Амнестија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 6:
 
==Меѓународни искуства со амнестијата како правен институт==
Во многу држави, правните основи на амнестијата лежат во нивните устави. На пример, [[Устав на Франција|Уставот на Франција]] пропишува дека надлежен орган за давање амнестија е [[парламент]]от. За оваа земја е карактеристична т.н. бланко-амнестија со која ослободувањето или намалувањето на [[затвор]]ската казна се однесува на сите лица кои сториле некое кривично дело што е опфатено со амнестијата. И во [[Италија]], правото за давање амнестија му припаѓа на парламентот, кој таа одлука ја носи со двотретинско мнозинство. За Италија е специфична т.н. општа амнестија со која се опфаќаат сите затвореници. Исто така, парламентот е надлежен за амнестијата и во [[Швајцарија]] и во [[Турција]], додека во [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]] таа надлежност ја има монархот.<ref>Влатко Стојановски, „СДСМ, ДУИ И ДПА ќе ја изгласаат амнестијата?“, ''Фокус'', број 1053, 11.1022015, стр. 10-13.</ref>
[[Италија]] има интересен пример со амнестијата во времето кога премиер бил [[Силвио Берлускони]], кога биле амнестирани сите затвореници осудени за затајување [[данок]]. Притоа, ослободените биле задолжени да уплатат во државниот [[буџет]] по 5% од вредноста на нивниот имот. Во [[2006]] година, Италија повторно спровела општа амнестија со која биле помилувани сите категории затвореници.
[[САД]] применуваат делумна амнестија со која на затворениците им се простува дел од казната, друг дел се заменува со општокорисна работа со која тие се социјализираат и им се дава одредено време во кое не смеат повторно да сторат ново кривично дело. Притоа, во повеќе наврати, САД ја применувале амнестијата за да им овозможат на нелегалните [[Миграција на луѓе|имигранти]] да добијат работна дозвола или државјанство.
Во [[1996]] година, [[Босна и Херцеговина]] ги амнестирала сите осуденици за дела против системот и сигурноста на [[држава]]та. Во [[2001]] година, [[Словенија]] прогласила аменстија за намалување на затворската казна за една четвртина, за лицата кои не ја извршиле казната. [[Србија]], пак, во [[2010]] година ги амнестирала делата поврзани со избегнувањето попис и преглед, извршување материјални обврски, избегнување на воената служба и бегање од [[Армија на Република Србија|српската армија]]. Подоцна, во [[2012]] година биле амнестирани осудените според националните закони или според законите што престанале да важат. Всушност, во Србија и во [[Црна Гора]] повеќепати била применувана т.н. степенеста амнестија при што казните на осудените лица им се намалувале за 10-50% или пак тие целосно се ослободувале, во зависност од тежината на кривичното дело и времето поминато во затвор. Исто така, и [[Хрватска]] применувала амнестија во врска со делата поврзани со воениот конфликт.<ref>Љубиша Арсиќ, „ВМРО-ДПМНЕ се плаши од амнестија за да не се соочи со Љубе Бошкоски!“, ''Фокус'', број 1043, 2.10.2015, стр. 12.</ref> <ref>Влатко Стојановски, „СДСМ, ДУИ И ДПА ќе ја изгласаат амнестијата?“, ''Фокус'', број 1053, 11.1022015, стр. 10-13.</ref>
 
==Примената на амнестијата како правен механизам во Македонија==