Отвори го главното мени

Промени

с
нема опис на уредувањето
Шопен се родил во [[Желазова Вола]] близу [[Сохачев]] во регионот [[Мазовија]], дел од [[Варшавско војводство|Варшавското војводство]]. Татко му бил Миколај (Никола) Шопен, французин со далечно [[полска|полско]] потекло од [[Војводство Лотарингија|Лотарингија]] кој се преселил во Полска во 1787. Миколај се оженил за жена од висока класа, но осиромашено семејство, по име Текла Јустина Крзижановска.
 
Според неговото семејство, Шопен е роден на [[1 март]], [[1810]] г. Нема пронајдено [[извод од матична книга на родените]]. На неговата [[крштевање|крстеница]] пак, стои дека е роден на [[22 февруари]], [[1810]] г., но ова најверојатно е грешка на свештеникот.
 
=== Детство и младост ===
Во октомври 1810, кога Фредерик имал осум месеци, семејството се преселило во [[Варшава]], каде татко му станал учител по [[француски јазик]] во [[училиште]] во [[Саксонски дворец|Саксонцскиот дворец]]. Живееле понстрана во рамките на дворецот.
 
Малиот Шопен за прв пат почнал да учи пијано кај неговата постара сестра Лудвика, а подоцна таа задача ја презела мајка му. Неговиот талент бил очигледен уште од многу мали нозе, па во Варшава почнале да го сметаат за „вториот [[Волфганг Амадеус Моцарт|Моцарт]]“. На седум годишна ворзаст искомпонирал [[полонеза|полонези]] ([[Гге-мол]] и [[Хха-дур]]), од кои првата била издадена во гравурната печатница на отецот Цибулски, директор на Училиштето за органисти и еден од малкуте музички издавачи во Полска.
[[Податотека:Józef Elsner.PNG|thumb|180px|[[Јозеф Елснер]]]]
Чудото кое било Шопен почнало да излегува по варшавските весници, па „малиот Шопен“ станал атракција на примемите по аристократските [[салон (собирање)|салони]]. Почнал да приредува и јавни добротворни концерти. Се вели дека еднаш бил запрашан што мисли дека на публиката највеќе ѝ се допаднало; на тоа седумгодишниот Шопен одговорил: „Мојата јака“. За прв пат јавно излегол како пијанист на 8 годишна ворзаст.
Во август 1829, три недели по занимувањето од Варшавскиот конзерваториум, Шопен направил брилијантно деби во [[Виена]]. За неговите две изведби на пијано добил многу пофални критики, заедно со другите кои го критикувале заради малиот тон сокој свирел на пијаното.
 
Во декември 1829 во Варшава премиерно го извел неговиот [[ПијаноКонцерт концертза пијано бр. 2 (Шопен)|ПијаноКонцерт концертза пијано во Феф-мол]] во Трговскиот клуб. На [[17 март]], [[1830]] г. го извел и вториот [[PianoКонцерт Пијаноза концертпијано бр. 1 (Шопен)|пијано концерт во Ее-мол]] во Националниот театар.
 
На [[2 ноември]], [[1830]], Шопен ја напуштил варшава за да дава концерти во странство, по што никогап не се вратил во Полска. На крајот на месецот избило [[Ноемвриско востание|Ноемвриското востание]], па неговиот сопатник Титус Војчеховски се вратил во тактковината за да учествува. Шопен останал во Виена, измачуван од грижи за неговите љубени, па потоа ги посетил [[Минхен]] и [[Штутгарт]] (каде дознал дека Полска е окупирана од [[Царска Русија|руската]] војска, и дошол во Париз во септември 1831 г. Тој веќе имал искомпонирано повеќе важни дела, меѓу кои двата концерта за пијано и извесни [[Етиди (Шопен)|Етиди]] Оп. 10.
 
