Разлика помеѓу преработките на „Лигурија“

Додадени 768 бајти ,  пред 11 година
дополнување со категорија Познати личности на Лигурија
с
(дополнување со категорија Познати личности на Лигурија)
'''Лигурија''' е [[италијански регион]], сместен на северо-западниот дел од [[Апенинскиот Полуостров]] и која како главен град ја има [[Џенова]]. На југ се граничи со [[Лигурското Море]], на запад со [[Франција]] (регионот Прованса - Алпи - Азурен Брег, на север со регионите [[Пиемонте]] и со [[Емиља-Ромања]] и на исток со [[Тоскана]]. Лигурија е составен дел од Еврорегионот Алпи-Медитеран.
Со своите 5.421 km² Лигурија е еден од најмалите италијански региони но е еден од најгусто населените, особено во приморските делови каде што е концентриран најголемиот дел од економските активности. Меѓу [[1950]] и [[1960]] година, бројот на населението во Лигурија пораснал благодарение на големата имиграција од Јужна Италија, пред се во Џенова. Денес, по затворањето на многу фабрики, иселеничкиот бран престанал, што не важи и за туристичкиот, имајќи предвид дека Лигурија е една од најпознатите италијански туристички дестинации.
Освен Џенова која е главен град на Лигурија, други познати лигурски градови се и [[Империја]], [[Ла Специја]], [[Савона]], [[Бордигера]], [[Портофино]], [[Сан Ремо]] и [[Сестри Леванте]].
 
==Познати личности==
Лигурија е регион во кој се родиле многу познати италијански личности како [[Кристофер Колумбо]], [[Николо Паганини]], [[Џузепе Мацини]], [[Џузепе Гарибалди]], [[Едмондо Де Амичис]], [[Еуџенио Монтале]], [[Итало Калвино]], [[Франко Малерба]].
 
==Занимливости==
*Лигурија е регион во Италија кој има највисок процент на стари лица и кој се наоѓа на самото дно на листата на наталитет. Речиси една четвртина од населението е над 65 годишна возраст.
 
*Заливот [[Ла Специја]] е наречен уште и „Залив на поетите“ во спомен на англиските поети Шели и Бајрон кои таму престојувале на почетокот на [[1800]].
 
==Надворешни врски==
959

уредувања