Отвори го главното мени

Промени

Нема измена во големината ,  пред 3 години
==Објаснение==
[[Image:Snells law mk.svg|thumb|Прекршување на светлината на преодот меѓу две средини (n<sub>2</sub> > n<sub>1</sub>). Затоа што v<sub>2</sub> < v<sub>1</sub>, аголот на прекршување θ<sub>2</sub> е помал од упадниот агол θ<sub>1</sub> (упадниот зрак е поблиску до нормалата).]]
Прекршување во [[оптика]]та настанува кога светлинскиот бран паѓа под кос агол на граничната површина со средина која има поинаков индекс на прекршување. На границата се менува [[фазна брзина|брановата брзина]], поради што доаѓа до промена и во насоката. Иако брзината се менува, [[фреквенцијатафреквенција]]та останува константна. На пример, [[светлински зрак]] се прекршува при минување низ [[стакло]] поставено во воздух, затоа неговата брзина ќе се промени. Прекршување има и кога бранот нормално упаѓа на граничната површина (под прав агол) - брзината се менува, иако насоката останува иста. Разбирањето на концептот на оваа појава придонело за значајни пронајдоци - [[леќа (оптика)|леќите]] и [[рефракор]]от.
[[File:Pencil in a bowl of water.svg|thumb|left|Поради прекршувањето на светлинскиот бран, молив делумно потопен во вода изгледа искривен: светлинските бранови кои поаѓаат од точката X ја менуваат насоката, па изгледаат како да поаѓаат од Y. (При набљудување од било кој агол, Y треба да се наоѓа вертикално над X и моливот гледан одозгора да изгледа пократок, а не подолг како што е прикажано.)]]
Прекршувањето може јасно да се забележи при гледање во сад исполнет со вода зашто индексот на прекршување на воздухот е приближно 1,0003, а на водата 1,3330. Доколку едната половина од прав предмет (молив, сламка и сл.) се потопи во вода под некој агол, предметот гледан одозгора изгледа закривен кај површината на водата. Ваквата појава се должи на скршнувањето на светлинските зраци при преминот од воздух во вода. Кога тие ќе стигнат до окото, тоа ги восприема како прави линии кои се пресекуваат во точка која се наоѓа повисоко од вистинската (изворот на зраците). Затоа моливот изгледа како да се наоѓа повисоко, а водата како да е поплитка. Оваа набљудувана длабочина се нарекува ''привидна длабочина'' и е важна при ловењето риби со копје бидејќи дава грешна претстава за нивната положба во водата – треба да се цели подлабоко. И спротивното важи – ликот гледан од под вода има ''привидна висина'', па рибата-стрелец, на пример, мора да цели пониско за да го дофати пленот.<ref>{{cite journal|url=http://link.springer.com/article/10.1007%2FBF00361900|journal=Behavioral Ecology and Sociobiology|volume=2 |year=1977|issue =2|pages=169-184|title=Refraction and the spitting behavior of the archerfish (''Toxotes chatareus'')|author=Dill, Lawrence M. |jstor=4599128}}</ref>