Полјоделство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Полјоделство''' или '''Поледелство''' — една од основните дејности во рамки на [[земјоделство]]то, која го опфаќа делот на обработката на земјиштето за одгледување на разновидни растенија од кои се добива храна за човекот и добитокот, суровини за понатамошна индустриска обработка и производство итн. Тоа зафаќа најголем дел од обработливите површини, ангажира бројна работна сила и голем дел од агротехничките средства и обезбедува издршка (егзистенција) на најголем дел од селското население<ref name="Енциклопедија">{{наведена книга|last=Новачевски|first=Димитрија|editor=Блаже Ристовски|title=Македонска енциклопедија|volume=2|year=2009|publisher=МАНУ|location=Скопје|language=македонски|isbn=978-608-203-023-4 (1)}}</ref>. Според вкупниот обем на производството, поледелството претставува најважна земјоделска област<ref name="Енциклопедија" />. Во рамки на поледелството најмногу се одлегува и произведува: [[жито]], градинарски култури односно зеленчук, индустриски култури, овошје и фуражни култури за сточна храна, поради што тоа во својот состав ги вклучува [[градинарство]]то, [[овоштарство]]то и [[лозарство]]то. Поледелското производство може да биде интензивно и екстензивно, како и оранжериско под стакленици и пластеници каде со подобрување на условите во однос на топлината и светлината од сончево зрачење се забрзуваат процесите на растење и зреење на посевите најчесто кај раниот зеленчук. Поради овие одлики често поледелството се именува и смета за синоним за земјоделството, кое истовремено го вклучува и сточарството.
 
== Наводи ==