат|'''Македонците лесно може да се амалгамираат со бугарскиот или српскиот елемент, бидејќи разликата меѓу двата јазика била многу мала... во Македонија можело да се сретнат чисти Срби или Бугари, но тие биле толку малку што не можат да го определат карактерот на Македонија, која од своја страна била словенска земја, ниту бугарска, ниту српска... Македонија требало да се подели помеѓу Бугарија и Србија.'''<ref>Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003.</ref>}}

Поради развојот на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на [[20 век]] грчката влада во [[Атина]] сметала дека нејзините интереси во Македонија се згрозени, отука Грците искажале спремност во помагање на Османлиите за уништување на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. Во 1900 година, овој став во [[Цариград]] бил изнесен од Маврокордатис пред османлиските власти. Од своја страна грчкиот конзул во престолнината на [[Османлиска империја|Османлиската империја]], Евгенијадис сметал дека Македонија треба да остане под османска власт сесè додека грцизмот не успее таму да ја заземе власта. Во [[1903]] г., поради случувањата во [[Македонија]] дошло до влошување на односите меѓу [[Бугарија]] и останатите балкански држави. Францускиот амбасадор во [[Лондон]] - Кабон, по средбата со српскиот крал и романскиот дипломатски преставник, истакнал:

{{Цитат|'''Романија, Србија и Грција имале желба да ја видат Бугарија на колена пред султанот, исто како што балканските земји сакале да ја видат Грција во една грчко-турска војна... христијанските народи на Балканот биле спремни да се уништат меѓу себе, поради што прифаќале соработка со неверникот'''}}
Ред 93 ⟶ 94:
Во текот на [[Илинденско востание|Илинденското востание]], црногорскиот кнез [[Никола Петровиќ Његош|Никола]] имал средба со бугарскиот дипломатски преставник во [[Цетиње]]. На оваа средба, кнезот истакнал дека [[Црна Гора]] може да покрене 50 000 војници против [[Османлиска империја|Османлиската империја]], а [[Србија]], [[Бугарија]] и [[Црна Гора]] би можеле заедно да изведат 500 000 војници. Меѓу другото, кнезот сметал на руска, англиска и италијанска помош и така би го решиле [[Македонско прашање|македонското прашање]] со делба или автономија. Во текот на [[1903]] г. дошло до затегнување на турско-бугарската граница. За да се нормализираат односите, во [[октомври]] [[1903]] г., во [[Цариград]] бил испратен [[Григор Начовиќ]]. Под притисок на големите сили, двете држави започнале преговори, а Фердинанд, под притисок на [[Германија]], се откажал од барањето за спроведување на реформи во [[Одринско]]. Од овие преговори произлегла [[Бугарско-турска спогодба]] од [[1904]] г.

По [[Илинденско востание|Илинденското востание]] било евинденто дека македонскиот народ предводен од [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] тргнал по свој сопствен пат кој не се вклопувал во визиите на балканските држави за иднината на Македонија. Отука тие ја засилиле воружената пропагнадна и започнала т.н [[Борба за Македонија]] која траела сесè до [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]]. Овој конфликт е кулминацијата од дејствувањето на трите поголеми пропаганди во [[Македонија]], кој работеле за остварување на националистичките планови на нивните држави, а од другата страна била [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], таа се залагала за самостојно работење и борба за извојување на човекови права и [[слобода]] преку едно внатрешно востание.

Врховистичките, грчките и српските чети ја имале подршката на [[Бугарија]], [[Грција]] и [[Србија]], а грчките чети, поради отворениот турцизам, ја имаале наклонетоста и на самата [[Отоманска империја|империјата]], но андартите често се откажувале од помошта на османлиската војска и се здружувале со четите на [[Српско четничко движење|Српското четничко движење]]. На територијата на [[Македонија]] грчките чети се судрувале и со [[власи]]те кај кој била силна романската пропагнада како и со дејците на албанското националноослободително движење. Во текот на [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во [[Македонија]], според турските извори, имало околу 110 чети на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], 80 андартски чети, 20 српски и 8 влашки чети.
Ред 99 ⟶ 100:
=== Босанска криза ===
{{Главна|Босанска криза}}
Во [[1908]] г., австрискиот министер [[Алојз Лекс фон Ерентал]] ја анектирал [[Босна и Херцеговина]]. Оваа област, врз основа на [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]], била под австриски мандат, но формално-правно таа сè уште била дел од [[Османлиска империја|Османлиската империја]] <ref>[http://92.55.94.23/learn/docs/9525f834-88d6-48c1-af92-ce14e030bcbc.pdf THE BALKAN WARS 1912–1913]</ref>. Областа била анектирана без консултации со останатите големи сили. Франц Јосиф I во царска прокламација од 7 октомври 1908 истакнал:

{{Цитат|'''Кога пред едно поколение Нашата Војска ја прекорачи Вашата земја, дедено ви е Вам уверување, дека не дошле како душмани, туку како Ваши пријатели со цврста волја, да ги остранат сите зла, кои Вашата татковина со години тешко ја притискале. Овие зборови, дадени Вам во оној сериозен момент, чесно е одржана. Нашат влада отсекогаш сериозно се трудела во мир и законитост внимателно да работи, а на Вашата татковина да иѝ донесе среќна иднина...''' <ref>Иван Божић, Сима Ћирковић, Милорад Екмечић, Владимир Дедијер, Историја Југославије, Просвета, Београд 1972. — скуп слика између страна 368-369. Чланак написан на основу факсимила објављене прокламације.</ref>}}

Кралството [[Србија]] од стратешки интереси имала територијални претензии кон оваа област. [[Србија]] извршила мобилизација и ја повикала [[Русија]] на помош, [[Австро-Унгарија]] се обратила кон [[Германија]]. Со тоа е создала првата криза која ја тресела [[Европа]] во почетокот на [[XX век]].

[[Русија]] била подготвена да влезе во војна, но под влијание на [[Франција]] се откажала од таквата намера. Во целата криза била вовлечена [[Бугарија]] и кнезот Фердинанд. На [[Австро-Унгарија]] ѝ бил потребен сојузник на [[Балкан]]от, кој би ја неутрализирал [[Србија]] во евентуална војна и [[Виена]] го избрала Фердинанд. Неколку дена пред самата анексија, во [[Виена]] биле водени тајни преговори меѓу [[Фердинанд I|Фердинанд]] и [[Франц Јосиф]]. Кнезот прифатил да биде австриски сојузник, под услов да се прогласи за цар и [[Бугарија]] да стане независна држава <ref>Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996.</ref>. Условите биле прифатени. По извршената анексија, Србија своите територијални апетити можела да ги задоволи само кон југ ([[Македонија]]) и југозапад ([[Албанија]]).

===Албанско национално движење===
Ред 118 ⟶ 119:
Собирот решил да ги раздолжи од своите органи оние кои не ја подржувале автономијата. По прочистувањето на своите редови Лигата прогласила ''Привремена влада'' на чело со [[Имер Призрени]] - претседател, а за потпретседател бил избран [[Шаип Спахиу]]. По формирањето на Привремената влада, биле формирани и редовни воени сили како и нова администрација во ослободените краишта.
[[Податотека:Shkup1912.jpg|300px|мини|десно|Албанските востаници во Скопје]]
Воените сили биле под команда на Сулејман Вокши. Во јануари 1881 г. силите воспоставиле контрола на Косово и на одделни региони од северозападниот дел на Македонија. Но, во април 1881 г. османлиските војски ги разбиле војските на привремената влада и извршиле невиден терор на Косово и во цела Албанија. Илјадници Албанци биле уапсени и казнети со тешка робија, меѓу нив и Абдул Фрашери, член на Привремената влада. [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] од 1908 година, повторно ги раздвижила [[Албанци|Албанците]]. На Балканот, Албанците поради изгубените привилегии кренале две поголеми востанија <ref>[http://www.escholarship.org/editions/view?docId=ft7n39p1dn&chunk.id=introduction&toc.depth=1&toc.id=introduction&brand=ucpress Arabs and Young Turks - Ottomanism, Arabism, and Islamism in the Ottoman Empire, 1908–1918, Hasan Kayalı, UNIVERSITY OF CALIFORNIA PRESS, Berkeley · Los Angeles · London, © 1997 The Regents of the University of California]</ref><ref name=autogenerated1>[http://www.zvrk.rs/Mskola/Istorija/srpskaistorija/balkanski%20ratovi/index.htm Vladimir Ćorović, Istorija Srpskog naroda, (1885-1941), Balkanski ratovi]</ref>. Првото востание било кренато во 1910 година, а второто во јануари 1912 година. Албанците особено биле незадоволни од: ''зголемување на даноците, обврзна воена служба и разоружување на цивилното албанско население'' <ref>[http://dedgjoluli.org/history1911uprising.php The Highland Uprising of 1911 - Romeo Gurakuqi, University of Shkodra "Luigj Gurakuqi" - Department of History, Phoenix Shkodra 2002]</ref>.

Првото поголемо востание кое било кренато во пролета 1910 година, било задушено од казнена младотурска експедиција предводена од Шефкет Торгут Паша. Првото востание било помогнато од [[Црна Гора]] и [[Бугарија]]. Второто востание започанло во јануари 1912 година, со пари и оружје помогнале [[Србија]] и [[Црна Гора]] <ref>[http://www.rastko.rs/cms/files/books/474e828f5a0ad СРБИЈА, ЦРНА ГОРА И КОСОВО – ПРЕГЛЕД 1878-1914]</ref>. Востанието било предводено од Општ вистанички комитет, а водачи на востанието биле [[Хасан Приштина]], [[Бајрам Цури]], [[Неџиб Драга]], [[Риза Бег Креизи]] и други. Најважните востанички барања биле: обединување на четирите вилаети (Косовскиот, Скадарскиот Јанискиот и Скопскиот) во еден Албански вилает<ref>[http://www.srpskaanalitika.com/arhiva-3-2008.html Intervju Dr. Slavenka Terzića]</ref> и Албанците да добијат поголеми политички права во однос на неалбанското христијанско население. Востанието ја принудило [[Османлиска империја|Османлиската империја]] да прифати спроведување на 12 од 14 барања на албанските востаници. Повторното деградација на христијанското население како граѓани од втор ред во [[Османлиска империја|Османлиската империја]], од страна на балканските држави било искористено како еден од поводите за започнување на Првата балканска војна.

== Дипломатски подотовки ==
{{панорама|Panorama of Saint Petersburg from Palace Bridge.jpg|1000px|Поглед на [[Нева]] во Санкт Петербург}}
{{quote|'''Од почетокот на влошувањето на кризата на Балканот следниве две точки јасно се истакнати на царското министерство: 1. Дека избувнувањето на војната на Балканот е готово неизбежно 2. Неопходно е да се стори сесè за мирот во регионот, треба истовремено да се преземат мерки за локализација на војната во случај на негово избивање. Дури кога ќе бидат постигнати овие две цели, можеме да очекуваме директен контакт со виенскиот кабинет... Ако и понатаму продолжиме со проценка на овие значајнио акции, прво мора да укажеме на декларацијата за неповредливост на територијалниот статус кво и друго, мора да бидеме свесни на следните фактори: Општо е познато дека оваа декларација била нераскинливо поврзана со уште еден фактор - дека и големите сили ќе преземат одговорност за успехот на реформите. А кој ги спречи во тоа? Балканските земји. Не, тие само спроведоа истражување за значењето на договорените гаранции. Всушност било сосема спротивно. Големите сили не барале од Турција таква декларација и Турција одговорила дека нема да дозволи странска интервенција и дека сама ќе ги спроведе потребните реформи. Така што второто прашање кое се однесува на декларацијата - спроведување на реформите од страна на големите сили - останало нерешено поради Турција, која не дозволувала странска интервенција. Ова, по нашето мислење, ја поништува декларацијата за неповредливост на територијалниот статус кво, ние нема да бидеме препрека на балканските земји по ова прашање. Ако се размислува на овој начин, прашањето за статусот кво не е за нас од пресудно значење, во случај на негово кршење треба да се истакне следното: 1. Недостаток одинтерес на големите сили за територијално ширење 2. Како компезација, принцип на рамнотежа помеѓу балканските земји заоснован врз договорите кои претходеле на нивниот сојуз...'''|''Сазонов, Сергеj Димитриевич''|''Циркуларно писмо до руските претставништва во странство''<ref>Balkanski rat ili Ruska narandžasta knjiga, str. 19.-21.</ref>}}

===Улогата на Русија===
Анексијата на [[Босна и Херцеговина]] од страна на [[Австро-Унгарија]] бил силен удар за Србија која со доаѓањето на [[Петар I Караѓорѓевиќ |Петар Караѓорѓевиќ]] на српскиот престол, ги прекинала блиските врски со [[Виена]]. Српските националисти, во претходниот период, се надевале дека [[Босна и Херцеговина]] ќе стане дел од српската држава. Меѓутоа со анексијата таквите желби сесè помалку имале реална основа. Настанала вистинска криза. Српските водачи се свртеле кон [[Руското царство]] за помош. Меѓутоа руската влада не била во можност да иѝ помогне на Србија и српските водачи биле принудени да го изменат првобитниот став кон анексијата и да дадат уверување дека Србија: ''ќе ја смени актуелната политика кон Австро-Унгарија и... од сега со неа ќе живее во добрососедски односи'' <ref>Barbara Jelavich, St. Petersburg and Moscow: Tsarist and Soviet Foreign Policy, 1814-1974, Bloomington: Indiana University Press, 1974, страна 266-265</ref>. Барбара Јелавич истакнува:

{{Цитат|'''Дури и посеризозен бил потикот на Русија им го дала на балканските држави за започнување преговори за создавање на меѓусебен сојуз. Руската цел била да се создаде фронт против Хабсбуршката Монархија, а не да испровоцира војна или крајна поделба на османлиските области во Европа. Сепак, со активна помош на дипломатски претставници, балканските влади потпишале серија документи, што, всушност, претставувале сојузи насочени против Османската империја...'''}}

[[Босанска криза|Босанската криза]] била понижувачка за Србија и Русија. Од тој момент, [[Руското царство]] ја менува својата позиција кон [[Виена]] и ја напушта политиката на соработка со [[Австро-Унгарија]]. Русија отогаш била подготвена да договара и да подржува политика на повторно отварање на т.н [[Источно прашање]]. Но, Русија имала за цел да создаде фронт против [[Австро - Унгарија]], а не да потикне војна или поделба на османлиските провинции на Балканот. Меѓутоа, со активна подршка на руската дипломатија, балканските држави потпишале серија на документи со кој всушност се создал [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]] против [[Османлиска империја|Османлиската империја]].

