Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
==Толкувања и дефиниции==
[[File:Хартленд и Римленд.jpg|thumb|300px|десно|Картата на светот врз основа на основите геополитички концепти за „хартленд“ (јадро-стожер) и „римленд“ (обрач)]]
Под поимот геополитика во американската литература се подразбира општествена научна дисциплина, која се занимава со проучување на ефективноста на етничките, демографските и економските аспекти врз политиката на државата<ref name="Милески" />. Според бугарскиот професор Карастојанов, геополитиката претставува додаток на природните, економските, социјалните и демографските особености на државата во креирањето на нејзината политика<ref name="Милески" />. Според „Социолошкиот терминолошки речник“ на [[МАНУ]], геополитиката се дефинира како научна дисциплина која истакнува дека земјата на која живее еден народ или на која е организирана државата има пресудна улога во организирањето на политичкиот облик на општеството и водењето на државната политика<ref>{{наведена книга|last1=Чокревски|first1=Томислав|authorlink1=Томислав Чокревски|last2=Корубин|first2=Благоја|last3=Ацески|first3=Илија|title=Социолошки терминолошки речник||url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/b6/%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8_%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8_%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BA.pdf|year=1995|publisher=МАНУ|location=Скопје|language=македонски|isbn=9989-43-035-7|page=60}}</ref>. Професорот на Универзитетот во Портланд, Ладис Д. Кристоф, дава дефиниција за геополитиката како проучување на политичките феномени во: 1) нивните просторни односи и 2) нивните врски во однос на зависноста и влијанието на Земјата, како што се сите оние културни фактори кои го сочинуваат предметот на проучување на хуманата географија (антропогеографија) во широка смисла на зборот<ref name="Kristof, K.D.">{{наведено списание|last=Kristof, K.D.|first=Ladis|year=1960|title=The Origins and Evolution of Geopolitics|journal=The Journal of Conflict Resolution|publisher=Sage Publications|volume=1|issue=4|page=34|issn=0022-0027|language=англиски}}</ref>. Понатаму, тој ја поедноставува дефиницијата на геополитиката како политика која е интерпетирана географски или анализирана од и врз основа на нејзиниот географски контекст<ref name="Kristof, K.D." />. Прецизна дефиниција на предметот на геополитиката дава и проф. Мартин Гласнер кој смета дека геополитиката е изучување на државите во контекст на глобалните просторни феномени во обид да се разбере основата на моќта на државите и интеракцијата на државите во светските и меѓународните односи<ref name="Glassner">{{наведена книга|last1=Glassner|first1=Martin|last2=Fahrer|first2=Chuck|title=Political Geography|series=3rd|year=2004|publisher=Wiley|location=Hoboken|language=англиски}}</ref>. На ова сфаќање се надоврзува и дефиницијата која смета дека геополитиката е прочување на односите помеѓу политичкото дејствување и географскиот простор во меѓународните односи. Доста поедноставена дефиниција на тоа што е геополитика дава и еден од најновите правци на критичката геополитика кој смета дека геополитиката може да се опише како теорија за решавање на проблемите и практика на владеење во одреден простор<ref name="Милески" />.
 
Од сите овие изнесени дефиниции и толкувања, произлегува сфаќањето дека главната задача и идеа на геополитиката е изочување на политичките феномени во контекст на географскиот простор со цел подобро да се разберат случувањата во светот, но и кои се оние важни места кои треба да се контролираат и поседуваат за да се владее со одреден простор или со светот во целост. Задачите и полето на истражување на геополитиката се најдобро дефинирани со мислата на германскиот геополитички мислитер и генерал, Карл Хаусхофер, кој сметал дека геополитиката е прагматична наука која на основа на географските согледувања треба да даде прецизни предвидувања за политичко дејствување и акција<ref name="Хаусхофер">{{наведена книга|last=Haushofer|first=Karl|title=Grenzen in ihrer Geographicen und Politischen Bedeutung|year=1927|publisher=Kurt Vowinckel Verlag|location=Берлин|language=германски}}</ref>. Во тој поглед доста е раширено сфаќањето за геополитиката како метод во рамки на реалистичка школа на меѓународните односи. Имајќи предвид дека врз основа на геополитичките теории и сознанија, државите во светот, а посебно поголемите и помоќните држави (т.н. „големи сили“), градат стратегии за успешно остварување на своите национални интереси, геополитиката најчесто се гледа како доктрина за надворешната политика на државите. Многу често се смета дека геополитиката е инструмент на освојувачките, експанзивни и империјалистички политики и желби на големите држави, меѓутоа во современи услови геополитиката е значајна за опстанокот и остварувањето на националните интереси на сите држави во светот без разлика на нивната големина и моќ, а со процесот на глобализација геополитиката добива и сосема нови размери (т.н. „негеополитика“) кои се однесуваат не само на државите, туку и на недржавните актери и единки како народи, племиња, општествени движења, религии, цивилизации, сепаратистички движења, терористички групи и криминални мрежи и организации.