Светска здравствена организација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување на текстот т.е преведен од англиски на македонски од извор википедија, но потребно е негово уредување
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите. Оваа организација е задолжена за здравството во светски рамки и работи во склоп на Обединетите Нации. Сите нејзини препораки и залагања се прифаќаат целосно од државите. Ретко кој се сомнева или спротивставува на нејзините одлуки.
 
Историја
Почетоците на СЗО се уште од 1945 година, кога за време на Конференција на Обединетите нации за Меѓународни организации д-р Szeming Sze инаку делегат од Кина се состанал со Норвешки и Бразилски делегати каде пробале да создадат меѓународна здравствена организација под покровителство на Обединетите нации. Откако не успеале да усвојат резолуција на таа тема, Alger Hiss, секретар на конференцијата се изјаснал со став дека со користење на декларација може да се воспостави т.е креира таква организација. Меѓутоа зборот “меѓународна” бил заменет со “светска” со што се истакнува вистинската глобална природа на она што се обидува да го постигне оваа организација. Уставот на СЗО бил потпишан од страна на сите 51 земји на Обединетите нации и уште други 10 земји, на 22 јули 1946 година со тоа станува прва специјализирана агенција на Обединетите нации која е прифатена од сите земји членки. Уставот формално на сила стапува на 7 април 1948 година. На првиот состанок на светското здравствено собрание кој завршил на 24 јули 1948 година , добива обезбеден буџет кој изнесувал US $ 5 милиони (тогаш GBP £ 1.250.000) за 1949 година. Андрија Stampar е првиот претседател на собранието и G. Brock Chisholm е првиот генерален директор на СЗО. Нејзините први приоритети биле да се контролира ширењето на маларија, туберкулоза и сексуално преносливи инфекции, како и подобрување на храната и хигиената во животната средина.
 
Структура
Членство:
Светската здравствена организација е член на групата за развој на Обединетите нации. Светската здравствена организација во 2015 година брои 194 земји членки, земји кои не се со статус на членство се Лихтенштајн, Куковите острови и Ниуе. А една држава може да стане полноправен член на оваа организација со потпишување т.е одобрување на договорот познат како Устав на Светската здравствена организација. Во 2013 година СЗО се прошири со уште 2 нови членки тоа се Порторико и Токелау. Исто така има и членки со не полноправен статус односно членки “набљудувач” како што е Палестина. Исто така во 2010 година Тајван е повикан под името “Кинески Тајпеј”.
*Карта на која се означени со зелено сите земји кои се членки на Светската здравствена организација
 
 
Назначување на тело кое ќе донесува одлуки
Земјите членки на СЗО назначуваат делегации на Светското здравствено собрание, кое е највисоко тело за донесување одлуки. Сите земји членки имаат право да одлучуваат, на официјалната веб страна на СЗО е наведено дека “доколу има заинтересирани членови за прием во СЗО дали новиот член ќе биде или нема да биде примен зависи од тоа како ќе се искаже мнозинството од членовите на Светското здравствено собрание”. Покрај тоа организациите на ОН како што се Меѓународиот комитет на Црвениот крст и меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина се влезени во “официјални односи” со СЗО и се поканети како набљудувачи. Во Светското здравствено собрание тие се присутни заедно со други невладини организации. *Седиштето на Светската здравствена организација во Женева.
 
 
 
Извршен одбор и Собранието на оваа организација
Седиштето на СЗО се наоѓа во Женева, исто така Светското здравствено собрание воедно е и највисоко законодавно и одлучувачко тело. И обично еднаш годишно се состануваат и тоа во месец Мај, исто така на секои 5 години се назначува нов генерален директор, и се изгласува годишен буџет и расположливи финансии на СЗО. Исто така на овај состанок се разгледуваат и извештаите на Извршниот одбор и се одлучува дали постојат области на работа која бара понатамошно испитување. Собранието избира и 34 членки, кои се технички квалификувани во областа на здравството во Извршниот одбор со времетрање од 3 мандати. Главната задача на Извршниот одбор е да ги преиспитува одлуките и политиките на Собранието и исто така да го советува со цел да се олесни неговата работа.
 
