Разлика помеѓу преработките на „Ѕвездена нуклеосинтеза“

нема опис на уредувањето
с (отстранета Категорија:Stellar physics; додадена Категорија:Ѕвездена физика користејќи го HotCat)
“Ѕвездена'''Ѕвездена нуклеосинтеза”нуклеосинтеза''' е процес во кој природните количества на хемиски елементи во ѕвездите се менуваат поради реакции на јадрена фузија во јадрата и внатрешните слоеви на ѕвездите. Со тек на времето, поради овие промени, ѕвездите еволуираат (стареат). Фузијата во јадрото ја зголемува атомската тежина на гасовитите елементи, што предизвикува губење на притисок и контракција, придружено со зголемување на температурата.<ref>Доналд Д. Клетон, “Принципи на ѕвездена еволуција и нуклеосинтеза”, МекГро-Хил, Њу Јорк (1968) глава 6</ref> Ѕвездите го губат поголемиот дел од својата маса кога таа е исфрлена во подоцниот период од нивните ѕвездени животи, и на тој начин се зголемува количеството на елементи потешки од хелиум во меѓуѕвездениот медиум. Терминот нуклеосинтеза на супернова се користи да се опише создавањето на елементи за време на еволуцијата и експлозијата на ѕвезда пред супернова, како што предвидел [[Фред Хојл]] во 1954.<ref>Ф. Хојл, Синтеза на елементи меѓу јаглерод и никел, Астрофизички Журнал, Дополнување 1,121(1954)</ref> Поттик за развојот на теоријата за нуклеосинтеза била варијацијата на количеството на хемиски елементи во Вселената. Графикот на овие количества претставен како функција од атомскиот број на елементите има назабена форма која варира до стапки од десетици милиони. Ова укажува на природен процес различен од случајна распределба. Ваков график може да се види во теоријата за историја на нуклеосинтеза. Процесот на ѕвездената нуклеосинтеза е главен од неколкуте процеси именувани како [[нуклеосинтеза]]
Втор поттик за разбирање на процесот на ѕвездената нуклеосинтеза се појавил во 20тиот век, кога било откриено дека долговечноста на [[Сонце|Сонцето]] како извор на светлина и топлина се должи на [[енергијата]] ослободена од реакции на јадрена фузија.<ref>[[Доналд Д. Клејтон]], “Принципи на ѕвездена еволуција и нуклеосинтеза” , МекГро-Хил, Њу Јорк (1968), преиздадена од печатницата на универзитетот на Чикаго (1983)</ref> Фузијата на јадра во ѕвезда, почнувајќи од изобилието на почетен водород и хелиум, ја обезбедува енергијата и синтетизира нови јадра како спореден продукт. Ова било откриено една деценија пред [[Втората Светска Војна]]. Продуктите од фузијата се ограничени само на оние елементи кои се малку потешки од оние кои се фузираат и поради тоа не придонесуваат многу кон промена на количината на елементите во природата. И покрај тоа, ова откритие придонело кон можноста за објаснувањето на овие количини на овој начин. Основната реакција која произведува енергија во Сонцето е [[јадрената фузија]] на јадра на [[водород]], при што се формира [[хелиум]], што се случува во јадрото на Сонцето на температура од 14 милиони келвини.