=== Балкански сојуз ===
Ред 136 ⟶ 138:
[[Податотека:Occupied territories in the Balkans, end of April 1913.png|350px|мини|десно|Територијалните придобивки на балканските држави по Првата балканска војна и линијата на разграничување според предвоениот таен договор меѓу Србија и Бугарија]]
Содавањето на еден Балкански сојуз бил дамнешна желба. Бугаринот [[Иван Вaзов]] истакнал:
{{Цитат|'''Балкански сојуз е два збора за кои од целото свое срце посакувам да добијат тело и крв, и што поскоро да станат стварност. А зошто сеуште не станале стварност. За тоа има многу причини: грешки од нашата историја (и српски и бугарски), и блиски и далечни, недостаток на зрели политички мисли меѓу оние кои управуваат со судбината или со нашите две држави, склоност кон судири и соперништво типично само за Словените. Како што се гледа, има многу препреки за реализација на оваа идеја. Треба да вооружи со храброст за меѓусебни остапки, ни треба храброст за меѓусебни остапки да ги заборавиме сите себични национални интереси и да мислиме само на едно: дека и бугарскиот и српскиот народ ќе бидат слободни, моќни само во братски марш напреди во цврст политички сојуз...''' <ref>Balkanski rat u slici i riječi, br. 6, 24. feb. (9. mart) 1913.</ref> }}

Обидите за создавање на сојуз помеѓу [[Бугарија]] и [[Србија]] започнале уште пред стивнувањето на [[Босанска криза|Босанската криза]], која била предизвикана од анексијата на [[Босна и Херцеговина]] од страна на [[Австро-Унгарија]] <ref>Стр. Димитров, стр. 300-304.</ref>. Преговорите се одолговлекувале три години (1909-1911) поради Македонија. [[Софија]] и [[Белград]] не можеле да се договорат околу поделбата на оваа османлиска провинција. [[Руското царство]] посредува во српско-бугарските преговори и обидот за постигнување на договор, меѓутоа руските дипломати одбиле да иѝ дадат на Бугарија гаранции во случај на романски напад <ref>Стателова, стр. 407-408, 410-413.</ref>. Меѓутоа, неколку околности ги забрзуваат преговорите и ја потикнуваат војната:

* Обидите на бугарската дипломатија да издејствуват од [[Цариград]] прекин на прогонството врз македонското егзархиско население, пропаднале <ref>Стателова, стр. 409-410, 422-423.</ref>.

* Неуспешните обиди на бугарската дипломатија биле повод за [[Обиди за возобновување и реосновање на ВМОРО|ВМРО]] да започне борба против Младотурската власт преку терористички методи со извршување на т.н [[Магарешки атентати]]. Со атентатите и со очекуваните последици од нив се сакало да се вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците.

* Во септември 1911 година избувнува [[Турско-италијанска војна|Турско-италијанската војна]]. Конфликтот го одвлекол вниманието и силите на [[Отоманската империја]] од [[Балканот]] за заштита на својата провинција [[Либија]]. Релативно брзо по анексијата на Босна и Херцеговина уште една голема сила, овој пат [[Италија]], го прекршила принципот на ''статус кво'', односно зачувување на суверенитетот и интегритетот на Отоманската империја <ref>Стателова, стр. 423-424.</ref>.

* Во летото на 1912 година, албанските востаници ги освојуваат [[Косово]] и [[Скопје]]. Османлиската влада е принудена на отстапки кон албанските барањата за автономија. Можноста од албанска контрола врз Косово и Македонија, ги потикнува балканските сојузници да ги забрзаат воените подготовки и постигнување на меѓусебен договор<ref name="eld3-5">Елдъров, [http://www.vi-books.com/vis/vis6/vis6.4/vis6.4.pdf стр. 3-5]</ref><ref>Карнегиева анкета, [http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/glava1_3.html стр. 44]</ref>.

На [[29 февруари (настани)|29 февруари]] 1912 година Бугарија и Србија го склучуваат [[Српско-бугарски договор]], кои во следните месеци бил зацврстен со [[Воена конвенција кон српско-бугарската спогодба|Бугарско-српска воена конвенција]] потпишан помеѓу генерал штабовите на двете држави. Одделно од Србите, владата на [[Иван Гешов]] влегла во преговори со [[Грција]], кои резултираат со [[Бугарско-грчки договор|Бугарско-грчкиот договор]] од [[16 мај (настани)|16 мај]]. Неколку дена пред почетокот на воените дејствија [[Софија]] и [[Атина]] договараат и меѓусебна воена конвенција. Во меѓувреме, во август, е постигнат Бугарско-црногорски договор <ref>Стателова, стр. 434-438, 442-443.</ref>.

Кон крајот на летото на 1912 година се направени последните обиди за спречување на вооружениот конфликт. На [[25 септември (настани)|25 септември]], кога мобилизацијата на војските на балканските земји веќе е во тек, [[Австро-Унгарија]] и [[Руско царство|Русија]] издаваат декларација во која ги предупредуваат дека нема да дозволат промена на границите на Балканот, и ветуваат дека ќе ги обноват напорите за реформи во Македонија. Следниот ден црногорската војска ја напаѓа Скадарската тврдина. На [[30 септември (настани)|30 септември]], Бугарија испраќа нота од името на балканските сојузници во која ја повикува османлиската влада да обезбеди во рок од шест месеци автономија на етничките малцинства во империјата. Како одговор на ова барање, Цариград им објавил војна на сојузниците на [[4 октомври (настани)|4 октомври]] <ref name="karneg46">Карнегиева анкета, [http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/glava1_3.html стр. 45-46]</ref><ref>Георгиев, Трифонов, стр. 20-21.</ref>. Бугарија и Грција на [[5 октомври (настани)|5 октомври]] и објавиле војна на империјат, а Србија два дена подоцна <ref> ЕБ, т. I, стр. 188-189.</ref>

== Воени подготовки ==
{{панорама|NSRW Balkans15.jpg|900px|Османлиски војници}}
{{quote|'''Балканските држави сигурно не тргнуваат во војна за да добијат нешто од ветувањата за реформи во Турција, туку со надеж дека ќе добијат политичка полна автономија за христијанските провинции или барем донекаде територијално да се прошираат... Конечниот успех на балканските држави ќе зависи секако од нивната воена подготвеност и во пронаоѓањето на заеднички интереси. Ако тој сојуз е создаден на солидни темели успехот ќе му биде сигурен, а ќе може да се спротистави како една целина, како една власт, на сите обиди однадвор. '''|''Обзор, згребски дневен лист''|10. октомври 1912 <ref>„Обзор“, који је излазио измеѓу 1860.
и 1941, био један од најчитанијих
дневних листова у Загребу. Кад су избили
балкански ратови, уредник је био Славко
Водварка.</ref>}}

===Демографски и економски потенцијал. Односот на силите===
Балканските сојузници биле мали држави, кои финансиски зависеле од големите европски земји ([[Франција]], [[Германија]], [[Австро-Унгарија]]), со аграрна економија (со исклучок на Грција, која била ориентирана исклучиво кон надворешната трговија) и неразвиена индустрија, неспособна да издржи долготрајна војна. Последното особено било видливо за време на војната, кога бугарската и другите сојузнички армии немаат доволно облека, муниција и сл. <ref>Балканската война 1912-1913 (ДВИ 1961), стр. 67-72.</ref>. Османлиската империја има слични економски и финансиски слабости. Империјата по бројот на населението и површината на територијатабилае надмоќна во однос на балканските држави, меѓутоа таа предност била кородирала од слабата администрација, националните судири, слабата економија и недоразвитата транспортна мрежа <ref>Балканската война 1912-1913 (ДВИ 1961), стр. 73-74.</ref>.

==== Зголемување на балканското население 1878-1912 ====
{| style="text-align:center;" class="wikitable"
Ред 194 ⟶ 198:
|align=left|1910|| ||4.338 || 2.912||

|align=left|1912||7.235 <ref>Jackson-Lampe, str. 166.</ref>|| || ||

Ред 215 ⟶ 219:
|'''1910''' ||583 || 525 ||+58 ||81 ||198 ||-17 ||126 ||128 ||-2 ||175 ||141 ||+34
|- align=right
|'''1911''' ||644 ||533 ||+111 ||199||181||+18 ||140||125 ||+15 ||240 ||181 ||+59 <ref>Jackson-Lampe, strp. 234.</ref>

Ред 246 ⟶ 250:
|image3 =Barbaroshayreddin.jpg| caption3 =Барбароса Хајредин

| image4 = | caption4 =

Во моментот, кога балканските сојузници ги мобилизирале своите војници, дел од османлиските сили веќе биле мобилизирани за војната против [[Италија]]. На 10 и 12 септември, османлиската власт извршила делумна мобилизација во своите европски провинции: Тракија, Македонија, Косово и Албанија, а на 18 септември е прогласена општа мобилизација <ref>ВБТ, т. I, стр. 312-313.</ref>.

На 5 октомври, кога Бугарија и Грција извршиле напад врз Османлиската империја, во [[Лозана]] бил склучен мировен договор со [[Италија]] <ref>Encyclopedia Britannica: [http://www.britannica.com/EBchecked/topic/297469/Italo-Turkish-War ''Italo-Turkish War 1911-1912'']</ref>, со што османлиските власти можеле да се вокусираатфокусираат на [[Балканот]]. Пред почетокот на Првата балканска војна, османлиските власти се соочувале со голем број на проблеми и војната со Италија, а воениот судир со четирите балкански држави за многумина во империјата бил неочекуван. Изет Фуад паша истакнува:

{{Цитат|'''Никој од нашето окружување не веруваше дека ќе има војна со Бугарија, а уште помалку со останатите четири балкански државаи. Сите и секаде говореа: „Тоa е блеф.“ Сепак, веќе долго ( б.н време) беше очигледно дека овие мали земји, заедно со Русија и Австрија, не смеат да ни дадат време да еден ден да станеме особено моќни. Ако режимот на Абдул Хамид опстанеше, до војна немаше ни да дојде бидејќи политичарите на тие мали и големи сили добро знаеа дека тој режим мошне брзо ќе доведеше до резултатите за кои тие сонуваа...'''}}

Османлиската врховна комада сакала да мобилизира 750 000 луѓе. Меѓутоа, поради лошата организација и проблемите во транспортот (недостиг на персонал во железницата и на товарни животни), мобилизацијата и концентрацијата на воените сили се одвивале бавно во споредба со балканските држави <ref name="erick80">Erickson, стр. 78-84.</ref>. До почетокот на воените дејствија, османската власт и команда успеале да соберат 430 000 војници со 930 топови <ref>История на Българите: Военна история, том V, стр. 417.</ref>, а според други извори - само 300 000 војници <ref>Большая советская энциклопедия: [http://web.archive.org/web/20050514201151/http://www.cultinfo.ru/fulltext/1/001/008/092/584.htm ''Балканские войны 1912-1913'']</ref>. Во текот на воените дејствија, османските сили се искачиле на 570 000 војници и 4 000 топови <ref name="въчков-93"/>. Османлискиот план за војна против балканските сојузници предвидувал:

: ''1) концентрација на главните сили на север против Бугарите и Србите во Тракија и Македонија''; и

: ''2) одбранбени операции против Грција и Црна Гора, за кои биле одвоени послаби воени сили.''

Против бугарските сили во [[Тракија (појаснување)|Тракија]], требало да настапи '''Источната армија''' на чело со Абдула Паша. До 4 октомври оваа армија одвај броела 120 000 војници, наместо предвидените 320 000 војници според предвидениот план <ref>ВБТ, т. I, стр. 505-506.</ref>. Во оваа армија влегувале нецелосните сили на I, II, III, IV и XVII корпус, војници од ''Одринскиот утврден регион'' (шест дивизии и дополнителни сили), ''Самостојната коњаничка дивизија'' и ''Крџалискиот одред''.

Според османлискиот план, до завршувањето на концентрирањето на Источната армија северозападно од [[Виза]], Одринската тврдина требало да ја заштити оваа османлиска армија од бугарските сили. Крџалискиот одред кои се состоел од две дивизии и еден полк, ја зазел реката Арда и требало да ги пресече бугарските сили од пристапот кон [[Егејското Море]] и на тој начин да ги заштити комуникациите помеѓу [[Цариград]] и [[Македонија]]. Османлискиот план за воени дејствија предвидувал опколување и странични напади врз бугарските сили меѓу Тунџели и Странџа <ref name="erick80"/>.
[[Податотека:Ali Riza Pasha.jpg|150px|мини|лево|Али Риза Паша.]]
Планот предвидувал доколку османлиските сили успешно се пресметаат со бугарските војски, да се преземе офанзива врз Царството Бугарија по дватат брега на реката [[Марица]], освојување на Хасково и Трново ссСејменсо Сејмен (Симеоновград), како и потиснување на бугарската армија кон север во правец на [[Стара Планина]] <ref>ВБТ, т. I, стр. 428-429.</ref>. Меѓутоа, османлискиот план не го предвидел настапувањето на Третата бугарска армија во правец на [[Лозенград]] <ref name="erick80"/>.

Против српско-бугарската офанзива во Македонија била сконцентрирана '''Вардарската армија''' на чело со [[Зеки Паша]], кој сметал дека главниот српски напад ќе биде извршен во правец на [[Врање]]. Отука, Зеки Паша ги собрал своите главни сили (V, VI и VII корпсус - вкупно околу 58 000 луѓе) за против напад во реонот [[Штип]] и [[Куманово]]. '''Струмскиот корпус''' во јачина од 28 .000 војници .<ref name="vbt1-511">ВБТ, т. I, стр. 511.</ref>, трбало да изврши помошен напад во Кресненската клисура против Втората сојузничка армија и на тој начин д аго обезбеди десното османлиско крило во борбите околу [[Куманово]] и [[Врање]] .<ref>Erickson, стр. 173; .</ref><ref>Hall, стр. 47-48.</ref>.

Против грчките сили требало да се спротистависпротивстави '''Јанискиот корпус''' во јачина од 22 000 војници под команда на Еасат Паша кој имал задача да ги одбрани Епир и Јужна Албанија. VIII корпус во јачина од 29 000 војници и под команда на Хасан Тахсин Паша го преградил преминот помеѓу [[Тесалија]] и [[Солун]] <ref>Erickson, стр. 214-216.</ref> . Во Северна Албанија во борбите против црногорските сили и одбраната на Скадар биле сконцентрирани 25 000 војници <ref name="vbt1-511"/>. Сите османлиски сили западно од реката [[Места]] ја формирале '''Западната армија''' под команда на [[Али Риза Паша]] <ref>Erickson, стр. 163-164.</ref>.

За да се спротиставатаспротивстават на грчката поморска надмоќност, османлиските власти се обиделе да ги купат модерните германски оклопни крстосувачи ''Блухер'' и ''Молотке''. Меѓутоа, османлиските власти не можеле да си ја дозволата нивната висока цена и затоа се задоволиле со двата стари воени брод од класата ''Брандербург'', а двата брода биле именувани како ''Барбароса Хајредин'' и ''Тургут Реис''. Овие два брода и крстосувачите ''Хамидиие'' и ''Мисидије'' го сочинувале јадрото на Османлиската флота <ref>Erickson (2003), p. 131.</ref> до летото 1912 година, меѓутоа се наоѓале во тешка механичка состоја. Флотата имала задача да ги обезбеди османлиските комуникации во Црното, Мраморното и Егејското Море. Во почетокот на војната Отоманската империја имала десет авиони. Два од нив се наоѓале во близината на [[Солун]], а другите осум биле стационирани во [[Сан Стефано]] <ref name="turav">Жирохов, М. [http://www.airwar.ru/history/av1ww/turk/turk.html ''Турецкая авиация в Первой Балканской войне''] (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)</ref>.

