Геополитика: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
==Историски развиток==
[[File:Rudolf Kjellen.jpg|thumb|180px|Рудолф Кјелен, творец на поимот „геополитика“]]
Зависноста на човекот од физичко-географскиот простор била причина уште од дамнешни времиња тој да го истражува и проучува со цел подобро да го користи и владее. Оттаму, геополитичките размислувања влечат корени уште од антиката каде [[Аристотел]] пишувал за влијанието на географската положба врз човековите особини како и импликациите врз економските и воените потреби на идеалната држава<ref name="Kristof, K.D." />. Со истите прашања за влијанието на географскиот простор врз човековите особини и државите се занимавале и средновековните мислители на прагот на хуманизмот - Монтескје, Боден и др<ref name="Kristof, K.D." />. Сепак, поимот геополитика за прв пат бил употребен во [[1899]] година во статијата на шведскиот научник [[Рудолф Кјелен]]
Како прва теорија во рамките на геополитиката се смета концептот за Хартленд или „срцевината на светот“ изнесена од британскиот географ [[Џон Мекиндер]] во [[1904]] година<ref>[http://geography.about.com/library/misc/blmackinder.htm Mackinder's Heartland Theory (на англиски јазик)]</ref>. Според оваа теорија на Мекиндер „срцето на светот“ (анг. heartland) се наоѓа во Источна Европа и оној кој командува со него владее со „светскиот остров“ - Евроазија, што значи дека тој владее и со светот. Врз основа на оваа теорија се развиваат двата главни правци во геополитиката: ''телурократијата'' или „цивилизацијата и ''силите на Копното''“ од која до денес произлегуваат правците и доктрините на континентализмот, евроазијството и ''таласократијата'' или „цивилизацијата и ''силите на Морето''“ од која пак излегува правецот и доктрината на (евро)атлантизмот.
|