Разлика помеѓу преработките на „Македонски Албанци“

(Бришење на "The_founding_document_of_the_National_Assembly_of_the_Republic_of_Illyrida.jpg", беше избришана од [[commons:Главна...)
== Албанците и конфликтот во 2001 ==
{{главна|Воен конфликт во Македонија, 2001}}
Во [[1999]] година избувнале немири во [[Косово]] помеѓу етничките [[Албанци]] и [[Срби]]<ref name="chrono">{{цитирана веб страница | title = Kosovo war chronology | publisher = [[Human Rights Watch]] | url = http://www.hrw.org/campaigns/kosovo98/timeline.shtml }}</ref>. Во исто време, [[Македонски претседателски избори, 1999|претседателските избори во Македонија]] само ги изостриле меѓуетничките тензии помеѓу албанците и македонците. Тензиите уште повеќе се засилиле кога [[Република Македонија]] била потопена од 250.000 етнички албанци, бегалци од војната на [[Косово]]<ref>[http://www.sonce.org.mk/1999_2002.htm Асовијација на ]</ref>. По ова, во [[Македонија]] била развиена уште поголема мрежа на ''Армијата за ослободување на Косово'' или [[Ослободителна војска на Косово|УЧК]].
 
Конфликтот неофицијално во Македонија започнал кон крајот на [[јануари]] [[2001]] година во пограничното село [[Танушевци]]. На [[16 февруари]] [[2001]] година во истото село, новинарска екипа на [[А1 телевизија]] била заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени<ref>[http://star.vest.com.mk/default.asp?id=1479&idg=1&idb=185&rubrika=Makedonija Во Танушевци ОВК киднапираше новинар и снимател на А1 телевизија]</ref>. По двонеделни препукувања, бојното поле се префрлило во [[Тетово]]. Во месноста Кале во [[Тетово]], на [[14 март]] биле регистрирани вооружени напади врз безбедносната полиција. Веќе на [[23 март]], од страна на властите во [[Република Македонија]] била донесена одлука за голем напад врз позициите на [[ОНА]]. [[АРМ|Македонската армија]] им нанела голем пораз на припадниците на [[ОНА]]. Според некои извори, Албанците сепак не биле спремни и не очекувале таков напад во тоа време од страна на македонската полиција.
По околу двонеделно стишие, на [[28 април]], на патот меѓу селата [[Селце]] и [[Вејце]] во [[Тетово]], 16 припадници на безбедносните сили на Македонија при патролирање наишле на заседа, при што загинле осум, а шест војници припадници на безбедносните сили на Македонија биле повредени. Според извршената обдукција, утврдена по смртта, било утврдено дека телата на убиените полицајци и војници по смртта биле дополнително масакрирани. По ова, нниз поголемите градови во [[Република Македонија]] започнал голем револт на месното население. Македонските власти, во меѓувреме упатиле повик кон [[ОНА]] за прекин на огнот кој истиот не бил прифатен.
На [[4 мај]] околу 4.000 албански герилци од [[Косово]] упаднале на македонска територија и освоиле голем дел од северниот дел на Македонија, главно во околината на [[Куманово]]. Со ова, се отворил уште едно бојно поле. Борби се воделе во селата [[Слупчане]], [[Ваксинце]], [[Липково]], [[ОризареОризари (Кумановско)|Оризари]], [[Отља]] итн. Развојот на војната во тој момент бил на страната на [[ОНА]]. Како резултат на ова, македонските безбедносни сили спроведиле големи акции во селата [[Матејче]] и [[Слупчане]] на [[9 јуни]].
 
== Албанците денес ==