=== Мобилизција и планови на Балканскиот сојуз ===
Балканскиот сојуз мобилизација на своите војници објавил на 17-18 септември <ref name="EB1-188-189">ЕБ, т. I, стр. 188-189.</ref>. Четирите балкански држави на оружје кренеале 1,2 милиони луѓе со околу 2000 топа <ref name="въчков-93">Въчков, стр. 93.</ref>. За вкупниот број на активни војници и офицери постојат повеќе разлини бројки од 632 000 <ref>Рябинин, [http://militera.lib.ru/h/ryabinin_aa/02.html стр. 147]</ref> до 750 000 <ref>Encyclopaedia Britannica: [http://www.britannica.com/EBchecked/topic/50300/Balkan-Wars ''Balkan Wars''] (21.04.2009)</ref>. Меѓутоа балканските држави имале проблем со транспортот на луѓе и опрема. Бугарскиот генерал [[Иван Фичев]] истакнува:

{{Цитат|'''Неодамнешното истражување покажа дека нашата (б.н бугарската) железница нема да биде во состојба да одговори на војните потреби во случај на војна. Значи, нашите оперативни проекти тешко би можеле да се задоволат кога се земаат во предвит потребите за превозот за време на мобилизацијата и концентрацијата на војската на теренот. Поради краткото постоење на бугарското кралство, железницата не можела да го постигне својот полн развој и на тој начин да стане доверливо средство во одбраната на државата. Две теретни железнички пруги кои поминувале низ северена Бугарија и јужна Бугарија и трансбалканската пруга - Горна Ораховица, Трново, Стара Загора, станаа најважните пруги за воент транспорт во време на мобилизацијата. Технички гледано, нашите железнички пруги, кои биле градени исклучиво за потребите на трговијата, имаа многу недостатоци: остар нагиб, мал радиус, мал број на станици, нема платформи за утовар на војните возови, незадоволувачки залихи на вода во најголемиот дел од железничките станици и многу мал број на скретници...'''<ref> Вълков, Г., Генерал Иван Фичев. Избрани произведения, София, 1988, Военно издателство</ref>.}}

Прeдвоените договори на Бугарија, Србија и Грција предвидувале конкретни аранжмани за координација на активностите сојузниците, меѓутоа тие немале заеднички план за борбените операции, а секоја страна дејствува во зависност од потребите. Распределбата на балканските сили против империјата не била избалансирана и отука главниот товар против Турција паднал врз грбот на бугарската армија во [[Источна Тракија]]. Србите и Грците се насочиле своите војници во Западниот оперативен театар, кој поради оддалеченоста од центарот на османлиската држава е второстепен од воена гледна точка, но има огромно политичко значење, бидејќи од развојот на воените дејствија зависело кој ќе владее [[Македонија]] <ref>Криворов, [http://www.vi-books.com/vis/vis6/vis6.4/vis6.4.pdf стр. 15-16]</ref>.

==== Бугарија ====
[[Податотека:Flag of Bulgaria.svg|350px|мини|Знамето на Царството Бугарија]]
Бугарската армија била мобилизирана во втората половина на септември и броела околу 600 .000 војници со 1 .116 топови <ref>Крапчански, стр. 161</ref>. Редoвните активните сили се состоеле од 336 000 војници и офицери, а останатите биле распоредени во волонтерски, гранични и други делови <ref>ВБТ, т. I, стр. 308-309.</ref><ref>Георгиев, Трифонов, стр. 39-41.</ref>. Од редовите на [[Македонска емиграција во Бугарија|македонската емиграција]], [[Обиди за возобновување и реосновање на ВМОРО|македонското револуционерно движење]] и бегалците од [[Османлиска империја|Османлиската империја]] кои не биле прифатени во редовната војска, било формирано [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското доброволство]] во јачина од 14 .670 души .<ref>Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи, том III, стр. 269-273.</ref>. Во периодот помеѓу 4-8 октомври <ref name="IBD-II-53">Георгиев, Трифонов, стр. 53.</ref> биле формирани три главни бугарски армии:

* '''Прва армија''' - 67 000 војници под команда на пешадискиот генерал Васил Кутинчев - распоредена на двата брега на реката Тунџели во реонот на Казалагач, а Штабот бил сместен во [[Јамбол]]. Во нејзиниот состав влегувале три пешадиски дивизии: 1-ва под команда на генерал-мајор Стефан Тошев, 3-та (генерал-мајор Иван Сарафов) и 10-та (генерал-мајор Стојо Брадистилов) <ref name="EB1-188-189"/><ref name="vbt-II-10-11">ВБТ, т. II, стр. 10-11.</ref> .

* '''Втора армија''', командант генерал-полковник Никола Иванов, во состав две пешадиски дивизии (8-ма, на чело со генерал-мајор Димитар Кирков, и 9-та на генерал-мајор Радој Сираков) Хасковскиот одред и Коњаничката зборна бригада, распоредени во реонот на [[Трново]] Сејмен-Харманли <ref name="EB1-188-189"/><ref name="vbt-II-10-11">ВБТ, т. II, стр. 10-11.</ref>.

* '''Трета армија''' - над 83 000 војници, под команда на генерал-полковник Радко Димитриев - распоредена источно од [[Јамбол]], со седиште во Стралџа. Во нејзиниот состав влегувале три пешадиски дивизии: 4-та под команда на генерал-мајор [[Климент Бојаџиев]], 5-та (генерал-мајор Павел Христов) и 6-та (генерал-мајор Православ Танев) <ref name="EB1-188-189"/><ref name="vbt-II-10-11"/>.
[[Податотека:Ivan Fichev.jpg|150px|мини|лево|Иван Фичев]][[Податотека:Щабът на бг армия -big.jpg|350px|мини|десно|Високиот воен совет на Бугарската армија во 1910 година.
Седат во првиот ред од лево кон десно: ген. Волк Велчев, ген. Георги Агура, ген. Никола Иванов, ген. Данаил Николаев, ген.Васил Кутинчев, ген.Радко Димитриев, ген. Павел Христов; во вториот ред: ген.Иван Фичев, полк Георги Тодоров, ген. Вичо Диков, ген. Стилиjaн Ковачев, ген. Кирил Ботjов, полк Петар Марков, ген. Стефан Тошев, ген. Атанас Назлaмов; во третиот ред: полк Пантелеj Cenov, ген.Иван Сарафов, ген. Илија Димитриев, ген. Радован Сираков и полк Симеон Jaнков]]
Конечниот план за бугарското офанзива во [[Одринска Тракија|Тракија]] предвидувал нанасеување на главниот удар со 1-та и 3-та армија во просторот меѓу [[Одрин]] и [[Лозенград]] со општо напредување кон [[Цариград]]. Бугарската команда сметала дека ќе постигне успех преку елементот на изненадување. Затоа армијата на Кутинчев е рапоредена напред, на еден премин на бугарско-турската граница, а војниците на Димитриев биле сместени зад позициите на Самостојната коњаничка дивизија на генералот Атанас Назламов. ''Втора армија'' имала задача да го опколи [[Едрене]] и со помош на Хасковскиот одред да удри кон Крџали. Општиот фрон кој требало да го покриваат трите бугарски армии бил со широчина ос 120 километри <ref name="EB1-188-189"/><ref>Криворов, [http://www.vi-books.com/vis/vis6/vis6.4/vis6.4.pdf стр. 12-13]</ref>.

Седат во првиот ред од лево кон десно: ген. Волк Велчев, ген. Георги Агура, ген. Никола Иванов, ген. Данаил Николаев, ген.Васил Кутинчев, ген.Радко Димитриев, ген. Павел Христов; во вториот ред: ген.Иван Фичев, полк Георги Тодоров, ген. Вичо Диков, ген. Стилиjaн Ковачев, ген. Кирил Ботjов, полк Петар Марков, ген. Стефан Тошев, ген. Атанас Назлaмов; во третиот ред: полк Пантелеj Cenov, ген.Иван Сарафов, ген. Илија Димитриев, ген. Радован Сираков и полк. Симеон Jaнков]].
За офанзивата во Западните Родопи и Пиринскиот крај бугарската команда подготвила една целосна дивизија и други делови. Родопскиот одред под команда на генерал Стилијан Ковачева, во јачина од 23 000 војници во сосотав на 2-а пешадиска дивизија, бил фокусиран врз турските сили во Тамрашкиот клин и долината на Места. Седмата рилска пешадиска дивизија во јачина од 37 000 војници под команда на генерал Георги Тодоров, кај [[Дупница]] и [[Ќустендил]] челкала наредба за офанзива по текот на долината на [[Струма]] во правец кон [[Солун]] <ref>Крапчански, стр. 181-182</ref><ref>ЕБ, т. V, стр. 806</ref><ref name="EB1-188-189"/>.

Конечниот план за бугарското офанзива во [[Одринска Тракија|Тракија]] предвидувал нанасеување на главниот удар со 1-та и 3-та армија во просторот меѓу [[Одрин]] и [[Лозенград]] со општо напредување кон [[Цариград]]. Бугарската команда сметала дека ќе постигне успех преку елементот на изненадување. Затоа армијата на Кутинчев е рапоредена напред, на еден премин на бугарско-турската граница, а војниците на Димитриев биле сместени зад позициите на Самостојната коњаничка дивизија на генералот Атанас Назламов. ''Втора армија'' имала задача да го опколи [[Едрене]] и со помош на Хасковскиот одред да удри кон Крџали. Општиот фрон кој требало да го покриваат трите бугарски армии бил со широчина ос 120 километри <ref name="EB1-188-189"/><ref>Криворов, [http://www.vi-books.com/vis/vis6/vis6.4/vis6.4.pdf стр. 12-13]</ref>.
Од [[22 септември (настани)|22 септември]], Бугарскиот генералштаб во соработка со Штабот на македонско-одринските доброволни чети започнал со префрлање на чети на османлиска територија, главно на просторот Македонија, со задача да извршуваат диверзански акции и прибирање на информации за местоположбата, бројот и составот на османлиските сили. Бројот на четите се искачил на 59. На територијата на Македонија веќе дејствувале неколку десетици чети на [[Обиди за возобновување и реосновање на ВМОРО|ВМРО]], а вкупниот број на четниците се искачил на 3 000 души <ref>Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи, том III, стр. 274-277</ref>. Во октомври 1912 година бугарската борбен флота располага со наставниот команден брод "Надеж" (тип "Авизо" 717 т) и шест лесни торпедоносеци "Дрзки", "Смели", "Летечки", "Шумни", "Храбри" и "Строги" (97.5 т) - сите од француско производство <ref name="bvnamore">Балканская война на море, стр. 5-7</ref> <ref name="gkhamidie">Георги Купов, Торпилирането на крайцера "Хамидие", стр. 6-7</ref>. Главните бугарски пристаништа [[Варна]] и [[Бургас]] биле заштитени со подводни мини.

За офанзивата во Западните Родопи и Пиринскиот крај бугарската команда подготвила една целосна дивизија и други делови. Родопскиот одред под команда на генерал Стилијан Ковачева, во јачина од 23 000 војници во сосотав на 2-а пешадиска дивизија, бил фокусиран врз турските сили во Тамрашкиот клин и долината на Места. Седмата рилска пешадиска дивизија во јачина од 37 000 војници под команда на генерал Георги Тодоров, кај [[Дупница]] и [[Ќустендил]] челкала наредба за офанзива по текот на долината на [[Струма]] во правец кон [[Солун]] <ref>Крапчански, стр. 181-182.</ref><ref>ЕБ, т. V, стр. 806.</ref><ref name="EB1-188-189"/>.
При објавувањето на мобилизацијата на [[17 септември (настани)|17 септември]] 1912 година бугарската војска располага само со два воздушни балони ("Софија 1" и "Годар") и еден авион ("Блерио XI") <ref>Миланов, стр. 23, 24</ref>. [42] Во текот на војната бројот на авионите во бугарската армија достигнува 29 <ref name="bulav">Жирохов, М. [http://www.airwar.ru/history/av1ww/bulgar/bulgar.html ''Болгарская авиация в Первой Балканской войне''] (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)</ref> . Врховен командант на бугарската армија бил бугарскиот цар [[Фердинанд I|Фердинанд]], но реално со целата бугарска армија командувале помошник-командантот генерал [[Михаил Савов]] и на началникот на Генералштабот генерал [[Иван Фичев]], кои се наоѓаале во [[Стара Загора]] <ref name="sazdlalk279">Саздов, Лалков, стр. 279</ref>.

Од [[22 септември (настани)|22 септември]], Бугарскиот генералштаб во соработка со Штабот на македонско-одринските доброволни чети започнал со префрлање на чети на османлиска територија, главно на просторот Македонија, со задача да извршуваат диверзански акции и прибирање на информации за местоположбата, бројот и составот на османлиските сили. Бројот на четите се искачил на 59. На територијата на Македонија веќе дејствувале неколку десетици чети на [[Обиди за возобновување и реосновање на ВМОРО|ВМРО]], а вкупниот број на четниците се искачил на 3 000 души <ref>Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи, том III, стр. 274-277.</ref>. Во октомври 1912 година бугарската борбен флота располага со наставниот команден брод "Надеж" (тип "Авизо" 717 т) и шест лесни торпедоносеци "Дрзки", "Смели", "Летечки", "Шумни", "Храбри" и "Строги" (97.5 т) - сите од француско производство <ref name="bvnamore">Балканская война на море, стр. 5-7.</ref> <ref name="gkhamidie">Георги Купов, Торпилирането на крайцера "Хамидие", стр. 6-7.</ref>. Главните бугарски пристаништа [[Варна]] и [[Бургас]] биле заштитени со подводни мини.

При објавувањето на мобилизацијата на [[17 септември (настани)|17 септември]] 1912 година бугарската војска располага само со два воздушни балони ("Софија 1" и "Годар") и еден авион ("Блерио XI") <ref>Миланов, стр. 23, 24.</ref>. [42] Во текот на војната бројот на авионите во бугарската армија достигнува 29 <ref name="bulav">Жирохов, М. [http://www.airwar.ru/history/av1ww/bulgar/bulgar.html ''Болгарская авиация в Первой Балканской войне''] (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)</ref> . Врховен командант на бугарската армија бил бугарскиот цар [[Фердинанд I|Фердинанд]], но реално со целата бугарска армија командувале помошник-командантот генерал [[Михаил Савов]] и на началникот на Генералштабот генерал [[Иван Фичев]], кои се наоѓаале во [[Стара Загора]] <ref name="sazdlalk279">Саздов, Лалков, стр. 279.</ref>.

==== Србија ====
[[Податотека:P Bojovic.jpg|150px|мини|лево|Петар Бојовиќ]]
[[Податотека:State Flag of Serbia (1882-1918).svg|350px|мини|Знамето на Кралството Србија]]
Пред самиот почеток на војната, во престолнината на [[Србија]] преовладувала општа воена атмосфера меѓу обичните граѓани и речиси сите ја посакувале војната. Србите биле заморени од неуспешните војни кои ги воделе во последните 50 години. Весникот ''Хрватско движење'' објавува: {{Цитат|'''Вчера се пренесе низ градот неповолна вест. „Мириса на мир!“ Говореа Белграѓаните, засолнувајќи го својот нос со марамче. Ако на Србинот му дадете да бира: мир или колера? - тој со своите две раце би ја зграбил колерата... Кога ќе започне војната? Сите прашуваат; тоа го знаат само ладниот ветер кои пири од македонската страна и министерските столови, кои долго во ноќта се осветлени од електричното светло, но никои од овие не сака да проговори...''' <ref>Hrvatski pokret, 9-31 oktobar 1912.</ref>}}.

Српската држава мобилизира околу 366 000 луѓе со 544 топови, од кои околу 190 000 души биле во активната војска. Од овие сили биле формирани три армии и два самостојни одреда:

* '''Прва српска армија''' - била сконцентрирана околу [[Врање]] (наијужниот регион на тогашна Србија, најблиску до Македонија). Таа е најсилната српска воена групација со приближно 90 000 борци. Тие формираале пет пешадиски дивизии (I Моравска, I Дунавска, I Дринска, II Дунавската и II Тимошка) и една коњаничка дивизија <ref name="vbt1-420">ВБТ, т. I, стр. 420-421, 500-501.</ref>. Главен командант бил српскиот престолонаследникот [[Александар I Караѓорѓевиќ|Александар Караѓорѓевиќ]], меѓутоа клучна улога имале генералите [[Петар Бојовиќ]] и [[Радомир Путник]].

