Разлика помеѓу преработките на „Отоманско Царство“

Периодот од историјата на Отоманската империја од [[1908]] до [[1922]] година е познат како периот на [[Распаѓање на Отоманската империја|распаѓање на империјата]]. Почетокот на овој период се карактеризира со започнување на [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во [[1908]] година. Претходно, пред крајот на [[19 век]], на [[Балкан]]от биле создадени три нови држави: [[Грција]], [[Бугарија]] и [[Србија]].
 
Овој период започнал со т.н. [[Втора уставна ера (Отоманска империја)|Втора уставна ера]], кој придонел за промена на уставот кој бил донесен во [[1876]] година и создавање на отомански парламент и првите [[Список на партии во Отоманската империја|политички партии]]. Новите држави на [[Балкан]]от, со поткрепа на [[Руската империја]] сакале целосно да ја протерат османлиската власт во [[Албанија]], [[Македонија]] и [[Тракија]]. Во [[1912]] година избувнала т.н. [[Прва балканска војна]], која завршила со потпишување на [[Лондонски договор, 1913|Лондонскиот мировен договор]] во [[1913]] година. Според него, [[Албанија]] на [[27 декември]] [[1912]] била призната за независна држава, а предлогот за [[Македонија]] не бил прифатен. Во [[Тракија]], двете главни бугарски војски удриле со сета сила на [[Лозенград]] и [[Едрене]]. По завршувањето на Првата Балканска војна, помеѓу сојузничките сили започнала нова т.н. [[Втора Балканска војна]].
 
==== Прва светска војна ====
{{Главна|Османлиска Империја во Првата светска војна}}
{{Османлиска Империја во Првата светска војна}}
[[Податотека:Turkish trenches at Gallipoli.jpg|thumb|left|200px|[[Мустафа Кемал Ататурк|Мустафа Кемал (Ататурк)]] во [[ОпсадаГалиполска на Галиополи (1915-1916)операција|Галиополи]] во 1915 година.]]
 
Веднаш по завршувањето на Балканските војни, ногу бргу започнала Првата светска војна. Во [[Првата светска војна]], [[Османлии]]те се приклучиле кон [[Централни сили|Централните сили]], се со цел повраќање на загубените територии. Младотурската влада потпишала таен договор за создавање на сојуз помеѓу империјата и [[Германска империја|Германија]] во [[август]] [[1914]] година. Отоманската империја официјално во војната влегла по [[Гебенски и Бреславски инцидент|Гебенскиот и Бреславскиот инцидент]]. Во текот на првите години од војната следувале неколку успеси на страната на Османлиите, како [[ОпсадаГалиполска на Галиополи (1915-1916)операција|заземањето на Галиополи]] и [[Опсада на Кут|Кут]]. По ова, следувал [[Кавкаски поход|Кавкаскиот поход]], во кој [[Османлии]]те биле катастрофално поразени од страна на [[Русија]]. [[САД]] никогаш не објавила војна на Османлиската империја.<ref>Spencer Tucker, ed. ''Encyclopedia of World War I'' (2005) p 1080</ref>
 
Во [[1915]] година, по победата на [[Руси]]те во [[Кавказ]], тие продолжиле со својот напредок кон [[источна Анадолија]] со помош на ерменските волонтерски единици од регионот на Кавказ, како и со помош на Османлиските Ерменци. Во крајна сметка, ова завршило со масовна евакуација и убиството на неколку стотици илјади или преку милион [[Ерменци]] од страна на младотурскиот режим. Овој настан во историјата е познат како [[Ерменски геноцид]].<ref>[[Peter Balakian|Balakian, Peter]]. ''The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response''. New York: Perennial, 2003. ISBN 0-06-019840-0</ref><ref>[[Christopher J. Walker|Walker, Christopher J]]. "World War I and the Armenian Genocide" in ''The Armenian People From Ancient to Modern Times'', Volume II, pp. 239–273.</ref><ref>Akcam. ''A Shameful Act'', pp. 109–204.</ref>Денеска, овој настан претставува тема на дискусија на голем број историчари. Проценките се различни околу тоа колку Ерменци загинале. Според едни, оваа бројка се движи околу 600.000,<ref>Toynbee, Arnold J., ''The Treatment of Armenians in the Ottoman Empire 1915–16: Documents presented to Viscount Grey of Fallodon, Secretary of State for Foreign Affairs By Viscount Bryce''. New York and London: G.P.Putnam's Sons, for His Majesty's Stationary Office, London, 1916, p. 650.</ref> а според други, оваа бројка достигнува околу 1.500.000 Ерменци.<ref>[[Israel Charny|Charny, Israel]] et al. [[s:A Letter from The International Association of Genocide Scholars|A Letter from The International Association of Genocide Scholars]]. International Association of Genocide Scholars. 13 јуни, 2005. Accessed 12 септември, 2009.</ref><ref>See Marashlian, Levon. ''Politics and Demography: Armenians, Turks, and Kurds in the Ottoman Empire''. Cambridge, Mass.: Zoryan Institute, 1991.</ref>
 
Во [[1916]] година избила т.н. [[Арапска побуна]]. Таа завршила во [[1918]] година кога бил потпишан [[СевренскиДоговор договор|Севренскиотод Севр|договор во Севр]]. Според договорот, [[Месопотамија]] ([[Ирак]]), [[Палестина]] и [[Трансјорданија]] биле дадени на [[Велика Британија]] под протекторат на [[Лига на народите|Лигата на народите]]; [[Сирија]] и [[Либан]] на [[Франција]]. Освен тоа, според договорот, североисточните региони од Анадолија биле дадени на [[Ерменија]], северен [[Епир]] бил даден на новосоздадената држава [[Албанија]], источна [[Тракија]] со исклучок на [[Константинопол]], [[Босфор]]от и [[Дарданели]]те на [[Грција]].
 
==== Турска војна за независност ====