=== Париз ===
Во Париз, Шопен бил топло пречекан од истакнатите полски азиланти како и од водечките уметници како [[Хајнрих Хајне]], [[Алфред де Вињи]] и [[Ежен Делакроа]]. Бил запознаен со некои од најважните пијанисти во тоа време како [[Фридрих Калкбренер]], [[Фердинанд Хилер]] и [[Франц Лист]], и станал близок пријател со композиторите [[Хектор Берлиоз]], [[Феликс Менделсон]], [[Шарл-Валантен Алкан]] и [[Винченцо Белини]] (крај кој е погребан на гробиштата [[Пер Лашез]]). Многу од Шошеновите современици веќе со восхит гледале на неговата музика. Меѓу овие бил и [[Роберт Шуман]] кој, во неговата критика на ''Варијации на „Ла чи дарем ла мано“'' (од Моцартовата опера ''[[Сон Џовани]]''), Оп. 2, се изјаснил: „Капи долу господа! Генијалец.“
 
За време на неговите години во Париз, Шопен учествувал во многу концерти. Програмите нѝ дават извесна слика за богатството на парискиот уметнички живот во ова време. Ваков пример е концертот на [[23 март]], [[1833]] г., во кој Шопен, Лист и Хилер свиреле соло изведби на [[Бах]]овиот концертт за три [[чембало|чембала]], како и концертот на [[3 март]], [[1838]] г., каде Шопен, Алкан, Алкановиот учител Пјер Жозеф Цимерман иШопеновиот ученик Адолф Гутман го свиреле Алкановиот аранжман за осум раце на [[Бетовен]]овата [[Симфонија бр. 7 (Бетовен)|7<sup>ма</sup> симфонија]]. Зел учество и во компонирањето на [[Хексамерон (композиција)|Хексамерон]] (1837), бидејќи шестата (и последна) варијација на Белиниева тема е негова.
 
Еден истакнат англиски аматер го има опишано неговото среќавањ на Шопен во еден салон:
{{cquote|Замислете си нежен човек од огромна префинетост на израз и манир, како седи на пијано и свири без нишање на телото и скоро без движење на рацете, зависејќи сосема од неговата тесна женствена рака и витки прсти. Широките [[арпеџо|арпеџи]] во левата рака, одржувани во постојан тонски тек од строгото [[легато]] и префинетата и постојана употреба на [[гласен педал|гласниот педал]], обликуваа хармонична потструктура за извонредно поетичното [[кантабиле]]. Неговото деликатно [[динамика (музика)|пијанисимо]], сепроменливите модификации на тонот и темпото (''[[темпо рубато]]'') имаа неопислив ефект. Дури и во енергичните делови тој навистина ретко преминуваше [[динамика (музика)|мецофорте]].}}
 
Од Париз Шопен извршил разни посети и турнеи. Во 1834, со Хилер го посетил Рајнскиот музички фестивал во [[Ахен]] организиран од [[Фердинанд Рис]]. Тука Шопен и Хилер се сретнале со Менделсон, и тројцата продолжиле во посета на [[ДизелдорфДиселдорф]], [[Кобленц]] и [[Келн]], уживајќи во дружбата, учејќи и свирејќи заедно.
 
Во 1835 Шопен се договорил да се сретне со семејството во [[Карлсбад]]. Додека бил таму се запознал со грофот Франц фон Тун-Хохенштајн, чии ќерќи тој ги подучувал во Париз. Грофот ги поканил Шопен и неговите родители во неговиот семеен замок на [[Елба]] во [[Дечин]]. Потоа Шопен ги испратил родителите во Варшава; потоа никогаш повеќе не ги видел. Се вратил во Париз преку [[Дрезден]], каде престојувал неколку недели, а потоа отишол во [[Лајпциг]] каде се сретнал со Менделсон, Шуман и [[Клара Вик]]. Меѓутоа по патот за назад имал тежок бронхитичен напад, толку сериозен, што некои полски весници пишувале дека умрел.
Таа зима лошото време имала така катастрофални последици по Шопеновото здравје и неговата хронична дробна состојба, што морал да пребега прво во [[Барселона]], па во [[Марсеј]]. иако здравјето му се подобрило, тој никогаш сосема не оздравел од ова. Тој се жалел од докторите во Мајорка со неговата постојана луцидност: „Првиот ми рече дека ќе умрам; вториот рече дека веќе сум ги издишал последните здивови, а пак третиот ми рече дека веќе сум мртов“.
 