* '''Втора сојузничка армија''' - составена од една српска (I Тимошка) и една бугарска (7-та Рилска) дивизија со вкупна јачина од 50 000 борци под команда на српскиот генерал [[Степа Степановиќ]]. Оваа армија била распоредена на територијата на Бугарија, во реонот помеѓу на [[Дупница]] и [[Ќустендил]] <ref name="vbt1-420"/>.

* '''Трета српска армија''' - под команда на српскиот генерал [[Божидар Јанковиќ]] и во состав од три дивизии (I Шумадиска, I Моравска, II Дринска) и една бригада (со вкупно 60 000 војници). Оваа армија била распоредена во реонот помеѓу [[Куршумлија]] и [[Медвеѓе]] <ref name="vbt1-420"/>.

* '''Ибарски одред''' - составен од I Шумадиска дивизија и други сили во вкупна јачина од 12 .000 војници. Одредот бил распореден во околината на [[Кралево]] и требало да дејствува во правец кон [[Нови Пазар]] и [[Косовска Митровица]] <ref name="vbt1-420"/>.

* '''Јаворски одред''' - состевен од една самостојна бригада со јачина од околу 8 000 војници. Одредот зазел уште позападни позиции, кон [[Пожега]] <ref name="vbt1-420"/>.
[[Податотека:Radomir Putnik (Serbia; her people, history and aspirations, 1915).jpg|150px|мини|лево|Радомир Путник]]
[[Податотека:Serb.artillerylate19th..jpg|350п|мини|Српска артилерија]]
Српскиот врховнен командант [[Александар I Караѓорѓевиќ]], во консултации генералите [[Радомир Путник]] и [[Петар Бојовиќ]], при распоредувањето на српските сили тргнал од претпоставката дека Османлиите во почетокот ќе применат пасивна одбрана на своите албански и македонски територии, било оценето дека најдобрата одбранбена линија се протегала на потегот [[Врање]]-[[Куманово]]-[[Штип]], според српскиот план за дејствување кон оваа одбранбена линија требало да тргне ''Првата српска армија''. ''Втората сојузничка армија'' имала задача да ја обиколи оваа линија од запад преку [[Крива Паланка]] и [[Кочани]], a ''Трета српска армија'' требала да дејствува на североисток кон [[Приштина]] и [[Скопје]]. ''Ибарскиот одред'' требало да навлезе во [[Косово]], додека пак ''Јаворски одред'' требало да остане на својата позиција и да дејствува во случај ако [[Австро-Унгарија]] се вмеша во војната, подцна овој одред се вклучолвклучил во воените операции на територијата на [[Новопазарски санџак|Новопазарскиот санџак]] .<ref name="vbt1-420"/><ref>Криворов, [http://www.vi-books.com/vis/vis6/vis6.4/vis6.4.pdf стр. 13-14]</ref>.

Српската воена авијација се состоела од само четири авиони кои своите воени дејствија ги започнале во последните денови на војната, при опсадата на [[Скадар]] <ref name="serbav">Жирохов, М. [http://www.airwar.ru/history/av1ww/serbia/serbia.html ''Сербская авиация в Первой Балканской войне''] (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)</ref>.

Пред официјалното влегување на [[Србија]] во војната повторно биле активирани силите на распуштениот [[Српски комитет на четничка акција]] чии чети долги години воделе борби со [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] во т.н [[Борба за Македонија]]. Две недели пред преминувањето на границата од страна на српската регуларна армија, на територијата на Македонија биле активни повеќе српски четнички сили. Четничките сили го запоседнале [[Козјак (планина)|Козјак]] и со паралата ослободување и проторување на Османлиите, успеале да ги покренат речиси сите козјачки села во борбата против [[Османлиската империја]]. Биле активирани повеќе познати војводи и четници, меѓу нив биле: [[Јован Грковиќ Гапон]], војводата [[Доксим Михаиловиќ]] од [[Галичник]], [[Спасе Павлов-Гарда]], [[Јован Довезенски]], [[Василие Трбиќ]], [[Јован Бабунски]], [[Јован Долгач]] и други.
Ред 324 ⟶ 330:
[[Податотека:Constantineiofgreece.jpg|150px|мини|лево|Грчкиот престолонаследник Константин]]
[[Податотека:Flag of Greece (1822-1978).svg|350px|мини|десно|Знаме на Кралството Грција]]

Грчката држава пред почетокот на војната имала на располагање 125 000 војници, а од овие копнени сили биле формирани две армии.

* '''Тесалиска армија''' (околу 100 000 борци на чело со грчкиот престолонаследник [[Константин I (крал на Грција)|Константин]]). Оваа воена групација била распоредена околу градот [[Лариса]], со задача - освојување на [[Солун]] преку јужна Македонија.

* '''Епирска армија''' (13 000 војници на чело со генералот Константинос Сапундзакис), со задача - офанзива во [[Епир]] и [[Албанија|јужна Албанија]] <ref>Erickson, стр. 216; Hall, стр. 59.</ref>. Двете воени групаци заедно имале околу 250 топa <ref name="въчков-93"/><ref name="IBTrud418">История на българите, том V: Военна история, стр. 418.</ref>.

Во последната фаза од војната, бројот на грчките војници се искачил на 215 .000 души <ref>Карнегиева анкета [http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/prilozhenie_Ib.htm стр. 366]</ref>. ''Тесалиската армија'' имала четири авиони. Во 1911-1912 година, грчката држава повторно ги активирала своите андартските чети кои се бореле против [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] во т.н [[Борба за Македонија]]. Кон крајот на август 1912 година во [[Македонија]] влегле андартските вооружени чети на [[Михаил Анагностакос]], [[Панајотис Пападзанетеас]], Александрос Занас и многу други. Нивната активност била насочена во околината на [[Солун]] и [[Халкидик]] <ref>[http://www.scribd.com/doc/49281820/The-Macedonian-Struggle-1903-1912-by-Basil-K-Gounaris The Macedonian Struggle1903-1912.Pavingthe Way fortheLiberation Basil K. Gounari]</ref>. Со формирањето на [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]] и почетокот на Првата балканска војна, андартските чети активно се вклучиле ја помагале офанзивата на сојузничките армии.

Меѓутоа, [[Грција]] била особено важен фактор на [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]], поради релативно моќната морнарица. [[Бугарско-грчка воена конвенција|Бугарско-грчката воена конвенција]] од [[22 септември (настани)|22 септември]] 1912 година предвидувала, грчката флота на чело со адмиралот [[Павлос Кунтуриотис]]) да го спречи прееминувањето на османлиските војници од [[Мала Азија]] на [[Балканот]] преку [[Егејското Море]] <ref>Фуракис, [http://www.vi-books.com/vis/vis6/vis6.4/vis6.4.pdf стр. 17-18]</ref>. Грчката флота била поделена на две воени групации и една помошна, односно разузунувачка:
[[Податотека:Averof Today2.jpg|350px|мини|десно|Грчкиот крстосувач -„Авероф“]]
* '''Егејска флота'''
Ред 341 ⟶ 346:
: ''Торпедни чамци'': 5 (11, 12, 14, 15, 16)
: ''Подморници'': 1 (Делфин)
: ''Хидроавиони'': 1 <ref name="grav">Жирохов, М. [http://www.airwar.ru/history/av1ww/greece/greece.html ''Греческая авиация в Первой Балканской войне''] (от „Уголок неба. Авиационная енциклопедия“, 24.05.2009)</ref>
: ''Mинeри'': 1 (Марс)
* '''Јонска флота'''
Ред 353 ⟶ 358:

==== Црна Гора ====
Во почетокот на војната, [[Црна Гора]] имала 30 .000 војници и 140 топови <ref name="EB1-188-189"/>. Малку подоцна кон нив се приклучиле и околу 4 500 доброволци од [[Босна]], [[Херцеговина]] и други области на [[Австро-Унгарија]], населени со словенско население. Главната цел на црногорската армија е освојување [[Скадар]], со што би се обезбедила доминацијата на Црна Гора во северна [[Албанија]] <ref>Hall, стр. 55, 57.</ref>. [48] За таа цел се определени три девизии со јачина од 22 000 војници (од вкупно четири дивизии) кои требало да ја нападнат главната тврдина преку северниот и јужниот брег на [[Скадарско Езеро|Скадарското Езеро]]. Четвртата дивизија и една бригада требало да дејствуваат кон [[Новопазарски санџак|Новопазарскиот санџак]] кои територијално ги одвојувал Црна Гора и Србија. Главен командант бил црногорскиот крал [[Никола I Петровиќ]], меѓутоа вистинската команда се наоѓала во рацете на началникот на црногорскиот генералштаб - генералотгенерал Лазаровиќ <ref>ВБТ, т. I, стр. 422-423.</ref><ref name="krivor1415">Криворов, [http://www.vi-books.com/vis/vis6/vis6.4/vis6.4.pdf стр. 14-15]</ref>.

=== Воружување ===
Ред 366 ⟶ 371:
{{quote|'''На пети октомври беше одржана сеопшта молитва. Фердинанд ја прочита прокламацијата за објавувањето на војната, а Методије Кусевич, митрополит на Стара Загора, одржа говор. Се сеќавам на тие моменти како некој сон. Додека излегувавме од црквата, бевме длабоко погодени, но и понесени од воодушевувањето дека ќе победиме. Упорната борба за време на препородот која секогаш била хрбара и успешна - последниот пример е обединувањето на Источна Румелија и Кнежсетсвото Бугарија во 1885. - кое му донесе на бугарскиот народ огромна самодоверба, можам да кажам дури и нова вера во националниот оптимизам. Од друга страна, Шејново, Шипка и Сливница покажаа дека Бугарите останале неослабени и ја покажаа храброста по која нивните претци со векови биле познати. Пред себеси имавме силен непријател, меѓутоа ја потценивме неговата сила. Чудно, после пет векови под турски јарем, сега, откако владеевме со Турците во Бугрија само триесет и четири години, ги потценивме. Во Бугарија беше омилена приказната дека Турција е држава на умирање. Во печатот, султанот секогаш беше прикажуван како болен со повез околу окото. Во војската многу Бугари на вежбите во стрелање од пушка, пукаа во мета која имаше облик на кукла со фес на главата за да се уверат себеси дека султанот е донапред одредена жртва... '''|''Симеон Радев''|Тоа, што го видов}}

Географските карактеристики и воено стратешките одлуки на противниците довеле до формирање на неколку театри на воените дејствија во периметар меѓу [[Цариград]], [[Варна]], [[Скадар]] и [[Арта]] (на Јонско Море). Обидите на османлиската воена команда да се стекне со стратегиска иницијатива во првите денови на војната не успеала, поради иницијативата ја диктирале балканските сојузници. Бугарската армија својот главен удар го нанесува во [[Источна Тракија]]. Бугарските и османлиските сили имале помали судири во [[Родопи]]те и Западна Тракија. Грчката и бугарската војска започанле со свое настапување кон [[Солун]], односно од север, по течението на реката [[Струма]] и од југ преку долината на [[Бистрица]]. Овие операции се поддржани од грчката флота во [[Егејското Море]]. Главниот дел од српската армија навлегува во [[Македонија]], оној дел кој подоцна ќе биде познат како [[Вардарска Македонија]]. Заедно со Црногорците, српските сили ги освоиле [[Санџак]] и [[Косово]] и си пробиле пат низ северна [[Албанија]]. Во [[Епир]], грчките и османлиските сили се бореле за тврдината [[Јанина]].
=== Настапување на бугарските сили во Источна Тракија ===

=== Настапување на бугарските сили во Источна Тракија ===
Во [[Источна Тракија]], од почетокот на октомври па сесè до затишјето на воените дејствија во ноември, помеѓу бугарските и османлиските војници се воделе три големи борби. Во текот на Лозенградската операција, 9-10 октомври, Источната османлиска армија на чело со Абдула Паша од [[Одрин]] и [[Лозенград]] започанала да настапува во правец на север. Абдул Паша испратил проглас во кој истакнал:

{{Цитат|'''Браќа по оружје и земјаци, одлучивме да го поразиме непријателот кој гази по светата замја на нашата татковина. Утрешниот и задутрешниот ден ќе бидат најсветите деннови на Бајрам за секој муслиманин. Конечниот пораз на непријателите кои толку години ја вознемируваат нашата земја и нашиот народ, и не ги оставаат во мир нашите браќа кои во Бугарија, мора да се смета за света должност на секој муслиманин. Затоа секој офицер и секој братски војник треба да се бори до крај за спас на нашата татковина во која секоја стапка е натопена со крв нашите предсти. Спасот на нашата татковина и на нашиот народ ќе зависат од храброста и одлучноста која што вие ќе ја прикажете во следните два дена. Мој храбри и непоколебливи пријатели! Верувам дека желбата за освета која ја чуствувате во своите срца ќе биде гаранција дека ќе ја исполните својата должност... Напред, драги мои деца! Запамтете дека ве чека среќа на земјата и рај после смрта. Со нас е Алах како и мухамедовиот дух и молитвите на калифата земски - нашиот драг султан.''' <ref>В. Георгиев – Ст. Трифонов</ref>}}
[[Податотека:Radko Dimitriev 2.jpg|150px|мини|лево|Бугарскиот генерал Ратко Димитриев]]
[[Податотека:First Balkan war.png|350px|мини|десно|Основни правци на сојузничката офанзива]]
Но Источната османлиска армија не успеала да стигне до турско - бугарската границата кога Првата бугарска армија го одбила нападот и го блокира Одринскиот гранизон. Десното османлиско крило паднало под притисокот на Третата бугарска армија која извршила маневар кај [[Странџа]] и се нашла зад позициите на Источната османлиска армија. Главните борби се воделе кај селата Муратчал и Кајпа, Гечкинли, Селиолу, Ескиполос, Петра и Ериклер. Турските војнци почанле да ги напуштаат воените редови, а на 11 октомври, без борба бугарските сили ги окупирале [[Лозенград]] <ref name="peichev_224">Пейчев, стр. 224.</ref><ref>Атанасов, стр. 128.</ref><ref name="markov1.2">Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_1_2.html 1.2. Преломната изненада Лозенград]</ref>.

По освојувањето на Лозенград, бугарските сили не го продолжиле своето дејствување против непријателот кој се повлекувал. Оваа постапка им овозможила на османлиските сили да се реорганизираат и зад реката Караагач, која го попречувала патот кон [[Цариград]], да довлечкаат засилување. Новоформираната Прва источна армија ја зазела областа околу [[Лулебургаз]], а Втората источна армија се разместила во околината на [[Бунархисар]].
[[Податотека:Bulgarian light artillery - Balkan War.jpg|350px|мини|десно|Бугарска лесна артилерија]]
На 15 октомври, овие османлиски армии се судриле со Третата бугарска армија, која подоцна била подржана од Првата бугарска армија. Борбата продолќила во следните шест дена со променлив успех од двете страни. Од двете страни имало повеќе од 40 000 загинати и ранети војници. Под команда на бугарскиот генерал Ратко Димитриев, бугарските сили постигнале решавачки успех со пробивот на центарот на османлиската одбрана <ref name="sazdlalk279"/><ref name="markov1.3">Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_1_3.html 1.3. Битката между Бунархисар и Люлебургаз пречупва статуквото]</ref>.

