Разлика помеѓу преработките на „Ефект на стаклена градина“

с
Отстрането уредувањето на 79.125.210.239 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Македонец|Макед...
с (Отстрането уредувањето на 79.125.210.239 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Македонец|Макед...)
'''Ефектот на стаклена градина''' е природен феномен што ја загрева Земјата до околу 33 °С<ref name="Енциклопедија">{{наведена книга|last=Питмен|first=А.Џ.|editor=Оливер, Џон. Е.|title=Енциклопедија на светската климатологија|edition=2010|publisher=Просветно дело|location=Скопје|language=македонски|pages=273–280}}</ref>. Тој е предизвикан од стакленичките гасови во атмосферата, а во моментов овој природен ефект, е засилен од човековото делување преку ослободување дополнителни стакленички гасови во атмосферата<ref name="Енциклопедија" />.
 
== Вовед Почеток ==
[[File:Стаклена градина.jpg|thumb|200px|right|Приказ на опсегот и количеството на електромагнетно зрачење емитирани од сонцето и земјината површина]]
Сонцето зрачи неизмерно количество енергија преку широк спектар на бранови должини.Најголем дел од енергијата од Сонцето е концентрирана во видливиот и блиску-видливите делови од спектарот. 43 % од вкупната емитувана енергија од Сонцето се наоѓа во видливиот дел од спектарот, а од 7 до 8 % од вкупната емитувана енергија од Сонцето се наоѓа пониско од видливиот спектар каде брановата должина се намалува. Што е помала брановата должина на светлината, толку повеќе енергија содржи. Ултравиолетовото зрачење, кое има многу мала бранова должина содржи многу повеќе енергија, и е способно да раздели стабилни биолошки молекули , како и да предизвика изгореници и рак на кожата . Останатите од 49 до 50 % од вкупната емитувана енергија се наоѓаат над видливиот дел на спектарот, кои се наоѓаат во инфрацрвеното зрачење. Најразлични компоненти од Земјината атмосфера ги апсорбираат ултравиолетовото и инфрацрвеното зрачење. Единствено што останува е видливата светлина која продира низ Земјината атмосфера. Апсорбирана од земјата, океаните и вегетацијата на површината, видливата светлина се трансформира во топлина и зрачи во форма на невидливо инфрацрвено зрачење враќајќи се наназад кон Земјината атмосфера.