Ги провел летата од 1839 до 1843 на [[Жорж Санд|Сандовиот]] имот во [[Ноант-Вик|Ноант]]. Во овие мирни, но продуктивни денови Шопен искомпонирал многу дела. Во овој период спаѓа и неговата вличенствена [[Полонеза во Асас-дур]], Оп.53, поднасловена како „''Херојска''“, која сѐ уште е едно од најславните негови дела. Кога се вратил во Париз во 1839 се запознал со пијанистот и композитор [[Игнац Мошелес]].
 
Во 1845, здравјето уште повеќе му се нарушило, и со тоа настанал и сериозен проблем во односот со [[Жорж Санд]]. Ова се влошило уште повеќе во 1846 со проблемите со ќерката на Санд, Соланж и младиот вајар Жан Батист Огист Клезинже. Таа година Санд го издала своето дело ''Лукреција Флоријани'', чии главни ликови — богата актерка и принц со лошо здравје — може да се протолкуваат како Санд и Шопен; расказот бил неповолен за Шопен. Во 1847 семејните проблеми ѝ ставиле крај на десетгодишната врска помеѓу Санд и Шопен.
Шопен побарал на погребот да му се пее [[Реквием (Моцарт)|Моцартовиот ''Реквием'']]. ''Реквием'' има големи делови за женски гласови [[Црква на Магдалена|Црквата на Магдалена]] никогаш не дозволувала женски хористи. Погребот се одложил за речиси две недели, кога црквата облагнала, па дозволила женски хористи да пејат позади црна [[кулиса]].
 
Погребот се одржал на [[30 октомври]], [[1849]] г., на кој присуствувале речиси илјада луѓе. На него биле исвирени и Шопеновите прелудиуми бр. 4 во Еe-мол и бр. 6 во Хха-мол.
 
По негова желба бил погребан на гробиштата [[Пер Лашез]]. Крај гробот бил отсвирен неговиот ''Погребен марш'' од сонатата Оп. 35 во, во инструментација на [[Наполеон Анри Ребер]].<ref>[http://www.dobrowolski.com/joeandpam/famouspols/chopin-bio.html]</ref>
Шопеновата музика за пијано е комбинација од уникатен ритмички осет (особено со употребата на [[темпо рубато|рубато]]), честа употреба на [[хроматицизам]] и [[контрапункт]]. Оваа мешавина дава особено нежен звук во [[мелодија]]та и [[хармонија]]та, кои сепак имаат за подлога интересни хармониски техники. Тој го зел новиот салонски жанр [[ноктурно]] измислен од ирскиот композитор [[Џон Филд]], и го разработил до нови длабочини на софистикација. Само три од 21 ноктурно биле издадени по неговата смрт во 1849, наспроти неговата волја.<ref>''Писмо од 12 декември 1853 од Камил Плејел со Шопеновата сестра, Луиза Једрзејевич'', споменато во '''Chopin — Nocturnes''', со белешка од Евалд Цимерман, зима 1979/1980, издадено од G. Henle Verlag (ISM N M-2018-0185-8).</ref> Тој исто така ги обдарил популарните танцови форми како полската [[мазурка]] и валцерот, [[Виенски валцер|Виенскиот валцер]], со поширок дијапазон на мелодија и израз. Шопен бил првиот кој компонирал [[балада (музичка форма)|балади]]<ref name=scholesballade/> и [[скерцо|скерца]] како поединечни дела. Исто така го зел примерот на Баховите [[прелудиум (музика)|прелудиуми]] и [[фуга|фуги]], претворајќи го жанрот во своите ''прелудиуми''.
 
