Тероризам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Внимание}}
'''Тероризмот''' претставува незаконско користење насилана сила и насилство од страна на поединци или групи кои имаат директна врска со странските сили или пак, чии активности ги преминуваат националните граници, насочени против лица или објекти со цел да ги заплаши или да го принуди [[население]]тo или било кој сегмент од [[општество]]то во остварување на своите [[Политика|политички]] или општествени цели. Во денешно време, најголем број на меѓународни терористички организации се спонзорирани од една или повеќе држави. Терористичките организации добиваат целосно поодршка од владите на државите- спонзори односно за своите активности имаат охрабрување во вид на финансиска помош, обука и заштита од една или повеќе влади.
== Почетоци на тероризмот ==
Тероризмот со меѓународно значење своите зачетоци ги има уште во далечната [[1930]] година, кога беше извршено првото грабнување на авион, за денес да прерасне во глобална закана и сериозен акт на современата цивилизација. Современиот меѓународен тероризам не се однесува само на едно изолирано општество, односно не е насочен само против интересите на една држава. Неговата деструктивна моќ подеднакво ја чуствува целокупната меѓународна заедница што значи дека е неопходна да се познаваат сите видови на поврзаност меѓу терористичките акти и севкупните односи и состојби во меѓународната политика. Голем број на меѓународни конвенции го инкриминираат терористичкото однесување и ги обврзуваат сите земји да се борат со сите средства на правната држава против сите видови на тероризам. Од тој аспект, можеме да константираме дека меѓународниот тероризам претставува збир на активности забранети со меѓународното право, насочени против поединци, групи, држави и нејзини институции.