Социјализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Шаблон:Социјализам}}
'''Социјализмот''' е [[идеологија]] чие централно залагање е замена на [[капитализам|капиталистичкото општество]] со општество што ќе се карактеризира со намалување на општествените разлики, со замена на приватната сопственост над средствата за производство со државна и општествена сопственост, со воведување на мерки на економско планирање и со нагласување на економската соработка наместо на економскиот напредок. Од аспект на општественото уредување, социјализмот претставува општествено уредување засновано на средствата за производство и врз распределбата на доходот според принципот: секому според трудот и резултатите на трудот. Најчесто социјализмот се сфаќа во значењето што му го даде [[марксизам|марксизмот]], имено, како преоден период, подготвителна фаза која ќе води кон [[комунизам]].
 
Социјализмот не е хомогена идеологија и постојат повеќе политички правци кои можат да се опфатат со поимот „социјализам“. Во најшироко значење, како социјалисти се класифицираат [[социјалдемократија|социјалдемократите]], [[демократски социјализам|демократските социјалисти]], [[комунизам|комунистите]] и [[анархизам|анархистите]], потесното сфаќање ги склучува анархистите, а според најтесното значење како социјалисти се подразбираат само демократските социјалисти. Во секој случај, разликите помеќу различните социјалисти се толку големи што не може да се зборува за една социјалистичка идеологија, туку само за повеќе социјалистички идеологии.