Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
Вапцаров бил најсилен поетски талент меѓу [[Македонци]]те кои твореле на други јазици, освен на [[македонски]]от. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни пѣсни“ содржи 20 песни напишани на бугарски јазик. <ref>Никола Йонков. "Моторни пѣсни", София, 1940</ref> Нему му е доделено едно од видните места во бугарската литература, иако тој самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец и дека ништо друго не би можел да биде и покрај тоа што создавал на [[бугарски јазик]]. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.<ref>''стр. 153, Литература на македонскиот јазик, Георги Сталев, Просветно Дело, Скопје, 1995.''</ref>
 
== БиографиjаЖивот ==
 
Вапцаров е роден во [[Банско (Бугарија)|Банско]] во [[Пиринска Македонија]] во [[1909]] година во семејство кое било посветено на македонското ослободително движење. Неговата мајка била [[учител]]ка и со самите нејзини контакти со месното население се вклучила во ослободувањето на Македонија<ref>''стр. 153, Литература на македонскиот јазик, Георги Сталев, Просветно Дело, Скопје, 1995.''</ref>.
Ред 46:
 
== Книжевна дејност ==
[[File:Беседа за делото на Вапцаров - Б.Ристовски.pdf|thumb|мини|десно|„Беседа за делото на Вапцаров“ од [[Блаже Ристовски]] (1990)]]
 
За време на својот живот, Вапцаров објавил само една збирка поезија под наслов „Моторни песни“. По паѓањето на фашизмот во Бугарија била објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“.
 
Ред 77:
Амбасадата на Република Бугарија во Македонија и [[Културно информациониот центар на Република Бугарија во Република Македонија]] исто така организираат „Вапцарова вечер“.<ref>[http://inpress.com.mk/?ItemID=F653373957F2144980D3EFE7AFD0DA80 Вапцарова вечер] Агенција "Инпрес", 16 декември 2009</ref>
 
== ФамилијатаСемејството и Никола ==
 
Значајно е дека изјавите на фамилијата за него се во голема зависност од политичката состојба во Бугарија. Така за време на судскиот процес, мајка му Елена напишала молба до царот [[Борис ІІІ]] „Ваше величество, младите години си ги дадов за Бугарија, залакот од устата и оној на децата го делев со сите апостоли за слободата на Бугарија .... Мојата молба е милост, милост, Ваше величество, дарувајте му го животот, преземам одговорност дека ќе се потрудам да му влијајам, дека тој ќе стане добар Бугарин“ (15 јули 1942 година). Во две други молби до министерот за одбрана исто така се заложува дека „Тој ќе стане добар Бугарин и своите сили и способности ќе ги положи пред олтарот на својата Родина.“<ref>ЦВА, ф. 15, оп.ІІ, а.е.112, л.297</ref> Во очајните обиди да го спасат неговиот живот, сестра му Рајна ќе оди дури подалеку во својата молба до царот: „Мајка беше вистинска Бугарка и за неa родината беше најскапото нешто. Таа сакаше да ја види слободна од „Дунав до Егејот бел, и од Албанската пустина до Црноморските води“. И сега кога срцата на сите се радуваат, мојата мајка не може да се радува, оти нејзината мечта се остварила, бидејќи нејзините двајца синови се обвинети како комунисти.“ <ref>ЦВА, ф.16, оп.ІІ, а.е.112, л.491-492</ref> Неколку години подоцна, за време на културната автономија во Пиринска Македонија, при средба со македонски писатели Елена Вапцарова ќе изјави „Најпосле дочекав да се сретнам со македонски писатели, колеги на мојот Кољо. И тој со нив ќе дојдеше ако беше жив, но го убија крвниците... Некои после ослободувањето, ме прашаа - чиј поет е тој? Одговорив со неговите зборови: „Над мојата земја в небото се опира Пирин, и мурите в бури илинденски приказни пејат, над Охрид лазурот е просторен и син, а уште надолу е светлиот брег на Егејот” Секако, поетот не може да поседува со тапија, но ако постои тоа, во тој случај тапија ќе бидат неговите стихови.“ <ref>Весник „[[Нова Македонија]]“ 7 мај 1948 година</ref>
 
Братот на Никола, Борис, градил успешна кариера како комунистички функционер и целосно ја следил политиката на БКП, вклучително и во однос на македонското прашање.<ref>http://www.nbu.bg/webs/historyproject/dokumenti_44-62/razdel1t1/f1op5ae134.pdf</ref> Неговите деца Маја<ref>http://liternet.bg/publish/ctrifonova/otgovor.htm</ref> и Никола на ист начин го продолжуваат искачувањето кон тоталитарната елита. Падот на нивната злоупотреба со името на Никола Вапцаров за корисни цели ќе заврши со уништување на неговиот гроб во повеќемесечен скандал.<ref>http://www.btv.bg/news/news_details.pcgi?cont_id=135833</ref>
 
== Извори ==
<references/>
 
== Галериjа ==
Ред 104 ⟶ 101:
* [http://www.makedonika.org/NarodnaVolja/September.2006/stat_link3.html Родината на Вапцаров]
* [http://strumski.com/biblioteka/?id=601 "О-в Марма"] Импресиjа од Вапцаров
 
== Извори ==
<references/>
 
{{Македонска книжевност}}