Разлика помеѓу преработките на „Македонски Албанци“

с
нема опис на уредувањето
с
с
'''Албанци во Македонија''' ([[албански јазик|албански]]: ''Shqiptarë në Maqedoni'') се најголемата малцинска заедница во [[Македонија]]. Вкупниот број на Албанците во Македонија е 509.083 жители, што преставува околу 25% од населението. Албанското малцинство живее претежно во северозападниот дел на Македонија. Најголеми албански заедници се во околината на градовите [[Тетово]] (70% од вкупното население), [[Гостивар]] (56%), [[Дебар]] (58%), [[Струга]] (56%) и [[Кичево]] (31%)<ref>[http://www.stat.gov.mk/pdf/kniga_13.pdf 2002 Census results]</ref>.
 
Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на [[18 век|XVIII век]]. Според отоманскиот попис на населението од [[1430]] - [[1431]], во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на [[15 век]], со [[исламизација]]та на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од [[1452]] - [[1453]] година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот [[Калканделен]] ([[Полог]]) и 1 католичко семејство во [[Скопје]].
 
Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет како што се јазикот и културните традиции. [[Албанскиот јазик]] е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник ([[28 ноември]] - [[Ден на албанското знаме]]). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија.
 
== Историја ==
Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на [[18 век|XVIII век]]. Според отоманскиот попис на населението од [[1430]] - [[1431]], во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на [[15 век]], со [[исламизација]]та на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од [[1452]] - [[1453]] година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот [[Калканделен]] ([[Полог]]) и 1 католичко семејство во [[Скопје]]. Овие Албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како ''„Арнаути“'' или ''„Арбанаси“'', како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или „Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.
 
Отоманскиот попис од [[1467]] - [[1468]] година забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети<ref>ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485</ref>:
Албанците дошле на границите на Македонија во [[1572]] година. [[Французи]]нот [[Филип Канаје]] го опишал заземањето на [[Качаник]] од страна на неколку, како што лично запишал, ''„албански групи на убијци и разбојници“''<ref>''Френски пътеписи за Балканите, с.140.''</ref> во [[1572]] година. Во [[1595]] година за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка група која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38''</ref>.
 
Првото населување на Албанци во македонско село, временски датира три години пред почетокот на [[17 век|XVII век]] и тоа било во областа на Дебар. Според отомански документ од [[1597]] година, околу 10.000 албански разбојници од северна [[Албанија]], ограбиле и изгореле 27 села во [[западна Македонија]], а во шест од тие села, во [[дебар]]ската област, се заселиле првите македонски Албанци<ref>''Шопова, Д. Цит. съч., с. 83''</ref>.
 
=== Албанско населување во скопската област ===
 
Во отомански документ од [[1595]] година за прв пат е забележано присуство на ''„арнаутски разбојнички групи“'' во скопската област<ref>''Шопова, Д. Цит. съч., с. 78-79''</ref>, но без албанско населување. Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од [[Скопска Црна Гора]] дури кон крајот на [[17 век|XVII век]]<ref>''Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.
 
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и потоа постепено слегувале кон пониските села. Селото [[Брест (Скопско)|Брест]] до [[19 век|XIX век]] било чисто македонско село, во [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] албанците навлегнале на крајот на [[18 век|XVIII век]]<ref>''Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.
 
Германскиот патувач Хан во втората половина на [[19 век|XIX век]] ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни Албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австриските војни, што всушност е крајот на [[17 век|XVII век]]<ref>''Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.''</ref>.
 
До [[20 век|XX век]], на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на [[18 век|18]] и [[19 век|XIX век]], а жителите на [[Алдинци]] знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од [[Гнилане]]<ref>''Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.
 
Во [[Скопско поле|Скопското поле]] првите Албанци се спуштиле дури во [[19 век|XIX век]], за време на управувањето на [[Хамзи-паша]], Албанец по потекло, кој етапно доселувал Албанци од северна Албанија.<ref>''J. Трифуноски, Скопско Поље, 358''</ref>.
 
=== Албанско населување на Полог ===
 
=== Албанизацијата на струшко-дебарскиот крај ===
Иако Албанците прво се доселиле во дебарскиот крај во [[17 век|XVII век]], сепак до [[19 век|XIX век]], апсолутното мнозинство во [[Голо Брдо]] и [[Дебарско Поле]] го сочинувале Македонците, христијани и муслимани. Поголеми етнички промени во дебарскиот крај настанале во [[19 век|XIX век]], со албанизација на [[Македонците муслимани]] од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија. Според [[Васил Иванов К’нчов|Васил К`нчов]] за албанизирањето на Македонците муслимани и населувањето на Албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле<ref>''Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>:
 
<blockquote>
 
=== Населување на Албанците во Гора (Горица), област Мокра- Поградец и Струга ===
До [[19 век|XIX век]], македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора ([[Горица (Албанија)|Горица]]) и Мокренската област населението било македонско православно и биле поданици на [[Охридската Архиепископија]]. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од [[1761]] година се наоѓа Епископијата горо-мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким.<ref>''Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569''</ref>.
 
Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19XIX век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (западен охридски брег). Во [[1805]] година арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на [[Охрид]], а во [[1821]] г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница сè се запусти, сето имање го ограбија“<ref>''Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.
 
Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува ''“арнаутски доселеници од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“'', селата [[Фердово]] и [[Калиште]] се целосно албанизирани, а македонското население се иселува и од селата [[Лин]] и [[Радожда]].
 
70 години пред сведоштвата на К`нчов, ''„доктор Милер“'', кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во [[1837]]-[[1828]] година сведочи дека овој брег бил населен со [[Македонци]], но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско словенско село<ref>''D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69''</ref>. Само 70 години подоцна, на почетокот на [[20 век|XX век]], немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.
 
До [[1870]] година жителите на областа [[Девол]] и [[Корча]] (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе словенски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци<ref>''Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.''</ref>.