Разлика помеѓу преработките на „Отоманско Царство“

Периодот од 1828 до 1908 година, во историјата на Отоманската империја е познат како период на [[Пад на Отоманската империја|пад на империјата]]. Во текот на овој период, империјата се соочила со предизвиците на одбрана на земјата од странските напади и окупации. Поради фактот што [[Османлии]]те сè повеќе започнале да ги губат своите позиции во [[Европа]], таа започнала да гради сојузништва со европски земји, како што се [[Франција]], [[Холандија]], [[Велика Британија]]. Таков е примерот со [[Кримска војна|Кримската војна]] од [[1853]] година, кога Османлиите во сојуз со [[Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска|Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска]], [[Втора француска република|Втората француска република]] и [[Кралство Сардинија|Кралството Сардинија]] војувале против [[Руската империја]].
 
Кримската војна го предизвикала масовното иселување на [[Кримски Татари|Кримските Татари]]. Од вкупното татарско население кое броело околу 300.000 во Тавридсакта област, околу 200.000 [[Татари]] биле преселени во Отоманската империја.<ref>[http://monderusse.revues.org/docannexe1800.html "''Hijra'' and Forced Migration from Nineteenth-Century Russia to the Ottoman Empire"], by [[Bryan Glynn Williams]], ''Cahiers du Monde russe'', 41/1, 2000, pp. 79–108.</ref>Kон крајот на [[Кавкаски војни|Кавкаските војни]], голем број на [[Черкези]] ги напуштиле своите домови во [[Кавказ]] и принудно заминале во Отоманската империја. Во текот на [[19 век]], иселувањето или протерувањето на муслиманското население од [[BалканБалкан]]от, [[Кавказ]], [[Крим]] и [[Крит]] кон денешна [[Турција]] станало честа појава.
 
За време на периодот на [[Танзимат]]от, ([[1839]]-[[1876]]), османлиските власти вовеле уставни реформи во империјата, како и модернизација на војската, банкарскиот систем, биле заменети занаетчиските дејности со изградба на неколку модерни фабрики. Во [[1856]] година бил донесен реформски акт наречен [[Хатихумјун]]. Според овој акт, во империјата се ветувало верска и национална рамноправност на сите народности во империјата, слобода на вероисповед и мислење, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во османлиската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. Тој предвидувал и црковни реформи, замена на натуралните даноци кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, судството, полицијата и даночната политика, воведување на редовен буџет од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго. Освен тоа, било формирано ново ерменско национално собрание.<ref>[[Hagop Barsoumian|Barsoumian, Hagop]]. "The Eastern Question and the Tanzimat Era", in ''The Armenian People From Ancient to Modern Times, Volume II: Foreign Dominion to Statehood: The Fifteenth Century to the Twentieth Century''. [[Richard G. Hovannisian]] (ed.) New York: St. Martin's Press, p. 198. ISBN 0-312-10168-6.</ref>
 
Периодот на реформите својот врв го достигнал кога бил донесен [[Отомански устав|Отоманскиот устав]], кој бил напишан од страна на членовите на [[Младотурци]]те. Тој бил изгласен на [[23 ноември]] [[1876]] година. Споиред уставот, во рацете на султанот останала апсолутната власт, и самите министри останале да бидат одговорни пред него. [[Прва уставна ера (ОтоманскаОтоманската империја)|Првата уставна ера]] од историјата на империјата била краткотрајна. Во [[1876]] година, султанот [[Абдул Азис]] бил симнат од власт од страна на неколку либералните кругови во империјата. Тој абдицирал во корист на [[Мурат V]]. Сепак, новиот [[султан]] бил ментално болен и од престолот бил соборен по само неколку месеци. Негов наследник станал [[Абдул Хамид II]] ([[1876]]-[[1909]]). Во време на неговото владеење во империјата стапил насила првиот Отомански устав, на [[23 декември]] [[1876]] година.<ref>[[Patrick Kinross|Kinross, Patrick]] (1977) ''The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire'' London: Perennial. ISBN 978-0-688-08093-8. p. 576.</ref> Исто така бил создаден и првиот отомански парламент. По неуспехот на Цариградската конференција, империјата претрпела пораз по Руско-турската војна од [[1877]]-[[1878]], по која империјатата засекогаш ја изгубила [[Бугарија]] со потпишувањето на [[Санстефански договор|Санстефанскиот мировен договор]] ([[3 март]] [[1878]] година). Во почетокот на [[1878]] година уставот бил суспендиран и парламентот распуштен. Бил воспоставен тирански режим во останатите делови на Отоманската империја (претежно [[Македонија]]).
[[Податотека:Ottoman Parliament 1877.jpg|thumb|десно|250px|Отоманскиот парламент]]
[[Национализам|Национализмот]] во Отоманската империја од страна на потчинетите народи сè повеќе доаѓал до израз. Во [[1821]] година била формирана [[Прва Грчка република|Првата Грчка република]]. Таа била првата земја од [[Балкан]]от која ја прогласила својата независност од империјата. Официјално од страна на [[Висока порта|Високата порта]], новата земја на Балканот била приознаена по завршувањето на [[Грчка војна за независност|грчката војна за независност]]. Танзиматските реформи не го сопрел национализмот во [[Дунавски кнежества|Дунавските кнежества]] и [[Кнежество Србија]], кои биле полунезависни за речиси шест децении. Во [[1875]] година, [[Кнежество Црна Гора|Црна Гора]] и Србија, заедно со [[Обединето кнежествоКнежество на Влашка и Молдавија|Обединетото кнежество Влашка и Молдавија]] ја прогласиле својата независност од Отоманската империја. Во [[1876]] година, на територијата на денешна [[Бугарија]] избувнало т.н. [[Априлско востание]] кое индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, по [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]] од [[1877]]-[[1878]], како [[Кнежество Бугарија]].
 
Во [[Македонија]], како и во останатите балкански земји, исто така избувнале неколку востанија. Така, во [[1876]] и [[1877]] година избувнале [[Разловечко востание|Разловечкото востание]] и [[Кресненско востание|Кресненското востание]]. Едно од наголемите востанија на македпнскиот народ избувнало во [[1903]] година, познато како [[Илинденско востание]]. Востанијата главно биле насочени против османлиската тиранија и желбата за создавање на нова држава на [[Балкан]]от. Сите овие бунтови против османлиската власт биле крваво задушувани.