Амнестија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
 
==Примената на амнестијата како правен механизам во Македонија==
Од осамостојувањето до [[2015]] година, општата амнестија била применета во [[Македонија]] четири пати. Првиот [[закон]] за амнестија бил донесен во [[1991]] година, кога биле амнестирани 907 лица, од кои некои биле [[затвор]]еници, додека другите биле осудени со правосилни пресуди, но не отпочнале со издржување на затворските казни. Во [[1999]] година, [[Собрание на Република Македонија|Собранието]] донесло уште еден, но порестриктивен закон за амнестија. Тогаш, целосно биле ослободени од казните сторителите на криивчни дела со кои била предизвикана верска, национална и [[Раса|расна]] омраза. Притоа, на некои осуденици им биле намалени казните за 25%, на некои за 15%, додека за 10% им биле намалени казните на осудените за незаконско поседување [[оружје]] и [[трговија со дрога]]. Всушност, овој закон бил дел од политичкиот договор меѓу коалиционите партнери во владата, [[ВМРО-ДПМНЕ]] и [[ДПА]], со кој биле ослободени градоначалниците на [[Тетово]] и на [[Гостивар]], [[Алајдин Демири]] и [[Руфи Османи]], како и учесниците во обидот за отворање на незаконскиот [[универзитет]] на [[албански јазик]] во [[Мала Речица]]. Во [[2002]] година, како последица на [[Охридски рамковен договор|Охридскиот рамковен договор]], бил донесен третиот закон за амнестија, со кој се предвидувало ослободување од гонење, запирање на судските постапки и ослободување на затворениците поврзани со [[Војната во Македонија во 2001 година|војната од 2001]] година. Од овој закон биле изземени само воените злосторства. Во [[2003]] година и со ревизијата од [[2004]] година, бил донесен четвртиот закон за амнестија, кој ги опфатил граѓаните кои ја одбегнувале воената обврска (неодговарањето на поканата за служење во [[Армија на Република Македонија|армијата]] и самоволно оддалечување од вооружените сили). [[Есен]]та 2015 година биле поведени посебни две иницијативи за донесување петти закон за амнестија, поднесени од [[Демократски сојуз|Демократскиот сојуз]] и од граѓанската активистка Мери Николова.<ref>Љубиша Арсиќ, „ВМРО-ДПМНЕ се плаши од амнестија за да не се соочи со Љубе Бошкоски!“, ''Фокус'', број 1043, 2.10.2015, стр. 10.</ref> <ref>Влатко Стојановски, „СДСМ, ДУИ И ДПА ќе ја изгласаат амнестијата?“, ''Фокус'', број 1053, 11.1022015, стр. 10-13.</ref>
<br />
[[Есен]]та 2015 година биле поведени посебни две иницијативи за донесување петти закон за амнестија, поднесени од [[Демократски сојуз|Демократскиот сојуз]] и од граѓанската активистка Мери Николова. Активистката Николова успеала да ги собере потребните 10.000 потписи за нејзиниот предлог да влезе во законска процедура, но предлог-законот не бил усвоен, бидејќи предвидувал ослободување на сите лиза кои издржале 40% од времето на казната, вклучувајќи ги и убијците, педофилите и другите сторители на тешки кривични дела. Од друга страна, предлогот на Демократскиот сојуз, кој исто така влегол во собраниска процедура, предлагал ослободување или намалување на казната на сторителите на одредени кривични дела кои издржале дел од казната или воопшто не започнале со нејзиното издржување. Така, според овој предлог било предвидено да се ослободат осудените за кривичното дело „шверцување мигранти“ кои биле осудени на казна затвор до три месеци, додека за оние кои го сториле ова криивчно дело како дел од група и оние кои биле осудени на затворска казна до шест месеци било предвидено намалување на казната за 50%. Понатаму, предлог-законот предвидувал намалување на казната за 33% (на неиздржаниот дел од казната) за осудените на затворска казна до една година и за осудените за кривичното дело „давање или земање поткуп“. За осудените за кривични дела кои предвидуваат затворска казна до 10 години (попречување на изборите, поткуп при гласање, тешки кражби, дела против здравјето и животната средина, финансиски криминал, тешки измами итн.) било предвидено намалување на казната за 25% од неиздржаниот дел, односно за 10% од неиздржанито дел (за оние кои се повторници на наведените кривични дела). Најпосле, предлог-законот предвидувал на лицата на возраст од 60 години, а кои биле осудени на затворска казна до пет години, да им се намали казната за 40% од неиздржаниот дел. Меѓутоа, предложената амнестија не важела за осудените на затвор од 10 или повеќе години, осудените на доживотна робија, како и осудените за убиство, за дела против државата, за дела против човечноста и меѓународното право, за кривични дела против половата слобода и половиот морал, производство и трговија со [[дрога]] и слично.<ref>Љубиша Арсиќ, „ВМРО-ДПМНЕ се плаши од амнестија за да не се соочи со Љубе Бошкоски!“, ''Фокус'', број 1043, 2.10.2015, стр. 10.</ref> <ref>Влатко Стојановски, „СДСМ, ДУИ И ДПА ќе ја изгласаат амнестијата?“, ''Фокус'', број 1053, 11.1022015, стр. 10-13.</ref>
<br />
 
== Наводи ==