Образование: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
Образованието има важна функција во секое општество. Поради важноста на образованието секоја [[влада]] сака да ја дефинира својата концепција и содржина, за секој поединец да ги прифати вредноста и нормите на системот. Поради тоа [[држава]]та обезбедува финансирање на образованието. Покрај тоа, во однос на содржината, се обиде да утврди социјалните норми и вредности и да се изгради свест за припадност кон својата [[заедница]], [[општествена група]], [[религија]].
 
cbcsxd asd
Преку едукација и исто така се развиваат чувства за сопствената [[култура]], почитување на принципите и солидарноста. Преку школување се обликува свеста и гледиштето на поединецот, кога станува збор за процеси во општеството и системот на [[власт]]а. Сите образовни системи се базираат на познавање на [[историја]]та на општеството. [[Институционализација]]та на образованието и покрај тоа што врз основа на усвојување на збир од правила и социјални вредности, се огледува и во знаења и вештини кои поединецот ги совладува во процесот на [[обука]]та. Преку силен образовен систем се менува структурата на општеството, на [[семејство]]то и [[професија]]та. По Талкот Парсонс училиштето е мост меѓу семејствата и општеството како целина. Училиштето го подготвува детето за неговата улога. Образованието е всушност израз на социјалниот систем. Тоа денес значи еднакви шанси кои отвараат можност за менување на положбата кај некои поединци кои ја стекнале со раѓање или наследство. Тоа е многу важно за социјалнен престиж, власт и моќ. Стекнатите знаења и образовните вештини се многу применливи и корисни во практичниот живот. Иако лицата се стекнуваат со знаењата индивидуално тоа е богатство на сите луѓе во општеството.
 
== Социолошки теории на образованието ==
Сите теории на образование се во договор за неговата голема важност, но тие даваат различни објаснувања и предлози:
 
=== Функционална теорија ===
Според овие претставници на социјализацијата функција на образованието е најважна. На пример, [[Емил Диркем]] верува дека училиштето е мост меѓу поединецот и општеството. Според него, современите општества се хетерогени, со развиена поделба на трудот, настапуваат многу различни лица. Во оваа разновидност, која не може да се спречи потребно е да се донесат некои количини на [[хомогеност]], еднаквост, за да се осигура [[интеграција]]та на општеството.
 
Училиштето е главно средство за постигнување еднаквост. [[Талкот Парсонс]], исто така, сметал дека училиштето е жариште во модерните друштва. Училиштето ги учи децата за тоа како друштвото не е составено од родителите, роднините, пријателите, туку дека во одделението можностите и условите се еднакви за сите. Училиштето ги учи децата да ги прифатат разликите меѓу партикуларистичките и универзалистичките норми на вреднување, а тоа е важно за да се вклучат во светот на возрасните.
 
Партикуларните норми значат вреднување на поединец по она што е, а не кој е. Родителите ги вреднуваат децата како свои, како посебно, а не како другите деца. Овие се стандардите поврзани со пропишаната позиција.
Унивeрзалистичките норми значат дека поединецот е само една од многуте (еднаков) и дека неговата позиција е условена во споредба со другите, а не однапред загарантирана. Ова значи дека неговите постигнувања се вреднувани од гледна точка на општите [[стандард]]и, прифатени во општеството, а не од гледна точка на одредени критериуми (да се биде нечие дете или да припаѓа на некоја раса, религија, нација, итн.)
 
Баш тука детето ја учи разликата што е многу важно да се подготви за иднината. Од гледна точка на социјализација, образованието не подразбира само пренос на вредности и норми на општеството, но, според Парсонс таму се учат најважните правила на животот.
 
=== Манифестна функција на училиштата ===
Манифестната функција на училиштата се состои во следното:
*- Пренос на културните традиции и [[социјализација]]та
*- Училиштето значи функционирање на општествен систем како целина. Училиштето е друштвена [[институција]] која служи за селекција и распределба на друштвена положба.
 
Во училиштето треба да се почитуваат меритократските правила - систем на пристрасни, објективни мерила на вреднување на [[способност]]а, [[труд]]от и [[достигнување|достигнувањата]] на поединците. Овие принципи треба да се вредуваат во целото друштво (кој работи посложена работа треба подобро да се плати), но се особено значајни во училиштето. Ова значи дека учениците кои се трудат повеќе и имаат подобри вештини, треба да добијат подобра [[оценка]], која ќе им овозможи да го продолжат своето образование и подобро платена работа, а со тоа и подобра [[општествена положба]].
 
Училиштето би требало да служи како друштвен механизам на селекција - избор на најспособни поеднинци кои ке заземаат најзначајна положба во друштвото. Во исто време, училиштето е општествен механизам на распределба-дистрибуција на луѓето во одредени професионални улоги.
 
Со исполнување на овие две важни функции, училиштето придонесува за зајакнување на социјалната интеграција. Ова е особено важно во расни и етнички мешани друштва. На пример, во САД се учи што тоа значи да се биде американец од различно расно и етничко потекло. Младите таму усвојуваат заедничко [[културно наследство]] и се подготвени да бидат одговорни граѓани. Се разбира, ова не е само за Американците.
 
Покрај манифестната функција на училиштата, постои и латентна функција на училиштата (ненамерна улога на училиштата), како:
Училиштата служат како институции за згрижување на деца, места каде што децата се безбедни
Училиштето како "брачен пазар", може да служат младите да избираат партнери од слично друштвено потекло
Училиштето развива друштвени вештини за комуникација, сколопување пријателства
Формалното образование ги чува младите луѓе на пазарот на трудот, а со тоа предизвикува намалување на невработеноста и спречување на конкуренција помеѓу младите и возрасните за работа
 
=== Конфликтни теории за образованието ===