 
 
 
 
Регионални поделби:
Поделбата на региони т.е регионалните поделби се создадени меѓу 1949 и 1952 година, и се базираат на член 44 од Уставот на СЗО, со кој се овозможува да се формираат посебни организации под покровителство на една заедничка организација со што се може подетално и индивидуално да се решат некој регионални дискусии околу проблеми, барања и слично.
На Картата се прикажани регионалните поделби:
Africa со седиште во: Brazzaville, Congo(означен со сина боја)
Americas; со седиште во : Washington, DC, USA(означен со светло сина боја)
Europe; со седиште во : Copenhagen, Denmark(означен со зелена боја)
Источен медитеран.; со седиште во: Cairo, Egypt(означен со жолта боја)
Северно-источна Азија; со седиште во: New Delhi, India(означен со виолетова боја)
Западен пацифик; со седиште во : Manila, Philippines(означен со црвена боја)
 
 
 
 
 
Генерални директори
На чело на организацијата е генералниот директор кој е избран од страна на Светското здравствено собрание. Тековен генерален директор е Margaret Chan, кој прво е назначен на 9 ти ноември 2006 година и потврдува за втор мандат кој важи до крајот на јуни 2017 година. СЗО располага со 8.500 вработени во 147 земји. Во принципот на поддршка на средина во која не се пушат цигари, СЗО не вработува пушачи. Во СЗО работат такнаречените “Амбасадори на добрата воља”, членови на уметноста, спортот и други области од јавниот живот во насока на поддршка на иницијативи и проекти на СЗО. *Ова се генералните директори кои биле назначени на чело на СЗО од создавањето на оваа организација до ден денес.
Финансирање на СЗО
Од 2012 година најголем процент на годишни придонеси се од Соединетите Американски Држави ($ 110,000,000), Јапонија (58.000.000 $), Германија (37.000.000 $), Велика Британија (31.000.000 $) и Франција (31.000.000 $). Во последниве неколку години потикната е соработката со невладините организации. Во 2002 година вкупно 473 невладини организации имале некој вид на партнерство со Светската здравствена организација, од кој 189 биле официјални формални односи а остатокот се смета за неформален тип на соработка.
 
 
 
 
 
 
Неколку примери од “најновите” истражувања и препораки на СЗО:
 
ПРИМЕР БРОЈ 1: СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МЛАДИТЕ
Луѓето кои користат слушалки треба да ја ограничат нивната употреба на еден час дневно и да го намалат звукот за да спречат трајно оштетување на слухот, препорачуваат од Светската здравствена организација. Агенцијата на Обединетите Нации изјави дека младите луѓе имаат најголем ризик за оштетување на слухот, особено оние кои доаѓаат од средни или богати земји. Речиси половина од 12-35-годишниците користат слушалки и слушаат прегласен звук. Речиси 40% од младите се изложени на штетни звучни нивоа во ноќни клубови, барови и спортски настани.
„Како што се зголемува интензитетот на звукот истовремено се намалува дозволеното време за безбедна изложеност на висок звук“, вели д-р Шели Чада, експертка за оштетен звук од Светската здравствена организација.
 
Звукот со интензитетод 85 децибели, еднаков на сообраќаен метеж, може да биде безбеден до 8 часа. Но, ова безбедно време се намалува двојно со секои три децибели нагоре. Затоа, звук од 100 децибели е безбеден само 15 минути.
„Тинејџерите и младите луѓе може подобро да го заштитат својот слух со намалување на звукот на слушалките и носење заштитни слушалки за време на гласни настани“, изјавуваат од Светската здравствена организација.
ПРИМЕР БРОЈ 2: Светска здравствена организација: Преработеното месо е кацерогено
Агенцијата за храна при WHO, Светската здравствена организација, вели дека преработеното месо како колбасите, деликатесите, виршлите може да го доведат организмот до рак, како на пример канцер на дебелото црево. Истражувачи од агенцијата анализираа и евалуирааа над 800 научни трудови од насекаде во светот, на тема месо и рак. Резултатите покажале дека преработеното месо е „канцерогено за луѓето“, а пак црвеното место е „најверојатно канцерогено“.
 
Кога станува збор за количина на консумирање со која човекот е на ризик на рак, експертите велат дека 50 грама преработени месо дневно, го зголемува ризикот за појава на рак за 18%. Овие резултати кореспондираат со многуте препораки на организацијата, за јавното здравје, во насока на намалување на количината на консумирање на месо. Сепак, од агенцијата велат дека не треба целосно да се исклучите месото од исхраата, бидејќи, на пример, црвеното месо има голема хранлива вредност и бенефициии. Најсоодветно би било да се намали и ограничи консумирањето на месо, а по можност преработеното месо целосно да се исклучи од исхраната.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Моментални проекти на СЗО
*Ова се официјални податоци превземени од официјалната веб страна на СЗО
ЕБОЛА- Во светот на на 6-ти декември имало 28.637 и 11.315 смртни случаи. СЗО има кадар од 7.000 обучени експерти во клиничкиот менаџмент за превенција од инфекции и контрола.
Mers –CoV- СРЕДНОИСТОЧЕН РЕСПИРАТОРЕН СИНДРОМ-СЗО има информација со 1.621 потврдени лабараториски случаи на инфекција со Mers –CoV(глобално), исто така има и 584 потврдени смртни случаи поврзани со Mers –CoV од септември 2012 до сега.