Спор за името помеѓу Македонија и Грција: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 5 промени (од 93.87.226.195) и ја поврати преработката 3373454 на Ehrlich91
Ред 300:
Третото решение е прекинување на преговорите за името (еднострано или спогодбено) и дипломатска офанзива за прифаќање на нашето уставно име во сите меѓународни организации и од сите позначајни држави што нè нарекуваат со привремената референца. Целни групи на ваквата офанзива пред се, би биле САД, и петте водечки земји во ЕУ, а успехот таму посредно би значел и наш успех во ОН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ.
Четвртото решение е продолжување на преговорите, но и барање до ООН да ја промени нелегалната одлука за користење на времената референца и условувањето со понатамошни преговори. Речиси 100% се шансите телата на ООН и МСП да одлучат да ги изменат тие барања и да ги доведат во согласност со документите на ООН и со условите за прием на сите останати членки (види http://popovashapka.com/Makedonija-the_name_legal_dr.htm).
Во сегашниот момент, се погласни се аргуменитите дека не може да постојат во меѓународните односи и меѓународното право тнр. “преговори или разговори за уставното име со друга држава“.<ref> види Игор Јанев, Како што може Косово да влезе во УНЕСКО, така и Македонија може да излезе и влезе со уставното име во ОН [http://www.mkd.mk/makedonija/politika/igor-janev-kako-shto-mozhe-kosovo-da-vleze-vo-unesko-taka-i-makedonija-mozhe-da] </ref> Во овој контекст прашањето на името, како основен елемент на правниот субјективитет и државноста, го сведува проблемот за името на посебен вид прашање на прзнавањето на една суверена држава од другите суверени земји, под своето уставно име (под својот мегународно-правен идентитет). Со други зборови, во еден миг кога Македонија ќе реши да ја искористи својата предоминантност во оглед на бројот државите кои ја признале под уставното име Република Македонија, ќе се ангажира во Генералното собрание на Обединетите Нации и ке ја замени наметнатата (нелегалната) референца со уставното од народ избрано име Република Македонија. Се разбира, Македонија не би тргнала по патот на повторно заченување во Обединетите Нации, туку преку резолуцијата на ОН, би го продолжила сегашното членство во оваа оргaнизација, заменувајки ја референцата со уставното име Република Македонија. Секако, во оптек се и правни сценариа за претходното барање на Советодавното мислење од Мегународниот суд на правда во Хаг за прогласување на посебните дополнителни услови за Македонскиот прием во ОН за нелегални, по што ваков став би ја олеснил одлуката на Генералното собрание на ОН за регулирање на члеснството на Македонија под уставното име. <ref>Во случајот со Македонија ОН го повреди принципот на „суверена еднаквост“ [http://www.mkd.mk/kolumni/vo-sluchajot-so-makedonija-on-go-povredi-principot-na-suverena-ednakvost]</ref><ref> Пред Генералното собрание на ОН се чека потписот на Иванов [http://www.mkd.mk/54357/makedonija/se-ceka-na-potpisot-na-ivanov-rezolucija-janev-on]</ref>
 
== Наводи ==