Земјоделство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
==Историја==
 
Околу 9 000 години п.н.е. жителите на Средниот исток почнале да ги садат првите посеви. Оттогаш се испробени многу начини на одгледување на растенија, животни и ловење на риба. Во предисториско време земјоделството започнало со приптомување животни, а потоа и со одгледување растенија<ref name="МИ-АН енциклопедија" />. Предисторискиот човек припитомил некои животни (овца, говедо, коњ, коза, куче) од кои добивал млеко, месо, волна и кожа, а подоцна почнал да ги користи за за влечење и носење товар, за орање и други потреби<ref name="МИ-АН енциклопедија" />. Првичните земјоделски дејности биле забележани во долините на големите реки какви што се [[Нил]] во [[Египет]], [[Тигар]] и [[Еуфрат]] во [[Месопотамија]] (денешен [[Ирак]]), [[Инд]] и [[Ганг]] во [[Индија]]<ref name="МИ-АН енциклопедија" />, [[Јангцекјанг]] и [[Хоангхо]] во [[Кина]]. Ратајството влече корени и од предисториска [[Европа]] и регионите околу [[Средоземно Море|Средоземното Море]]: во [[Картагина]] биле развиени повеќето земјоделски гранки, кои во периодот на [[Римско царство|Римското царство]] достигнале висок степен на развој<ref name="МИ-АН енциклопедија" />. Ралото и плугот, српот и другите едноставни земјоделски орудија биле познати на Еѓипќаните, Индијците и Кинезите уште во стариот век<ref name="МИ-АН енциклопедија" />. Денес земјоделството е важен фактор за економскиот раст на една земја.
 
== Ограноци ==
Ред 14:
* [[Сточарство]]
* [[Живинарство]]
 
==Начини на земјоделско производство==
 
== Направи ==
Ред 25 ⟶ 27:
 
== Земјоделството ширум светот ==
Најголемиот број на [[луѓе]] во [[Земја|светот]] се вклучени во земјоделството како нивна примарна [[Економија|економска активност]], но и покрај тоа, тоа сочинува само четири проценти од светскиот [[БДП]]. Сепак, денес земјоделството е важен фактор за економскиот раст на една земја. Повеќе од половина од светското жителство своите основни прехранбени потреби ги задоволува само со три [[житарки]]: [[пченица]], [[пченка]] и [[ориз]]. [[Азија]] дава повеќе од 90% од вкупниот светскиот принос на ориз, додека [[Бразил]] го снабдува светот со 85% од вкупното произвидство на сок од [[портокал]].
 
Во [[2014]] година, во [[Македонија]], во регистерот на [[Управа за јавни приходи|Управата за јавни приходи]] биле регистрирани вкупно 164 992 земјоделци, од кои, 16 593 се регистрирале како лица на кои земјоделството им е основна дејност, додека другите 143 399 пријавиле дека земјоделството им е дополнителна дејност.<ref>„Од 165.000 регистрирани земјоделци, 12.500 уплаќаат за пензија“, ''Дневник'', година XVIII, број 5596, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 6-7.</ref>