Голак: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 3 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q3072662 (translate me)
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
|map_caption=}}
 
'''Голак''' е македонска средновисока планина меѓу [[Делчевска Котлина|Делчевската Котлина]] на исток и [[Кочанска Котлина|Кочанската Котлина]] на запад, со меридијански правец на протегање.<ref>{{цитирана книга|last=Marković|first=Jovan Đ |title=Fizička geografija Jugoslavije|publisher=Naučna knjiga|date=1968|edition=2}}</ref> Планинскиот масив опфаќа 12.800 ha.односно е долг околу 40 км а широк околу 20 км.Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е [[Чавка (врв)|Чавка]] (1.538 m), под кој се наоѓа современ туристичко-рекреативен центар (1.400 m), 12 km од [[Делчево]] и на кој се наоѓа игралиште за фудбал.кошарка и тенис. Истоименото [[Голак (детско одморалиште)|детско одморалиште]] располага со 230 легла и кое моментално не е во добра состојба.Постојат неколку помали сместувачки капацитети кои работат повремено како што се Вила Гранит,Вила Фротирка,Синдикална Вила,Вила Технозавод,Шумска Вила која е сопственост на Шумско стопанство Голак од Делчево како и неколку камп приколки кои се во релативно добра состојба. И покрај делумните пошумувања, сиромашна е со шуми.Располага го голем број на билки и чаеви кои се берат од месец април па се до месец октомври како што се жолт и црвен Кантарион,Мајчина Душица,Бела Рада,Ајдучка трева,Бозел,Шипинки,Капини,Диви Јагоди,Подабиче,Нане,Јаглика итн.Се среќаваат голем број на печурки меѓу кои и јадливите Врган,Лисичарка,Буковка,Срндак итн.На планината Голак се среќава и поголем број на дивеч како што се дива свиња,див зајак,лисица,кафеав орел,понекоја срна како и повеќе видови на глодари.И покрај тоа што не е многу богат со вода сепак на падините на Голак се наоѓаат неколку извори на вода како и две поголеми вештачки езерца кои служат како вода за наводнување на земјиштето како и за пиење на вода во Општина Делчево,тоа се езерата Лошана (за пиење вода) и езерото Петрашевец (за наводнување).На најдолниот дел на Голак тече најголемата река во источна Македонија реката Брегалница која на крајниот дел на планината Голак ја формира големата акумулација Калиманци.Постојат услови за скијање,планинарски велосипедизам како и за планинарство за што се занимава единственото Планинарско Друштво ПСД ГОЛАК Делчево кое е членка на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија,со сопствен лиценциран планинарски водич и кој почна со маркирање на планинарски патеки на планината Голак со што би се поставила основната инфраструктура за поголем планински туризам во наредниот период и за се поголема посетеност на планината Голак. <ref>{{цитирана книга|last=Geografsko društvo na SR Makedonija|title=Geografski razgledi|publisher=Društvo|location=Skopje|date=1989|edition=27-30}}</ref>.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Голак