Калиопи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Одбиени последните 6 промени во текстот и вратена преработката 3405903 на Snake bgd
Ред 6:
|Alias = Калиопи
|Born = [[28 декември]] [[1966]]<br />{{flagicon|Македонија}} [[Охрид]], [[Република Македонија]]
|Occupation = [[УметникПејач]]ка
|Genre = [[Поп музика|Поп]]
|Years_active = 1976 - сè уште
Ред 19:
}}
 
'''Калиопи Букле''' (родена како: '''Калиопи Буклеска''') е познат и истакнат македонски [[уметник]], вокален интерпретатор, [[композитор]] и [[текстописец]]. Во својата татковина често е нарекувана ''Поп дива'' или ''Кралица на македонската поп музика''. Таа е најголемадоста македонскапозната попна sвездаекс-југословенските ипростори еднакаде одврвот најголемитена звездикариерата иго вокалидостигна наво Балканотосумдесетите. Во [[Македонија]] и Балканот важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.
 
== Почетоци ==
Ред 26:
 
== Група ''Калиопи'' ==
Својата посериозна музичка кариера ја започнала во бендот ''Калиопи'', заедно со нејзиниот поранешен сопруг, авторот [[Ромео Грил]]. Своите први две песни - ''Томи'' и ''Немој да ме будиш'', бендот ги снима за [[Македонското радио]]. Во почетокот, групата била ориентирана кон реализација на повеќе фестивалски настапи со цел успешно да се промовира на широкиот југословенски музички пазар. Првиот успешен сејугословенски хит кој произлезе од работата на оваа група беше ''Лео'', чиј автор е познатиот македонски композитор [[Глигор Копров]]. Со оваа песна, на фестивалот ''[[Опатија]]'' во [[1985]] година, Калиопи ја добива наградата за најдобра интерпретација од страна на акредитираните југословенски новинари. Истата година, групата го добива првото место на ''Видео спот фестивал'' со песната ''Лето е авантура''. Исто така, тие беа претставници на [[СФРЈ|Југославија ]] на ''Интернационалниот Медитерански фестивал'' во Тунис, каде освојуваат второ место.
 
Следната година, бендот го објавува својот прв албум со назив ''Калиопи''. Истата година учествува и на реномираниот ''[[Сплитски фестивал]]'' со песната ''Da more zna'' и добива награда за најдобар деби-изведувач на фестивалот, а самата песна е прогласена за една од најслушаните. Во 1986, групата повторно добива прва награда на ''Видео спот фестивал'' со песната ''Остани во мене''.
 
Вториот албум ''Rodjeni'' излегува во 1987 година. Албумот се снима во [[Загреб]] и содржи девет дотогаш необјавени песни, меѓу кои и југословенскиот мегахит ''Bato (RodjeniRodzeni)'' на кој денес се гледа како еден од апсолутно најголемите хитови во рамките на поранешната [[Југославија]]. За неа е снимен и музички спот, режиран од Антон Марти.
Останати големи хитови од времето на групата ''Калиопи'' се: ''Kofer ljubavi, Ostani u meni, Nebo mi sja, Bolero Lora''...
После тоа следуваат голем број настапи,програми ширум целиот простор на поранешна Југославија, а и голема концертна турнеја во тогашниот Советски Сојуз.Овој период од кариерата на Калиопи беше обележан со бројни награди меѓу кои: награда "Млад Борец" (1986), награда на "Вечер" за најпопуларно ТВ лице (1986), награда на "Нова Македонија" за најдобар изведувач (1986), награда на "Екран", за најдобар поп пејач во СФРЈ и Македонија (1986) и други.
 
По успешната промоција на многубројните фестивали, бендот објавува дека повеќе нема да има национални фестивалски учества. Единствен исклучок беше Југословенскиот Евровизиски избор во 1988 година, каде се претставија со песната ''Емануел'' и освоија 10-то место.
 
Во време на својата најголема популарност, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг и основач на групата, Ромео Грил, заминуваат во Швајцарија, со што групата се распаѓа и следи 10 годишна пауза и престанок на нивната активна музичка кариера, но сепак цело време се присутни на електронските медиуми во Македонија со своите дотогаш снимени аудио и видео материјали. Од официјалниот распад на групата во 1988 година, Калиопи одржа само еден соло концерт во Универзалната сала, во декември 1988 година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Калиопи