Инерција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Брзина користејќи го HotCat
сНема опис на уредувањето
Ред 9:
Спротиставувањето на промената на состојбата на движење се манифестира со појавата на ''инерцијална сила'' која дејствува во неинерцијален референтен систем цврсто врзан за самото тело (во системот во кој телото мирува). Бидејќи во овој систем [[забрзување]]то (промената на брзината) не се запазува, ова спротиставување се појавува како сила која дејствува без видлива причина или извор, па затоа се нарекува и фиктивна или инерцијална сила. Наједноставен и најпознат пример за ова е возењето во автомобил кој ја менува својата брзина (забрзува, успорува или ја менува насоката на брзината). Како што ни е добро познато од искуството, за време на забрзувањето при возењето, седиштето го притиска нашиот грб, како нешто да не влече назад, додека при успорувањето продолжуваме со движење кон ветробранското стакло, како нешто да не влече кон напред. Ефектот е уште поизразен доколку е поголема масата на телото и/или промената на брзината во единица време, односно при забрзување.
 
[[Вектор]]от на инерцијалните сили секогаш е насочен во спротивна насока од векторот на забрзување на неинерцијалниот систем во кој ги забележуваме, а интензитетот се определува по формулата <math>\mathbf{}F_{in}=ma</math>. По својата природа, инерцијалните сили се масени (волуменски) сили (за разлика од контактните). Таквите сили го опфаќаат телото со целата негова маса (волумен), бидејќи дејствуваат на секоја негова честица; во суштина, начинот на дејствување на инерцијалните сили по ништо не се разликува од [[Гравитација|гравитациските сили]], освен по тоа што имаат различни причинители. Оваа нивна особина, [[Алберт Ајнштајн]] ја искористил за формулирање на својот [[принцип на еквивалентност]] на инерцијалните и гравитациските сили, кој претставува една од основите на неговата општа [[теорија на релативност]]. Некои инерцијални сили се од посебно значење во анализата на движењето, па затоа имаат и посебно име, на пример, [[центрифугална сила]], [[кориолисоваКориолисова сила]] итни тн.
 
== Извор на инерција ==