И по овој успех, бугарските сили повторно не започнале со гонење на Османлиите. На 24 октомври, Првата и Третата бугарска армија ја обновиле офанзивата во правец на [[Цариград]]. Два дена порано, новата османлиска влада на чело со Ќамил Паша побарала од Франција и Русија молба за посредување на примирје со Бугарија, но [[Фердинанд I]] го игнорирал османлискиот предлог, како и руското предупредување да не се напаѓа престолнината на [[Османлиска империја|Османлиската империја]] .<ref>Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_1_5a.html 1.5. Високата порта моли за милост]</ref>. На 4 и 5 ноември, бугарските војски ја нападнале Чаталџанската утврдена позиција која се протегала од Црното и [[Мраморното Море]] на 40 километри западно од Цариград. Бугарската иницијатива пропаднала, а од бугарска страна загинале 12 000 војници <ref name="mark21">Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_2_1.html 2.1. Бугарска иницијатива]</ref>.

Во меѓувреме, на 9 и 18 октомври, бугарските сили кај [[Одрин]] ги одбиле двата обида на Османлискиот гарнизон. До средината на ноември, Втората бугарска армија целосно ја блокирала тврдината. Опсадата на Одрин траела следните четири месеци <ref>ЕБ, т. IV, стр. 695.</ref>. Успешната офанзива на бугарските сили во Тракија ја принудила османлиската воена команда да ги задржи засилувањата, кои првенствено требало да се испратаиспратат против српските и грчките сили, за одбрана на Тракија и [[Цариград]] <ref>ВБТ, т. VI, стр. 1, 4.</ref>.

=== Српското настапување во Македонија ===
[[Податотека:AlejandroDeYugoslavia--strickenlandserb00aske.jpg|150px|мини|лево|Александар I Караѓорѓевиќ]][[Податотека:Kumanovo1912 marcossouza.jpg|300px|мини|десно|Кумановската битка]]
На 7 октомври, Првата српска армија започнала офанзива од [[Врање]] и навлегла во [[Македонија]] <ref>ВБТ, т. VI, стр. 68.</ref>. Пред навлегувањето во Македонија, српските војници имале перцепција дека на оваа територија живеело српско населени, меѓутоа сотојбата била поинаква. Карнегиевата анкета дошла до заклучок дека:

{{Цитат|'''Српскиот војник, како и грчкиот, црврсто верувал дека во Македонија ќе пронајде сонародници, луѓе кои го говорат неговиот јазик и кои ќе го поздрават со ''да живее''. Меѓутоа наишол на луѓе кои говореле поинаков јазик, кои извикувал ''ура!'' Или погрешно разбирал или ништо не разбирал. Теоријата за постоењето на српска Македонија и грчка Македонија која ја научил во младоста била погрешна. Но неговото патриотско убедување дека Македонија треба да биде грчка или српска, останало недопрено. Несомнено, Македонија за него била онаква каква што била во времето на Душан Силниот или во времето на визатинските цареви. Бугарските агитатори и активисти кај населението ја всадувале идејата дека се Бугари. Меѓутоа агитаторите треба да се протераат од земјата и таа ќе биде она што од секогаш била, српска или грчка. Кој биле тие агитатори кои го принудиле народот да го заборави српскиот и грчкиот јазик? Најпрво, тоа биле свешениците, потоа учителите, и најпосле, револуционерните елементи кои под стариот режим основале една организација (б.н ВМРО), потоа предводниците на бандите и нивните членови, селаните кои ги снабдувале со храна и пари - со една реченица целокупното машко население во зависност од тоа колку било образовано и информирано...''' <ref>Carnegie, str. 51., 52..</ref>}}

Следниот ден, Тимошката дивизија (од Втората сојузна армија) се упатила од Ќустендил и ги освоила [[Крива Паланка]], [[Страцин]] и [[Кратово]], меѓутоа на 10 октомври западно од [[Кратово]] <ref>ВБТ, т. VI, стр. 137.</ref>, напредувањето на Тимошката дивизија било запрено до страна на Петнаесетата османлиска дивизија. Во исто време, главните сили на Вардарската османлиска армија и Првата српска армија се судриле во [[Кумановска битка|битката кај Куманово]]. Следниот дена (11 октомври), Првата српска армија го разбила турскиот центар <ref>ВБТ, VI, стр. 76-88, 90-91.</ref>. По оваа битка во српски раце, заедно со [[Куманово]] се нашла и вантрешноста на Македонија, како и железничката линија што ги поврзвала [[Солун]] -и [[Косово Поле]].
На 13 октомври српските, на чело со Александар Караѓорѓевиќ, влегле во [[Скопје]] .<ref>Рябинин, [http://militera.lib.ru/h/ryabinin_aa/05.html стр. 207]</ref>. По три дневни борби (21-23 октомври) во планините северно од [[Прилеп]] биле разбиени османлиските сили, оставени од Зеки паша, и го освоиле градот. Поразените османлиски војници се повлекувале кон [[Битола]]. Еден дел од нив останале изолирани во долината на [[Црн Дрим]]. Во [[Битола]], осмалиските сили се соочиле со притисок од две страни, српските сили од север и грчкото настапување од правец на [[Острово]] и [[Лерин]]. Во битката кај селото Екши Су, недалеку од Лерин, на 23-24 октомври Петата грчка дивизија била поразена и одбиена кон [[Кожани]] од страна на Шестиот османлиски корпус под команда на Џавит Паша. Во [[Битка кај Битола (Прва балканска војна)|Битката кај Битола]] на 4 и 5 ноември, Вардарската османлиска армија билла поразена. На 7 ноември српските сили влегле во [[Битола]]. Во почетокот на декември, откако изгубиле добар дел од своите сили, Зеки Паша се повлекол во [[Корча]] и [[Берат]] до јужна [[Албанија]] <ref>ВБТ, т. VI, стр. 163-166, 207-211.</ref><ref>Рябинин, [http://militera.lib.ru/h/ryabinin_aa/05.html стр. 216-218]</ref>.

По победата над Вардарската османлиска армија и повлекувањето на нејзините остатоците во јужна Албанија, српската команда оделила значителни сили за помош на своите сојузници во Тракија и Албанија. Уште во октомври 1912 година, пред битката кај Битола, под ѕидовите на [[Одрин]] биле префрлени Тимошката и Дунавската дивизија под команда на генералот Степа Степановиќ <ref>Hall, стр. 41.</ref>. Други три српски дивизии ја зајакнале црногорската опсада на [[Скадар]] во почетокот на 1913 година <ref name="vbtvi237">ВБТ, т. VI, стр. 235-237.</ref>.

=== Превласт на грчката флота во Егесјкото Море ===
[[Податотека:AlmiranteCoundouritis--inheartofgermani00vaka.jpg|150px|мини|лево|Павлос Кунтуриотис]]
[[Податотека:Battle Elli.jpg|300px|мини|десно|Битката кај Ели]]
Од октомври па до средината на ноември, грчката воена флота контролирала голем број на егејски острови, вклучувајќи ги [[Тасос]], [[Самотраки]], [[Тенедос]], [[Хиос]], [[Лезбос]]. По воспоставувањето на база на островот [[Лемнос]] .<ref>Hall, стр. 64.</ref>, на 14 октомври грчкиот адмирал Павлос Кунтуриотис ги блокирал [[Дарданелите]] и ги прекинал османлиските поморски комуникации помеѓу [[Мала Азија]] и [[Македонија]] <ref name="furakis"/>.

На тој начин, грчката флота уште во првите денови на војната се стекнале со доминација во [[Егесјкото Море]] и не дозволувала пренесување на турските војници за [[Солун]]. Источната османлиска армија, која се борела против бугарските сили кај при Лулебургас и Чаталџа била ослабена, бидејќи била принудена да одвои дел од своите сили за заштита на [[Галиполе|Галиполскиот полуостров]], а засилувањата од [[Сирија]] и [[Палестина]] многу бавно, преку копнена рута, се движеле кон воените подрчја.

По освојувањето на Солун, кон крајот на октомври сојузниците ги користеле егејски правци (во солунското пристаниште) за испраќање на свои војници во [[Источна Тракија]] (Седмата рилска дивизија) <ref>ВБТ, т. VII, стр. 62-63.</ref> и во [[Албанија]] (против [[Скадар]]) <ref name="vbtvi237"/>.

Грчкиот успех бил олеснет од фактот дека во првите недели на војната османлиската команда главнината од своја флота ја користела за заштита на војниците и воените набавки преку [[Црното Море]], а во почетокот на ноември и за одбивање на нападот на бугарската армија кај [[Чаталџа]] со помош на тешката бродска артилерија <ref name="bwnamore1114">Балканская война на море, стр. 11-14.</ref> . Зачувувајќи ја контролата над теснец, османлиската морнарица непречено пренесувала војски против бугарските сили, од [[Мала Азија]] во [[Источна Тракија]] <ref name="markov1.3"/>.

Дури на почетокот на декември, по примирјето на фронтот кај Чаталџа, османлиската флота направила обид за пробивање на блокадата на Дарданелите, но во битката кај Ели (3 декември 1912 година), обидот пробаднал. Месец дена подоцна, бил вториот обид за деблокада, при што дошло до битката кај Лемнос (5 јануари 1913 година) <ref name="furakis">Фуракис, [http://www.vi-books.com/vis/vis6/vis6.4/vis6.4.pdf стр. 19-20] (27.2.2008)</ref>. Само крстосувачот Хамидије успеал да ја пробие блокадата и до крајот на војната, постојано ја вознемирувал грчката трговска морнарица и воени транспортни бродови во [[Егејското Море|Егејското]], [[Средоземното Море|Средоземното]], [[Јонското Море|Јонското]] и [[Јадранското Море]] <ref>Венедиков, Й., стр. 952-954</ref>.

=== Бугарски и грчки операции за освојување на Солун ===
Ред 413 ⟶ 418:
На 5 октомври грчката армија започнала офанзива од [[Тесалија]] кон [[Солун]]. Во битката кај Еласона, следниот ден, грчките сили успеале да ја пробијат османлиската одбрана и напредувале до преминот Сарандапоро. Во битката кај Сарандапоро, на 9-10 октомври, османлиските сили биле разбиени и Тесалиската грчка армија навлегла во долината на реката [[Бистрица]].

На 19 и 20 октомври, Тесалиската армија извојувала решавачка победа кај [[Ениџе Вардар]], со што и бил отворен патот кон [[Солун]]. Недела дена подоцна, 27 октомври, османлискиот командант Тахсин Паша го предал градот на принцот Константин <ref name="strdimitr334">Стр. Димитров, стр. 334-335.</ref><ref>Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_1_4.html 1.4. Напредување кон Солун]</ref>. По падот на Солун била испратена една грчка телеграма во која било истакнато:

{{Цитат|'''Освојувањето на Солун се очекува во последните 24 часа, меѓутоа објавувањето дека грчката војска вчера вмарширала во градот доведе до силни изливи на емоции и радост. Најпрво Атина, а потоа и останатите делови на Грција, после големите случувања почуствуваа неопишливо олеснување кое избива од душата на целата (грчка б.н) нација. Никој не можеше да верува дека во војната против Турција грчката војска толку брзо победоносно ќе влезе во овој најголем македонски град. А оваа победа - чии губитоци после долгите и тешки борби сразмерни на нејзиното значење, посебно во овој период на годината кога непријателот, повлекувајќи се, ги уништи мостовите па војската се бореше со надојдената река - добива уште на значење поради иронијата со која европското мнение во почеткот ја прими објавата на грчко - турската војна и поради бројноста на непријателските војници против кој се бореше нашата војска. Грчките војници први го ослободија македонскиот град, како некогаш турските, но во суштина, секогаш грчки провинции, па нивното население, кое до вчера беше под турска доминација, сега конечно може слободно да диши. Робовите можат да ги кренат главите и да ја слават својата слобода. Грчката крв која е пролеана во оваа борба дојде како капка роса за да го оживее овеаното цеќе на македонската слобода. Поради тоа никој не е тажен. Родителите кои ги изгубиле синовите во светатат борба за својата земја ја благословуваа својата среќа, а ако некоја мајка пролеала солза, тоа било само затоа што разбрала дека смрта на нејзиниот сакан син ја донесе слободата на илјадници наши браќа. А ако помладите браќа искажуваа тага, тоа беше само затоа што самите немаа среќа да учествуваат во таа племенита победа. Остварувањето на идеалот на нацијата, барем за некој сонародници, создава општо чуство, на неограничена радост. Секое грчко чуство, секоја грчка душа, каде и да се наоѓа на планетата, сега се свртени кон полињата на Македонија. Со влегувањето во Солун, грчката војска додаде уште една славна страница во грчката историја и стекна ново почитување на својата сила.''' <ref>Емброс, Атина, 27. октомври1912октомври 1912.</ref>}}

Од север кон [[Солун]], настапувала Седмата бугарска дивизија која стигнала неколку часа по пристигнувањето на грчките сили. Офанзивата на Седмата бугарска дивизија започнала на 5 октомври со освојувањето на [[Царево село]] и [[Горна Џумаја]]. Десната колона на 11 октомври го освоила [[Кочани]], а централната и левата колона ја зазеле Кресненската клисура на 14 октомври, при што бил поразен Струмскиот османлиски одред <ref>ВБТ, т. VI, стр. 100-104, 106-111, 113-120.</ref>. Следниот ден, офанзивата била запрена со наредба командантот на Втората сојузна армија, генералот Степановиќ.

Три дена подоцна, на 18 октомври, заменик командантот на бугарската армија, генералот Савов ја поништил наредбата на српскиот генерал и издал наредба за настапување кон Солун. На 22-23 октомври, бугарските сили ја преминале Рупелската клисура, а на 27 октомври се наоѓале кај [[Ајватово]] на 12 километри од [[Солун]] <ref>ВБТ, т. VI, стр. 122, 126-127, 131-136, 182-184, 190-193.</ref>. При овие операции, источното крило на Рилската дивизија била обезбедувана од Родопскиот одред кој го зазел преминот на 11 октомври, Неврокоп (18 октомври) и Сер (25 октомври). По падот на [[Солун]], Родопскиот одред учествувал во офанзива кон исток во правец на [[Скеча]] и Ќумурџина <ref>ВБТ, т. VI, стр. 32-44, 50, 171-181.</ref>.

=== Поразот на Османлиите во Родопите и Западна Тракија ===
Ред 425 ⟶ 430:
[[Податотека:The First Balkan War-monument near the village Polkovnik Serafimovo, Bulgaria.JPG|350px|мини|десно|Споменик на борците од Дваесетипрвиот средногорски полк, кои на 21 октомври 1912 година кои ја запреле османлиската контраофанзива кај Аламидере]]

Во првите недели на војната, бугарските сили кои биле распоредени во централниот и источниот дел на [[Родопи]]те, Хасковскиот одред и левото крило на Родопскиот одред (Првата бригада на Втората пешадиска дивизија и Деветиот полк) имале задача да ги покриваат Чепеларе - Хасково - Пловдив во случај на евентуална контраофанзива на османлиските сили со што би се загрозила позадината на бугарските сили кои дејствувале во [[Источна Тракија]] <ref>Иванов, стр. 43-44{{Br}}ВБТ, т. VI, стр. 51.</ref>. Затоа до почетокот на ноември, дејствувањето на бугарските сили во Родопите имале ограничен опсег и имале за цел заземање на погодни позиции за одбрана.

На 8 октомври 1912 година, Хасковскиот одред однел победа над Крџалскиот корпус и влегол во [[Крџали]]. Османлиските сили под команда на Мехмед Паша Јавер се повлекле во Мастанли. Бугарските сили не ги гонеле непријателите, а по неколку дена поголемиот дел од Хасковскиот одред бил префрлен кај [[Одрин]], за да земе учество во опколувањето на тамошната тврдина. За одбрана на средното течение на [[Арта]] биле оставени малубројни сили, од Крџалискиот бугарски одред, кои успеале да го одбијат контранападот на Мехмед Паша Јавер во почетокот на ноември <ref>Иванов, стр. 59-60{{Br}}.<ref>Михов, стр. 41-42, 180-181{{Br}}.<ref>Erickson, стр. 149-150.</ref>.

