Гаврил Константинович: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 35:
Откако му се подобрува здравствената ситуација, заминува во градот [[Кем]], каде од почетокот на август работи како лекар во составот на персоналот при дирекцијата за изградба на Мурманската железница. Во Кем го затекнува избувнувањето на [[Октомвриската револуција]]. Константинович се приклучува на новата револуционерна власт и станува член на Извршниот комитет на Советот на работничките и воените депутати во Кем, како комесар за народно здравје. По започнувањето на [[Руска граѓанска војна|Руската граѓанска војна]], интервенционистичките сили на [[Антанта]]та го заземаат Кем и околните места, при што во првите денови на јули [[1918]] година е уапсен и Константинович. Ставен е под истрага на Првата српска доброволечка дивизија. Како една од точките на обвинението е и тоа дека Константинович не се признавал како Србин, туку кажувал дека е „Славјан – Македонец“.
 
=== Смрт ===
На барање на англиската војска во [[Мурманск]], Константинович во придружба на двајца српски војници е испратен со воз во Мурманск, но по патот, наводно при обид за бегство, е убиен на [[1 септември]] [[1918]] година.