Обединето Кнежевство Влашка и Молдавија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 84:
'''Обединето Кнежество Влашка и Молдавија''' или '''Романски обединети кнежества''' ([[романски]]: ''Principatele Unite ale Valahiei şi Moldovei'') е името на романската држава во периодот од 1859 до 1881 година.
 
== Историја ==
По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во [[Париз]] започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежества. На едната страна застанале [[Австрија]] и [[Османлиската империја]] заедно со [[Англија]] која била во добри трговски односи со [[Истанбул]]. Од друга страна била [[Франција]] која не сакала [[Русија]] да излезе во своите сфери на влијание на [[Балкан]]от, [[Медитеран]]от и [[Мала Азија]] како и [[Русија]] која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежества имале емигрантите во [[Западна Европа]], посебно во Франција која не се спротиставувала на обединувањето.