Разлика помеѓу преработките на „Аристотел“

Додадени 4.783 бајти ,  пред 6 години
 
Потоа Аристотел го придрижувал [[Ксенократ]] до судот на својот пријател Хермиј во Мала Азија. Таму, тој патувал со [[Теофраст]] до островот [[Лезбос]], каде заедно ја истражувале [[ботаника]]та и зоологијата на островот. Аристотел се оженил со [[Питија]], посвоена ќерка или внука на Хермиј. Таа му родила ќерка, кои исто така ја именувале Питија. Набрзо по смртта на Хермиј, Аристотел бил поканет од Филип II да биде учител на неговиот син Александар Велики во 343 година пне.<ref name="philosophy1972"/>
 
Аристотел бил назначен за глава на Македонската кралска академија. Во тој период тој предавал не само на Александар, туку и на двајца други идни царови: [[Птоломеј I Сотер|Птоломеј]] и [[Касандар]].<ref name="Peter Green">Peter Green, ''Alexander of Macedon'', University of California Press Ltd. (Oxford, England) 1991, {{p.|58|59}}</ref> Аристотел го охрабрил Александар за источното освојување и неговиот однос кон [[Персија]] бил непоколебливо [[Етноцентризам|етноцентристички]]. Во еден популарен пример, тој го советува Александар да биде „лидер на Грците и деспот на варварите, да се грижи за едните како за што се грижи за неговите пријатели и роднини и да се справи со другите како со ѕверови и растенија“.<ref name="Peter Green"/>
 
Во 335 година пне, Аристотел се вратил во Атина, основајќи своја школа таму позната како [[Лицеј]]. Аристотел држел предавања во школото наредните дванаесет години. Додека бил во Атина, неговата жена Питија умрела и Аристотел стапил во односи со Ерпилис, која му родила син кого го именувал по неговиот татко, [[Никомах (син на Аристотел)|Никомах]]. Според енциклопедијата [[Суда]], тој исто така имал и љубовник, Палаефат.<ref>William George Smith,''Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology'', {{vol.|3}}, [http://www.ancientlibrary.com/smith-bio/2421.html {{p.|88}}]</ref>
 
Периодот додека бил во Атина, помеѓу 335 и 323 година пне, се смета за период во кој Аристотел создал моногу негови дела.<ref name="philosophy1972"/> Тој пишувал многу дијалози од кои само делови се зачувани. Оние делови кои се зачувани се трактати и не биле наменети за распространето објавување. Општо се смета дека биле помагала на неговите ученици при предавање. Неговите најважни трактати се: ''[[Физика (Аристотел)|Физика]]'', ''[[Метафизика (Аристотел)|Метафизика]]'', ''[[Никомахова етика]]'', ''[[Политика (Аристотел)|Политика]]'', ''За душата'' и ''[[Поетика (Аристотел)|Поетика]]''.
 
Аристотел не само што го проучувал речиси секој предмет што е можно, туку и дал огромен придонес за повеќето од нив. Во физичката наука Аристотел изучувал анатомија, астрономија, [[ембриологија]], географија, геологија, метеорологија, физика и зоологија. Во филозофијата, тој пишувал за за многу предмети како што се: естетика, етика, власт, метафизика, политика, економија, психологија, реторика и теологија. Тој исто така го проучивал образованието, странските обичаи, книжевноста и поезијата. Неговиот севкупен труд претставува виртуелна енциклопедија на грчкото знаење.
 
При крајот на неговиот живот, Александар и Аристотел биле странци во поглед на односот на Александар со Персија и Персијците. Широко позната традиција во антиката искажува сомнеж дека Аристотел е поврзан со смртта на Александар, но постојат малку докази.<ref>Peter Green, ''Alexander of Macedon'', University of California Press Ltd. (Oxford, England), 1991, {{p.|379}} and 459.</ref>