Неколку од Шопеновите дела се денес мошне познати — вакви примери се ''[[Етида Оп. 10, бр. 12 (Шопен)|Револуционерна етида]]'' (Оп.&nbsp;10,&nbsp;бр.&nbsp;12), ''[[Минутен валцер]]'' (Оп.&nbsp;64,&nbsp;бр.&nbsp;1), и третиот став од сонатата поднасловена како ''[[ПијаноСоната сонатаза пијано бр. 2 (Шопен)|Погребен марш]]'' (Оп.&nbsp;35), која често се користи како архетипична претстава за тага. (Треба да се спомене дека самиот Шопен никогаш не им давал наслови на делата, туку само жанр и број, така оставајќи му ги сите потенцијални вонмузички асоцијации на слушателот. Експресивните и атмосферски наслови по кои денес знаеме многу негови дела се сите измислени од некој друг) ''Револуционерна етида'' не била искомпонирана заради неуспешното востание во Полска против Русија; тоа е временска коинциденција. ''Погребниот марш'' пак бил искомпониран пред остатокот од сонатата во која се содржи, но точната прилика не се знае; изгледа дека не бил инспириран од некоја конкретна психолошка состојба.<ref>Kornel Michałowski, Grove</ref> Други мелодии пак, биле понатаму искористени како основа за популарни песни, како на пример бавниот дел од ''[[Фантазија-импромпту]]'' (Оп.&nbsp;постх.&nbsp;66) и првиот дел од Етида Оп.&nbsp;10&nbsp;бр.&nbsp;3. Овие дела често се засноваат на интензивниот и персонализиран хроматицизам, како и од мелодиската крива сродна на оперите во Шопеновото време — оперите на [[Џоакино Росини]], [[Гаетано Доницети]], и особено на Белини. Шопен со помош на пијаното ја пресоздавал грациозноста на пејачкиот глас, а постојано зборувал и пишувал за пејачи.
 
Шопеновиот стил и дарби станале сѐ повеќе влијателни. [[Роберт Шуман]] бил неверојатно голем обожавател на Шопеновата музика— иако ова лувство не било возвратено — и тој земал мелодии од Шопен, па дури и именувал едно дело од неговата свита ''[[Карневал (Шуман)|Карневал]]'' по Шопен.
{{cquote|Неговата изведба секогаш беше благородна и прекрасна; тоновите му пееја, било во полно „[[Форте (динамика)|форте]]“ или најмеко „[[Динамика (музика)|пијано]]“. Со неизмерна макотрпност се трудеше да ги научи учениците на изведбениот стил „[[легато]]“, „[[кантабиле]]“. Најострата негова критика беше: „Не знае како да сврзе две ноти“. Исто така бараше најстрого внимавање на ритам. Мразеше секава флегматичност и влечкање, погрешно поставени „[[рубато|рубата]]“, како и претерани „[[ритардандо|ритарданда]]“ ... и токму тука луѓето прават такви ужасни грешки при изведба на неговите дела.}}
 
Шопеновите полонези ја довеле таа музичка форма до ниво повисоко отколку што било кој можел да си замисли дека таа може да оди. Низата од седум полонези издадени за време на неговиот живот (други девет се издадени постхумно), започнувајќи со парот Оп. 26, поставил сосема нов стандард за компонирање и изведба на музика. Ова било вкоренето во Шопеновата страст за компонирање и издавање на полска музика — по повторниот пад во рацете на Русија. Полонезата во Аа-дур Оп. 40 бр. 1, „Воена“ и полонезата во [[Асас-дур]] Оп. 53, „Херојска“, се вбројуваат меѓу неговите најсакани и најизведувани дела.
 
=== Романтизам ===
[[Податотека:Шопен на марка-200 годишнина.jpg|мини|десно|Марка на [[Македонска Пошта]] по повод 200-годишнината од раѓањето на Фреферик Шопен (ФДЦ 10б/2010, 8 јуни 2010)]]
{{multi-listen start}}
{{multi-listen item|filename=Chopin - Mazurka D major Op.33 no. 2 (or 3) played by Lubka Kolessa.oga |title=Опус 33, бр. 2: Мазурка бр. 23, во Дде-дур|description=Лубка Колеса|format=[[Ogg]]}}
{{multi-listen item|filename=Chopin-Berceuse.ogg|title=Опус 57: Приспиванка|description=Вероника ван дер Кнап|format=[[Ogg]]}}
{{multi-listen item|filename=Muriel-Nguyen-Xuan-Chopin-valse-opus64-1.ogg|title=Опус 64, бр. 1: Минутен валцер|description=Муриел Нгујен Хуан|format=[[Ogg]]}}
{{рв|Frédéric Chopin}}
* [http://www.chopinmusic.net/ ''Chopin Music''] - мреж. место и форум за Шопеновата музика, вклучувајќи и снимки, партитури и галерии на слики.
 
 
{{Нормативна контрола}}
 
 
{{Романтизам}}
 
 
{{Избрана}}