До 8 октомври, Родопскиот одред успеал да го освои Довлен со целата Тамрашка област. До 13 октомври, одредот ги контролирал Пашмакли и околните села, а неколку дена подоцна направил неуспешен обид за прекинување на железничката пруга кај селото [[Бук]], меѓу [[Драма]] и [[Скеча]]. Одредот се зацврстил на заземените позиции и на 19-21 октомври го одбил османлискиот контранапад кај [[Голем Палас]] и [[Смилјан (Бугарија)|Смилјан]] <ref>ВБТ, т. VI, стр. 22, 29-30, 51-61.</ref>.

Во почетокот на ноември, по освојувањето на [[Солун]] од страна на грчките сили и протерувањето на главните османлиски сили кон Цариград, главната бугарска команда издала наредба за чистење на Родопските планини од османлиските војници како и освојување на Западна Тракија. Крџалискиот одред на генералот [[Никола Генев]], зајакнат со Третат бригада при [[Македонско-одрински доброволни чети|Македонско-одринските доброволни чети]], 4 ноември презел офанзива и во наредните четири ги разбива османлиските сили кај Мастанли и Балкан Торес <ref>Иванов, стр. 162 сл.</ref>. На 8 ноември, одредот ја освоил [[Ќумурџина]] и по краток одмор ја продолжува офанзивата во правец на пристаништето [[Дедеагач]] <ref>ЕБ, т. I, стр. 185, 190.</ref>.

Прогонуван од војските на генерал Генев, Мехмед Паша Јавер со своите главни сили во јачина од 9 000 војници и 8 топа бил принуден да се повлече на југоситок во правец на османлиската база на Галипоскиот полустров. Меѓутоа кај Мерхамли, на десниот брег на [[Марица]], на 14 ноември османлискиот корпус бил пресретнат од одредот на полковник Александар Танев (една коњичка бригада и една бригада на [[Македонско-одрински доброволни чети|Македонско-одринските доброволни чети]] и по кратка борба, Мехмед Паша Јавер бил принуден да капитулира <ref>Иванов, стр. 176-178.</ref>.

Како резултата на победите кај Балкан Тореси и Мерхамли, бугарските сили ги освоиле [[Родопи]]те и [[Западна Тракија]]. На тој начин била осигурана поздаината на армиите кај [[Чаталџа]] и [[Одрин]], а биле обезбедени и снабдувачките линии во во пристаништето Дедеагач и железницата во Димотика и Чорлу <ref>ЕБ, т. III, стр. 675.</ref>.

=== Сојузнички операции во Албанија, Косово, Санџак и Епир ===
[[Податотека:Mitar Martinovich Min of Montenegro.jpg|150px|мини|лево|Митар Мартиновиќ]]
[[Податотека:Hasan Riza Bey and his staff.jpg|250px|мини|десно|Хасан Риза Паша со својот штаб]]
На 26 септември 1912 година, црногорските војски под команда на престолонаследникот кнезот Данило и генералот [[Митар Мартиновиќ]] настапуваат од двете страни на [[Скадарско Езеро|Скадарското Езеро]] и на почетокот на октомври пристигнале пред [[Скадар]], кој бил бранет од дваесет и четири илјади османлиски војници и отбранявана од 24 иљади турска армија и пет илјади албански доброволци чело со [[Хасан Риза Паша]] и [[Есад Паша Топтани]]. Првите два напад (на 11 и 15 октомври) биле некоординирани и со тешки загуби, бидејќи Црногорците немале доволно пешадија и артилерија. Со српска помош во почетокот на ноември тие ги прекинале врските на Есад Паша со централна Албанија, но не успеале целосно да го блокираат [[Скадар]] и да запрат снабдувањето на гаризонот <ref>Hall, стр. 55-57.</ref>.

Битката за [[Косово]] започнала на 2 октомври со напад на албанските против српските сили кај границата. На 7 октомври, Третата српска армија под команда на генералот [[Божидар Јанковиќ]] го пробила својот пат кај [[Подуево]] во долината на реката [[Лаб]]. На 9 октомври, српските сили влегле во [[Приштина]]. Османлискиот приштински одред (со многу албански доброволци во него) го дал последен отпор во преминот кај [[Качаник]], но отстапува при веста за падот на [[Скопје]] на 13 октомври<ref>ВБТ, т. VI, стр. 138-139.</ref>.

Во тоа време (во средината на октомври) Црногорската источна дивизија, под команда на генералот [[Јанко Вукотиќ]], во соработка со Јаворскиот српски одред, ги освојува западниот дел на Новопазарскиот санџак со градовите Плевља и Бело Поле. Српската ибарска група на 10 октомври го освоила [[Нови Пазар]]. Малубројните османлиски сили се повлекле во западниот дел на [[Косово]], прогонувани од црногорските сили. На 20 октомври, црногорските сили го освоиле [[Пеќ]], а два дена подоцна заедно со Третат српска војска влегле во [[Ѓаково]] <ref>Hall, стр. 54, 58.</ref>.

Успесите во [[Македонија]] и [[Косово]] и блокирањето на Скадарскиот гарнизон им овозможиле на српските трупи да навлезат во северна и централна [[Албанија]]. По пат, тие наипле на отпор само од албанските герилци. На 4 ноември, десната колона на Третата српска армија стигнала до градот Лежа (Леш, Алесио) и се соединиле со црногорските сили во регионот. Левата колона стигнала до [[Тирана]], а на 15 ноември било освоено пристаништето [[Драч]] <ref>Hall, стр. 54.</ref>. Иистиот ден (28 ноември по нов стил) албанскот национално собрание во [[Валона]] прогласило независност на Албанија и ги повикало големите сили на помош против странските војници кои навлегле во земјата <ref>Stickney, стр. 19-20.</ref>.

Во [[Епир]] на 21 октомври, грчките сили по освојувањето на [[Превеза]] успеале да го контролираат Абракискиот залив. Во средината на ноември тие пристиганле пред [[Јанина]]. По освојувањето на Солун, биле префрлени дополнителни три дивизии. Со нивна помош Јаниската тврдината била блокирана од три страни <ref name="strdimitr334"/>.

===Блокада на бугарскиот црноморски брег ===
[[Податотека:Karte der Stadt Warna 1897.jpg|200px|мини|лево|Варна]]
Иако бугарскиот флота претставува помалку од половина процент од бугарската војска во 1912, воените морнари било активно вклучени во борбите по море и копно. Првата минско-артилериска позиција во историјата на Бугарија била изградена во Варненскиот залив. Во Варненскиот залив се наоѓала минската преграда од околу 240 француски ударни мини "Сотер и Харли". Во Бургаскиот залив не биле поставени мини, но и двата заливи биле прогласени за минирани, што ги принудило османлиските бродови да бидат претпазливи во своите дејствија пред двата бугарски пристанишни града <ref name="gkhamidie">Георги Купов, Торпилирането на крайцера "Хамидие", стр. 10.</ref>.

На 4 октомври 1912 година, османлиската ескадра го блокирала градот [[Варна]], а трговските бродови кои биле на пар кон ова пристаниште биле задржани. На 6-8 октомври, градот и воените објекти биле изложени на артилериски напад од кај морето. За да го спречи бомбардирањето, бугарската команда од [[Шумен]] довела тешка артилерија. На 8 октомври, била бомбардирана [[Каварна]], а на 18 октомври и [[Бургас]] <ref name="bwnamore1114"/>. Истовремено, со овие операции османлиската флота сакала да ги прикрие испораките на оружје од [[Германија]] кои се одвивале преку романското пристаниште [[Констанца]] <ref>ЕБ, т. VII, стр. 247.</ref>.
Иако бугарскиот флота претставува помалку од половина процент од бугарската војска во 1912, воените морнари било активно вклучени во борбите по море и копно. Првата минско-артилериска позиција во историјата на Бугарија била изградена во Варненскиот залив. Во Варненскиот залив се наоѓала минската преграда од околу 240 француски ударни мини "Сотер и Харли". Во Бургаскиот залив не биле поставени мини, но и двата заливи биле прогласени за минирани, што ги принудило османлиските бродови да бидат претпазливи во своите дејствија пред двата бугарски пристанишни града <ref name="gkhamidie">Георги Купов, Торпилирането на крайцера "Хамидие", стр. 10</ref>.

На 4 октомври 1912 година, османлиската ескадра го блокирала градот [[Варна]], а трговските бродови кои биле на пар кон ова пристаниште биле задржани. На 6-8 октомври, градот и воените објекти биле изложени на артилериски напад од кај морето. За да го спречи бомбардирањето, бугарската команда од [[Шумен]] довела тешка артилерија. На 8 октомври, била бомбардирана [[Каварна]], а на 18 октомври и [[Бургас]] <ref name="bwnamore1114"/>. Истовремено, со овие операции османлиската флота сакала да ги прикрие испораките на оружје од [[Германија]] кои се одвивале преку романското пристаниште [[Констанца]] <ref>ЕБ, т. VII, стр. 247</ref>.

Бугарските торпедоносни бродови добиле задача да го попречат пренесувањето на оружјето за [[Османлиската империја]] преку романското пристаниште [[Констанца]]. Од страна на бугарската разузнавачка служба пристигнала информација за ново пренесување на оружје кое требало да се случи на 7 октомври од страна на египетските бродови "Акдениз" и "Казалирмак" под заштита на османлиска воена ескадра. Една група составена од четири бугарски торпедоносци "Летечки", "Храбар", "Строг" и "Дрозок" под команда на капетанот Димитар Добрев на 7 спроти 8 ноември започанле акција попречување на овој османлиски конвој.

Бугарскиот бродови успеале да ја пронајдат само обезбедувачката османлиска ескадра предводена од крстосувачот Хамидије. Сите бугарски торпедоносци стрелаат кон Хамидије, меѓутоа успешен истрел извршил торпедоносец "Дрзок". Хамидије бил тешко оштетен и се спасил едниствено поради интервенцијата на османлиските кораби <ref>Георгиев, Трифонов, стр. 62-63.</ref><ref name="gkhamidie">Георги Купов, Торпилирането на крайцера "Хамидие", стр. 55-77.</ref>. По оваа битка, блокадата на бугарскиот црноморски брег била укината. До 18 ноември, османлсиката флота се насочила кон [[Дарданели|Дарданелите]]<ref>Балканская война на море, стр. 15-16.</ref> и по безуспешните обиди за пробивање на грчката блокада, се фокусирала во поддршка на копнените операции на османлиската армија во [[Источна Тракија]].

=== Улога на воздухопловните сили ===
[[Податотека:Bulgarian balloon at Odrin 1912.jpg|150px|мини|лево|Бугарски набљудувачки балон над Одрин]]
[[Податотека:Bleriot XI - Simeon Petrov.jpg|300px|мини|десно|Командантот на Првoто бугарско воздухопловно оделение поручникот Симеон Петров во францускиот авион Блерио XI]]
Во Првата балканска војна борбената авијација сеуштесè уште била во својот зародиж. Авионите првенствено биле користени за разузнавање на поголем простор (до 60 километри). Бомбардирањата на непријателските позиции се извршувале со рачно изработени бомби и гранати, самото бомбарадирање имало за цел да влијае врз моралот на непријателот отколку нанаесување на голама физичка штета .<ref name="bulav"/><ref name="serbav"/><ref name="grav"/><ref name="turav"/>Воздушни борби нема, бидејќи авионите не се опремени со оружје <ref>Жирохов, М. [http://www.airwar.ru/history/locwar/europe/1912/1912.html ''Авиация в Балканской войне 1912-13 гг. '']</ref>.

Први во акција атспаиле грчките воздушни сили во [[Тесалија]]. На 6 октомври 1912 година грчки авион ги бомбардирал османлиските позиции. По заземањето на [[Солун]], грчкте воздушни сили биле пренесени во Превеза, од каде требало д аим помогнат на грчките војнци кои дејствувале против тврдината [[Јанина]] <ref name="grav"/>.

Бугарските воздушни сили биле сместени на еден километар југоисточно од [[Свиленград]]. Во периодот помеѓу 16 октомври - 17 ноември, бугарските авиони извршиле 15 полетувања, нивните задачи се состоеле од борбени задачи кои најчесто вклучувсле разузунување на [[Одрин|одринскиот реон]], како и реоните на Караагач, Јуруш, Ескикадин, Доганџа, Емекчикој, и потегот меѓу Марица и Тунџели <ref>Миланов, стр. 36.</ref>. Првото бугарско воздушно бомбардирање врз османлиските позиции кај Одрин било извршено на 17 ноември <ref name="bulav"/>.

== Чаталџанско примирје ==
{{Triple image|center|Catalca Istanbul highlight.png|320|Destroyed mosque after fighting in Chataldja.jpg|320|Chataldja armistice.jpg|350|Чаталџа|Уништена џамија по борбите во Чаталџа|Претставниците на завојуваните страни при склучувањето на примирјето}}
{{quote|'''Од сите страни во ист момент слушнав дека нашите војници дав дена не добиле леб. Веднаш спроведов истрага. Од мене ја криеле вистината дека Хадемкој Рамнодушниот ги испланирал залихите на тој начин за да ни наштети. А нашите јадни војници се до последниот момент не се жалеле. Какви храбри луѓе. Луѓе од исклучителен ков. Кога ќе се потпише мир, ќе се одигра голем воен фудбалски натпревар помеѓу нас, помеѓу абдулахистите (Абдулах Паша, командант на Источната османлиска армија б.н) и назимистите (Назим Паша, османлиски министер за војна б.н). Каква шанса, каква среќа да не припаѓаш на ниедна страна! Ова приказна за ускратувањето на леб за војниците сесè почесто се потврдува. Од сите страни, од сите корпуси, сите го напаѓаат Хадемкој Рамнодушниот. Ова е лудило. Командантот побудалел, воените заповедници полуделе, сите сме полуделе. Некои луѓе три дена не пробале леб. Железницата е близу, главниот град е веднаш зад нас... Дали некогаш во животот сте се наоѓале меѓу 21 000 луѓе кои четири дена не јаделе леб? Е, јас сега сум во таква состојба...'''|''Изет Фуад Паша''|15-16 декември 1912 <ref>Изет-Фуад Паша, стр. 255.</ref>}}

По неуспешниот напад при [[Чаталџа]], Бугарија го прифатила османлиското барање за примирје кон крајот на октомври. [[Софија]] го искористила предлогот на големите сили за посредување, упатено непосредно пред борбата и воспоставува контакт со османлиската влада преку рускиот амбасадор во [[Цариград]].

По еднонеделни преговори, на 20 ноември кај Чаталџа бил склучен договор за запирање на воените дејствија меѓу Бугарија, Србија и Црна Гора, од една страна, и Османлиската империја од друга. Според условите на примирјето армиите на завојуваните страни ги задржале своите позиции. Примирјето не било подпишано од [[Грција]], која ги опседнувала османлиските сили кај Јанина и барала овој град да им биде предаден. Сепак грчките претставници учествувале во мирната конференција, која била отворена на 3 декември во [[Лондон]] и се одвивала паралелно со конференција на амбасадорите на големите сили <ref name="stat452">Стателова, стр. 452-455.</ref>.

Во текот на преговорите, османлиската влада понудила [[Македонија]] и [[Албанија]] да добијат автономија <ref>Стр. Димитров, стр. 335-337.</ref>, но планот бил отфрлен од сојузниците кои ги сакале сите територии западно од линијата Мидија - Енос. Под притисок на големите сили владата на Ќамил Паша се согласила на отстапки, но пред да го стори тоа, владата паднала. Новата влада, која дошла на власт по Младотурскиот преврат во [[Цариград]] на 10 јануари, подготвувала контраофанзива во [[Источна Тракија]] и не испратила одговор на сојузничките услови. Неколку дена подоцна, на 16 јануари, преговорите во [[Лондон]] биле прекинати <ref>Стателова, стр. 458-460.</ref>.

== Воени дејствија (декември 1912 - март 1913 г.) ==
{{Triple image|center|Bizani Infantry charge.jpg|300|Ottoman soldiers displaying the captured standard of the Montenegrin force during the Siege of Scutari.jpg|370|Skadar predaja zastave.jpg|310|Грчки војници во напад|Османлиски и албански борци со заробено црногорско знаме во Скадар|Црногорскиот крал Никола во Скадар}}
{{quote|'''Кажуваат дека некои војници кај штабот викале: Бегајте! Што ќе барате тука? Готово е. Секој на своја страна! Така некои војници побегнаа од фронтот. Настана непотребна паника. Војниците, кои ги ширеа тие гласини, беа Бугари. Јас мислам дека тоа е вистина. Имаше Грци и Бугари во нашата војска. Беа наши државјани. Меѓутоа тие беа турски предавници. Многу од нив со години се бореа против нас. Ова ни е лекција. Нашата власт мора илјадници пати го доживеала тоа така што не би смееле да примаме во војската никој освен муслиманите. Меѓутоа тие (унионистите б.н) кажуваат: Таков е уставот. Тоа не може така. И тие се наши граѓани. Тие се со нас и во добро и во лошо. И тоа беше вистина, меѓутоа состојбата беше ваква. Секогаш Турчинот беше тој што го плаќаше крвавиот данок. Секогаш тој плаќаше со својот живот. Турската нација изумираше... Некој кажуваат дека паниката ја предизикале унионистите, кој наводно викале Бегајте! Нашата војска во Румелија ја победија Србите. Војската се повлече длабоко во Албанија. Кажуваат дека албанските баталјони побегнале од фронтот. Србите ги навлекле Албанците да го направат тоа. Тоа беше вистина. Грците ја изведоа опсадата на Јанина. Таму Вехир Паша и неговиот брат Есад Паша даваа жесток отпор. Нивниот главен командант, Али Фуад, покажа големо јунаштво и беше ранет. И албанските војници дезертираа од Јанина. Турските војници беа гладни и болни. Храбрите војници долго ја бранеа Јанина, меѓутоа на крајот и таа падна. Хасан Риза Паша покажа големо јунаштво во Скадар. Благодарение на него, опсадата на овој град траеше мошне долго. Хасан Риза беше извонреден војник. На крајот албанскиот Есад Паша, кој уште одамна го принуди Абдул Хамид на абдикација, нареди Хасан Риза да се погуби. Неговата смрт беше голема загуба за Турците. Есад беше прав никаквец. Подоцна, по стекнувањето на независноста, Албанците го убија, меѓутоа што со тоа добија? Скадар падна. Командантот на Солун, албанецот Ташин Паша безусловно го предаде Солун без борба. КАжуваат дека за тоа зел пари од Грците. Синџирот на случувањата покажува дека сите несреќи ги предизвикале Албанците. Одличен начин за да се покаже што значи поставувањето на надворешен елемент на важни места. Овој кабинет навистина беше глуп.'''|''Риза Нур''| ''Сеќавања'' <ref>Риза Нур, Сеќавања</ref>}}

=== Во Епир и Албанија ===
[[Податотека:Scutari - 37-42.jpg|200px|мини|лево|Скадарската област]]
[[Податотека:Turkish forces in Shkodër.jpg|350px|мини|десно|Османлиски сили во Скадар]]
По одбивањето на Грција да се приклучи кон Чаталџанското примирје, нејзините војници го продолжиле настапувањето во Епир, но долго време немале успех. Првите два напад над Јанинската тврдина (во почетокот на декември 1912 и на 7-9 јануари 1913 година) биле одбиени од османлискиот гаризон. Третиот напад кој се случил на 21 февруари 1913 година завршил со одлучна грчка победа. Поголемиот дел од османлискиот гаризонот на чело со Есад Паша се предал. По падот на Јанина, Грчките сили го освоиле целиот [[Епир]] <ref>Erickson, стр. 293-304.</ref>.

Примирјето од 20 ноември 1912 година не било почитувано ниту во северна [[Албанија]]. По преземањето на градот [[Елбасан]], во почетокот на декември, српските сили ја запреле својата офанзива во правец на југ од реката [[Шкумба]] со намера да се освојат териториите на север од неа. Областа јужно од реката останале под контрола на остатоците од Вардарската османлиска армија (корпусот на Џавид Паша), кој се повлекол во јужна Албанија по поразот кај [[Битола]]. Во окупираните албански територии се развило силно герилско движење против србските сили. Во март, српските војски ја минале реката Шкумба, за да ги разбијат албанските чети. Иако Џавид Паша бил засилен со неколку илјади борци од Јанискиот гарнизон, бил поразен и се повлекол кон градот [[Берат]] на 30 март <ref>Hall, стр. 85.</ref>.

Црногорските сили кои го опседнувале [[Скадар]], биле засилени од српски војници, но двата обиди за освојување на тврдината (на 25-27 јануари и на 18-19 февруари 1913 година) пропаднале <ref>ВБТ, т. VI, стр. 234-237.</ref>. Веднаш по примирјето од 1 април, [[Србија]] ги повлекла своите војници од [[Албанија]] под притисок на [[Австро-Унгарија]], која се плашела дека српскиот излез на [[Јадранското Море]] ќе загрози нејзините поморските комуникации. Црногорските војници ја продолжиле опсадата на [[Скадар]] и на 10 април влегле во тврдината, која била напуштена од османлиско-албанскиот гарнизон, меѓутоа под притисок на големите сили, црногорските војници биле принудени да го напуштат [[Скадар]] <ref>Hall, стр. 73; .</ref><ref>Boekh, стр. 46-47.</ref><ref>ВБТ, т. VI, стр. 238-239.</ref>.

=== Во Источна Тракија ===
[[Податотека:Ahmed Izzet Pasha 1913.jpg|150px|мини|лево|Ахмед Изет Паша]]
[[Податотека:Bulgarian heavy artillery - Balkan War.jpg|350px|мини|десно|Тешка бугарска артилерија]]
Со прекинот на лондонските преговори за мир, Младотурската влада сметала дека ќе дојде до делумен пресврт во војната, со што [[Османлиската империја]] ќе ја задржи контролат над [[Источна Тракија]]. За време на примирјето, Младотурската влада поќнала да собира значителни сили кај своитре утврдени позции кај [[Чаталџа]] и [[Булаир]] (на преминот на Галиполскиот полуостров). Планот на новиот османлиски командант, [[Ахмед Изет Паша]], за одблокирање на [[Одрин]] предвидувал троен напад. Главниот удар треба да биде нанесен во Булаир од Галиполската армија. Ударот требало да биде помогнат со десант на брегот на Мраморното Море во тилот на бугарските сили. Чаталџанската османлска армија требало да го изврши вториот помошен удар <ref>ВБТ, т. VII, стр. 166-168.</ref>.

Во очекување на османлиската контраофанзива, бугарската команда ги зајакнала позициите на Првата и Треатат бугарска армија при [[Чаталџа]] и по брегот на [[Црното Море|Црното]] и [[Мраморното Море]]. Кај [[Одрин]], Втората бугарска армија била засилена со две дивизии и опсадна артилерија од Србија. За заштита на тилот на трите армии, во средината на декември 1912 година била создадена Четврта бугарска армија на чело со генерал [[Стилијан Ковачев]]а. Во нејзиниот состав влегувале и две пешадиски дивизии, кои во првата фаза на војната делуваат во Источна Македонија и Родопите, Седмата рилска и Втората тракиска дивизија, делови од [[Македонско-одрински доброволни чети|Македонско-одринските доброволни чети]], Коњаничка дивизија и една Зборна коњичка бригада <ref>Erickson, стр. 273-274.</ref>.

На 26 јануари 1913 година, османлиските војски започнале офанзива од Галиполи. Истовремено, кај Шаркој со осум илјади војници бил извршен десант. Во решавачката битка кај Булаир, Галиполската османлиска армија била поразена од Седматата рилска дивизија. Два дена подоцна Десетиот османлиски корпус под команда Хуршид паша се повлекува од плацдармата, заземена кај Шаркој. Бугарската крајбрежна стража одбила уште неколку помали десанти во Источна Тракија. Османлиската офанзива кај Чаталџа започнува три дена пред офанзивата во Булаир, на 23 јануари <ref>Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_3_1.html 3.1. Сражението „кланица“ при Булаир и Шаркьой]</ref>. По борбите со променлив успех, во почетокот на февруари, бугарските војници се повлекле на 10-20 км западно од Чаталџа .<ref>Erickson, стр. 273-274.</ref>.

На 11-13 март 1913 година бугарско-српските сили ја освоиле Одринскта тврдина. Османлискиот командант Шукри Паша се предал со шеесет илјади својата армија. Истовремено со напад на Одрин, Првата и Третата бугарска армија настапуваат против Чаталџа и ги протерале османлиските сили пд територијата која ја зазеле во јануари. На 31 март, завојуваните страни склучиле примирје кое стапило во сила следниот ден <ref>Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_3_4.html 3.4. Бойните действия временно се прекратяват]</ref>.

== Македонците во балканската војна ==
{{Triple image|center|Todor Alexandrov Hristo Matov, Georgi Monchev, Vlade Slankov, Nikola Ivanov IMARO.JPG|370|Makedonski Glas.jpg|150|Yane Sandanski cheta imaro.JPG|430|Тодор Александров, Христо Матов, Георги Мончев, Владимир Сланков и Никола Иванов во Димотика во Балканската војна.|Првата страница од првиот број на списанието „Македонски Глас“.|Јане Сандански со својата чета}}
{{quote|'''... Во името на законот на природата, во името на историјата, во име на здравиот разум, ве преколнуваме, браќа, да го прифатите следното известување: Mакедонија е населена со хомоген словенски народ кои има своја историја, свој начин на живот, кои во минатото имал своја држава, свои идеи, и според кои тој има право сам да одлучува. Македонија треба да биде независна држава внатре во своите етнички, географски и културно-историски граници, со влада одговорна пред народно собрание. Македонската држава треба да биде посебна и рамноправна единица внатре во Балканскиот сојуз со заедничка царинска граница. Во црковните прашања во Македонија е неопходно повторно да се воспостави старата автокефална Охридска црква која потоа би воспоставила канонски односи со другите православни цркви... Браќа сојузници - ослободители! Се надеваме дека нашите зборови ќе најдат пат до вашето срце и душа, и дека ќе го следите примерот на великодушната Русија и во интерес на сопствената историја, неодложно ќе го подржите создавањето на македонската држава со што ќе биде сочуваан мирот и складот помеѓу себе. Ова решение потекнува од големата словенско-хеленска идеја за Балкански сојуз, а во интрес е и на светската култура и правда.'''|''Димитрија Чуповски''|''Mеморандум на група македонски интелектуалци''<ref>Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, стр. 810-812.</ref>}}
[[Податотека:Dimitrija Cupovski- portret.jpg|200px|мини|лево|Димитрија Чуповски]]
[[FileПодатотека:Karta Makedonija 1913.jpg|thumb|right|350px|Картата на Македонија изработена од Чуповски во 1913 година]]
Пред самиот почеток на Балканските војни, [[Димитрија Чуповски]] со останатите членови на [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург|Македонскотo научно-литературно другарство во Санкт Петербург]] настапувале на јавни собири во рускиот печат и јавен живот. По почетокот на војните, Димитрија пристигнува во [[Велес]] и со [[Петар Попарсов]] организираат ''Општомакедонска конференција'' во [[декември]] [[1912]] година. Целта на конференцијата била да се донесат заклучоци, а воедно и да се испрати сигнал, за зачувување на целоста на Македонија и обезбедување на слободата и државноста на истата. На самата конференција и од нејзиниот исход, Чуповски добива полна подршка и полномошност за застапување на тие интереси преку [[Македонска колонија во Петроград|Македонската колонија во Петроград]] и да ги презентира истите тие интереси пред Русија и [[Европа]], воопшто.

Ред 512 ⟶ 518:

Непосредно пред објавувањето на Прватa балканската војна по дознавањето за [[Српско-бугарска спогодба|Српско-бугарската спогодба]], македонското национално јадро од [[Битола]], односно [[Македонски сепаратистички кружок|македонскиот сепаратистички кружок]], на 15 август 1912 година испратил Програмско писмо до Другарството и до високи раководни органи во [[Русија]], во кое се наведува дека Балканскиот сојуз е создаден заради поделба на [[Македонија]] од страна на [[Србија]], [[Бугарија]] и [[Грција]], а не за нејзино ослободување. Тие не ја признаваат [[Македонци|македонската националност]], па сакаат да ја србизираат, бугаризираат и грцизираат. На Македонија, на потомците на [[Кирил и Методиј]] може да ѝ помогне само [[Русија]], и тоа на следниов начин:
#'' енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците'';
# ''уништување на бугарската, на српската и на грчката пропаганда во Македонија'';
# ''обновување на црковната независност'';
# ''слободен развиток на националната свест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ'';
# ''отворање училишта на македонски јазик'';
# ''македонската интелигенција треба еднаш засекогаш да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, на српските и на грчките пазари''; и
# ''широка внатрешна самоуправа на Македонија''.

Во писмото на крајот се наведува:
Ред 529 ⟶ 535:
На чело на овие сили бил [[Александар Протогеров]] и Централниот комитет на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] - [[Тодор Александров]] и други нивни соработници. Истовремено со објавувањето и текот на општата мобилизација во Бугарија во втората половина на септември 1912 година, раководителите на ЦК т.е. десните претставници на ВМРО: Тодор Александров, [[Александар Протогеров]], [[Тодор Лазаров]], потоа, полковник Николов, Петар Д'рвингов, Христо Матов и други, биле повикани кај началникот на Штабот на бугарската армија, генералот [[Иван Фичев]], од кого добиле заповед веднаш да пристапат кон организирање на доброволечки - македонски оружени чети.

Организацијата му била доверена на [[Александар Протогеров]] и полковникот [[Петар Дрвингов|Петар Д'рвингов]]. Тие, уште пред почетокот на војната, требало да навлезат во Османската држава, односно Македонија, со цел да развијат известувачка служба и во содејство со месното население да ја попречуваат мобилизацијата и концентрацијата на османските војски <ref> Виолета Аковска и Никола Жежов „ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА“, Скопје, 2004.</ref>
[[Податотека:Macedono-Odrin Volunteer Corps.jpg|thumb|десно|350px|Воjници од Македонско-одринското ополчение]]
Штабот на [[Македонско-одринско ополчение|Македоно-одринските доброволечки чети]] во состав: Протогеров, Д'рвингов, Николов, Атанасов и Величков, ја започнал работата околу прифаќањето и организирањето, обуката и испраќањето на доброволечките чети преку граница, во Македонија. Пријавувањето на македонските емигранти било масовно. Во текот на октомври, до почетокот на воените дејствија против Османската држава, до Штабот или лично до Протогеров, или до другите членови на Штабот, пристигнувале бројни телеграми во кои илјадници Македонци се јавувале како доброволци во четите или доброволечките одреди за да учествуваат во војната против Османската држава.
Ред 535 ⟶ 541:
Четите подготвени од Штабот, упатени во Македонија преку одредените пунктови, ја минале границата меѓу 8 и 11 октомври 1912 година и се нашле во заднината на османските војски и власти, по точно означени реони низ Македонија. Овие чети пристигнати од Бугарија, на теренот наишле на други, од порано постоечки чети кои биле под раководството на Централниот комитет на ВМРО, на чело со Тодор Александров, [[Христо Чернопеев]], [[Петар Чаулев]] и други војводи. Некои од овие чети дејствувале и самостојно, а имало и такви што биле под раководството на серските револуционери на чело со [[Јане Сандански]].

Во почетокот на Првата балканска војна во [[Македонија]] биле формирани два српски четнички одреди, кои биле под српската Врховна команда: [[Козјачки одред|Козјачкиот]], кој дејствувал во реонот на [[Скопска Црна Гора]], па сесè до [[Крива Паланка]] со 11 чети, [[Прекувардарски одред|Прекувардарскиот]], кој се состоел од 16 чети;
[[Податотека:Milan Gyurlukov.JPG|200px|мини|лево|Милан Ѓурлуков]]
[[Податотека:Vojin Popović-Vuk in the First Balkan War.jpg|350px|мини|десно|[[Воин Поповиќ-Вук]] со својата чета]]
Ред 542 ⟶ 548:
Со Горскиот штаб непосредно раководела Врховната команда, а бил стациониран на територијата на која дејствувала Првата армија и бил потчинет на штабот на Првата армија. Во штабовите на Втората и на Третата армија имало оддели за комитски работи. Со оглед на тоа дека Горскиот штаб бил стациониран на [[Козјак]] и се движел на релацијата [[Скопска Црна Гора]] - [[Крива Паланка]], единиците (11 чети) што му припаѓале го нарекувале Козјачки одре. По [[Кумановска битка|Кумановската битка]], станал Кумановски одред, а најпознат е како четнички одред на [[Воин Поповиќ-Вук]]. Штабот на одредот го сочинувале [[Срби]], односно српски офицери, а четниците и локалните војводи главно биле [[Македонци]].

Покрај Козјачкиот горски штаб кој станал главен за цела Македонија, биле создадени горски штабови за [[Порече]] и за [[Азот]]. Командант на Поречкиот штаб бил потпоручникот [[Милан Ковиниќ]], а во Азот, [[Милан Ѓокиќ]]. Со оглед на тоа дека Поречкиот и Азотскиот штаб формирале чети и во околиите на [[Кичево]] и на [[Дебар]], таа формација (16 чети) е наречена Прекувардарски одред. Составот на четите бил од 10 до 15 луѓе. Вкупната бројна состојба на четниците според формацискиот состав на двата одреда изнесувала околу 400 луѓе <ref>Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009 г., стр. 382-383.</ref>.

Операциите на српските и грчките војски во Македонија бил олеснети од активностите на [[Обиди за возобновување и реосновање на ВМОРО|ВМРО]] во тилот на османлиските сили. Заедно со милициите на локалното македонско население, силите на силите на Внатрешната револуционерна организација достигнале околу 15 000 луѓе. Некои од четите, предводени од [[Ефрем Чучков]], [[Петар Чаулев]], [[Методи Стојчев]], [[Васил Чекаларов]], [[Христо Силјанов]], [[Иван Попов]] и други војводи, броеле до неколку стотици четници. Во Прилепското, четата на [[Милан Ѓурлуков]] навлегла со околу илјада борци. Овие сили ги ослободите градовите [[Велес]], [[Кратово]], [[Штип]], [[Крушево]] и [[Охрид]], уште пред пристигнувањето на српските сили.
Дел од четите на ВМРО земале дирекно учество во [[Битка кај Куманово (Прва балканска војна)|битката кај Куманово]], а четата на [[Милан Ѓурлуков]] помогнала во освојувањето на преминот кон [[Прилеп]]. Костурската здужена чета која била составена од четите на [[Васил Чекаларов]], [[Христо Силјанов]] и [[Иван Попов]], по почетокот на воените дејствија, запонале со акција на потегот [[Лерин]] - [[Костур]] <ref>Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 580, 892.</ref>. Одредите на [[Петар Чаулев]], [[Христо Силјанов]] и други војводи, во [[Охридско]] заробиле стотина османлиски војници, а во [[Костурско]] 2 500 војници <ref>Гоцев, стр. 21-24.</ref>.
[[Податотека:Яне Сандански (1872-1915).jpg|150px|мини|лево|Јане Сандански]]
[[Податотека:Sandanski2.jpg|350px|мини|десно|Сандански со бугарски офицери од Седмата пешадиска рилска дивизија]]
Ред 559 ⟶ 565:
== Лондонски мировен договор ==
{{Triple image|center|Midia-enos-map.jpg|300|St James's Palace, North Front, by Charles Wild, 1819 - royal coll 922161 257088 ORI 0.jpg |400|Prima guerra balcanica.bg.png|300|Линија на разграничување Мидија-Енос|Палатата ''"Сент Џејмс"''|Територии под контрола на балканските сили кон крајот на април 1913 година }}
{{quote|'''Конечниот пораз на Турција нема да биде крај на балканската трагедија... Државите кои го основале Балканскиот сојуз почнале освојувачка војна за територии. И сосема е природно, кога ќе се земе во предвид световното ривалство помеѓу овие народи и нивниот ограничен менталитет, дека најкритичниот момент во развојот на случувањата јужно од Дунав ќе биде моментот кога сојузниците ќе треба да го поделат воениот плен... Под рушевините на европска Турција остана нов вулкан кој за секогаш ќе го тресе европскиот мир. Оваа ситуација не може да се излечи со полумерки и платонски интервенции. Европа има морална обврска да покаже огромна сила за на време да ги спречи надметнувањата и борбите кои го разоруваат балканскиот свет...'''|''Мискареа''|''Букурешт 20 март 1913'' <ref> Miscarea, Bukurest, 20. mart/ 2. april 1913.</ref>}}

Состаноците на Лондонската конференција на 18 април 1913 година <ref name="giza34">Гиза, [http://www.promacedonia.org/ag/ag_3_4.html 3.4. Лондонската конференция]</ref> биле обновени во услови на засилен анатгонизам меѓу балканските сојузници за распределбата на освоени османлиски територии. Во февруари и мај се случиле спорадични судири меѓу бугарските и грчките војници североисточно од [[Солун]]. Србија и Грција се подготвуваат за заедничка борба против Бугарија <ref>Саздов, Лалков, стр. 289.</ref><ref>Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_3_2.html 3.2.]</ref><ref name="mark44"/>. Во предвчерието на [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]], британскиот министер за надворешни работи Едвард Греј поставил ултиматум за завршување на преговорите со [[Османлиската империја]] до крајот на месецов. Мировниот договор бил потпишан на 17 мај 1913 година во палатата ''"Сент Џејмс"'' <ref name="giza34"/>. Договорот ставил крај на војната помеѓу [[Османлиската империја]] и [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]]. Империјата се откажала од сите права на запад од линијата Мидија - Енос, Источна Тракија и од суверенитетот над островот Крит. Договорот гарантира создавањето на албанска држава, во која влегувал и Скадар. Други прашања - поделбата на Македонија, статусот на островите во Егејското Море, воените репарации, биле оставени отворени <ref name="mark44">Марков, [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/gm_4_4.html 4.4. Лондонският договор за мир]</ref><ref>Boeckh, стр. 54.</ref>.

== Последици ==
{{Triple image|center|Ac.balkanwar.jpg|350|Shqiptarë e ikur nga ushtria serbe në Selanik.jpg|330|Muslim refugees in the initial phase of the First Balkan War.png|330|Загинати бугарски војници|Албански бегалци|Турски бегалци}}
{{quote|'''Сите поголеми места во новоослободените краишта беа полни со бедни, голи и боси, гладни и жедни сирачиња. Нивните хранители и бранители заминале во царската војска да се борат, а жените, старците и децата останаа без заштита и тие од страв ги оставија своите домови и се во нив, бегајќи во градовите верувајќи дека таму ќе најдат заштита. Гонети од глата, присилени се да просат за корка леб. И отука во новоослободените градови, човек неможе да мине низ улица, а да не му здосадат молбите на турските сираци, нешто да им подели. Еден офицер ми изнесува една ваква слика од Кавадарци: Кавадарци ги полни турските сирачиња кои умираат од глад. На еден агол седнал еден српски војник... на еден камен, во крилото зел две момчиња, Турчиња, еден на едното друг на другото колено, со двете раце ги прегрнал, во едната рака држи таин (војнички леб), а во другата нож. Со ножот го сече таинот, првиот залаг му го дава едното, другиот на другото Турче, а третиот го зема за себе. Јас застанав отсрана и срцето ме заболе, што при рака немам фотографски апарат, да ја сними оваа величествена слика на љубовта на српскиот војник кон децата на победениот непријател и неговото сочувство кон нивната несреќа '''|''Српски војник им помага на турските деца'' <ref>Балкански рат у слици и ријечи 12, 7. (20.) април 1913.</ref>}}

=== Воени жртви ===
Човечките загуби на сојузничките сили одделно за секоја земја биле:
Ред 574 ⟶ 581:
* [[Црна Гора]] - околу 9 500 луѓе (меѓу кои 2 800 убиени)

За загубите на [[Османлиска империја|Османлиската империја]] нема сигурни податоци. Нејзините загубите се проценуваат на околу 100 .000 или 340 .000 луѓе (вклучувајќи 225 .000 убиени, умрени од болести и ранети, околу 115 .000 заробени) <ref>Erickson, стр. 329.</ref>.

===Цивилно население ===
Првата балканска војна нанела голема штета врз жителите на областите низ кои поминале војниците. Во [[Тракија]] и [[Родопи]]те биле уништени голем број села (турски, грчки и бугарски) <ref>Георгиев, Трифонов, стр. 115-116, 128, 133.</ref><ref>Карнегиева анкета, [http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/glava3_2.html стр. 117-120]</ref> . Од Лозенградскиот округ избегале околу 50 000 Турци. Десетици илјади Бугари биле принудени да побараат заштита во областите завземени од бугарската војска <ref>Трифонов, Тракия, [http://www.promacedonia.org/giliev/st/st_1_3.html стр. 32-34, 37]</ref>. Муслиманското население во Македонија било подложено на репресија од Македонците и од сојузничките војски, што довело до многу илјадни бегалски бранови кон поголемите градови ([[Скопје]], [[Битола]] и [[Солун]] ) и кон [[Мала Азија]] <ref>Карнегиева анкета, [http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/glava2_1.html стр. 67-71], [http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/glava4_1.html стр. 144]</ref>. Опустошувањата, прекинот на трговијата и репресијата врз мирното население, извршени и од двете завојувани страни, довеле до масовен глад во текот на зимата и пролетта 1913 година, кој ги зафатил Одринско, делови од Родопите и регионот на Ќумурџина <ref>Трифонов, Тракия, [http://www.promacedonia.org/giliev/st/st_1_3.html стр. 36]</ref><ref>Георгиев, Трифонов, стр. 115, 119, 122, 135;{{Br}}Карнегиева анкета, [http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/glava3_1.html стр. 104-107]</ref>. Епидемијата на колера и дизентеријата ги одзеле животи на многу жители во [[Источна Тракија]] и [[Бугарија]] во есента 1912 година.

Победниците започнале политика на национална и верска асимилација во новоосвоените територии. Под раководството на Бугарската православна црква во јануари-февруари 1913 година биле покрстени илјадници помаци од [[Родопи]]те (вклучувајќи ги оние од старите предели на Царството Бугарија) и од [[Порече]] на [[Места]] и [[Струма]] во Македонија <ref>Георгиев, Трифонов, стр. 117-121, 126-131.</ref>. Албанците во Косово и Македонија, кои се спротиставиле на српските и црногорските војски, биле подложени на масовни колежи <ref>Hall, стр. 137-138.</ref>. Во [[Вардарска Македонија]] уште од есента 1912 година српските окупациски власти извршиле притисок врз Македонците да се изјаснуваат како Срби. Управувањето, утврдено од [[Обиди за возобновување и реосновање на ВМОРО|ВМОРО]] во [[Охрид]], [[Велес]] и други градови, било растурено, многу дејци на револуционерната организација биле уапсени или убиени. На гонења биле подложени и егзархиски свештеници и учители, на чие место дошле Срби. Егзархиските училишта биле затворени, а српските чети извршиле насилно разоружување на месните милиција, придружено со тепање и убиства. Грците во југозападна Македонија спроведуваат слична политика спрема Македонците <ref>Гоцев, стр. 30-35.</ref><ref>Гоцев, стр. 35-36.</ref>.

=== Ескалација и конфликт помеѓу сојузниците ===
Сојузничкиот антагонизам околу [[Македонија]], довел до распаѓање на [[Балкански сојуз|Балканскиот сојуз]] веднаш по склучувањето на мирот со Османлиите. Напорите на Русија да ја исполни својата улогата на арбитер, определена со договорот меѓу Бугарија и Србија, пропаднал <ref>Саздов, Лалков, стр. 276, 290.</ref>. На 19 мај 1913 година (два дена по потпишувањето на Лондонскиот мир) бил склучен грчко-српскиот договор со кој двете страни ја гарантирал заедничка граница во Македонија, како и попречување на бугарските стремежи за промена на ''статус квото''. На 16 јуни, бугарската армија ги нападнала позициите на Србите и Грците со што започнала [[Втората балканска војна]] <ref>Стр. Димитров, стр. 344-346.</ref>.

== Хронологија ==
Ред 669 ⟶ 676:
|||[[3 декември (настани)|3 декември]]||Грчко-османлиска поморска битка кај островот Ели.

|||[[3 декември (настани)|3]]-[[24 декември (настани)|24 декември]]||[[Лондонска мировна конференција]]. Сојузниците ги побарале османлиските провинции во [[Европа]], западно од линијата Енос-Мидија и островот [[Крит]]. Портата предложила на [[Македонија]] да иѝ се даде автономија и одбила да ги остапи териториите. На [[Божиќ]], преставниците на Портата се повлекле од преговорите, меѓутоа големите сили извршиле притисок и барањето на балканските сојузници било прифатено. Било истакнато дека [[Албанија]] треба да стане независна држава.

|||[[8 декември (настани)|8]]-[[17 декември (настани)|17 декември]]||Тајна бугарска мисија во [[Цариград]] со цел склучување на оделен мир со [[Османлиска империја|Османлиската империја]].
Ред 897 ⟶ 904:
{{Commons category|First Balkan War}}

* [http://www.istorijskabiblioteka.com/art2:savez-u-vozu Историјска библиотека:Савез склопљен у возу]
* [http://www.novosti.rs/dodatni_sadrzaj/feljtoni.120.html?item_id=798 1912. Први балкански рат („Вечерње новости“, фељтон, септембар 2012)]
* [http://www.srpskadijaspora.info/vest.asp?id=17159 Sto godina od Prvog Balkanskog rata]
* [http://www.politika.rs/rubrike/Tema-nedelje/Sto-godina-od-Prvog-Balkanskog-rata/Rat-je-dobijen-posle-nekoliko-sedmica.sr.html Рат је добијен после неколико седмица („Политика“, 7. октобар 2012)]
* [http://www.politika.rs/rubrike/Drustvo/Knjeginja-Dolgorukova-lecila-Srbe.sr.html Књегиња Долгорукова лечила Србе („Политика“, 21. октобар 2012)]
* [http://www.gutenberg.org/files/11676/11676.txt Project Guttenberg: The Balkan Wars: 1912-1913]
* [http://www.kroraina.com/knigi/gm_bw1/bw1_intentions.png Замисълът на действие на страните през Балканската война] (карта)