Разлика помеѓу преработките на „Аристотел“

Додаден 3.141 бајт ,  пред 6 години
 
==Живот==
Аристотел, чие име значи „најдобрата цел“,<ref>{{cite web |last=Campbell |first=Michael |title=Behind the Name: Meaning, Origin and History of the Name "Aristotle" |url=http://www.behindthename.com/name/aristotle |work=Behind the Name: The Etymology and History of First Names |publisher=www.behindthename.com |accessdate=6 April 2012}}</ref> се родил во 384 пне. во [[Стагир]], [[Халкидик]], окулу 55км источно од денешен [[Солун]].<ref>{{cite book |title=Aristotle: The Great Philosophers |author=McLeisch, Kenneth Cole |publisher=Routledge |year=1999 |isbn=0-415-92392-1 |page=5}}</ref> Неговиот татко [[Никомах (татко на Аристотел)|Никомах]] бил личен лекар на [[Аминта III]] [[Античка Македонија|Македонски]]. Иако малку се знае за детството на Аристотел, тој веројатно поминал некое време во македонската палата, запознавајќи се за првпат со македонската монархија.<ref>Anagnostopoulos, G., "Aristotle's Life" in ''A Companion to Aristotle'' (Blackwell Publishing, 2009), {{p.|4}}.</ref>
 
Кога имал осумнаесет години, Аристотел отпатувал во [[Атина]] за да го продолжи своето образование во Платоновата Академија. Тој таму останал речиси дваесет години пред да ја напушти Атина во 348/47 година пне. Традиционалната приказна кажува дека неговото заминување се должи на разочарувањето од предавањето на Академија во рацете на внукот на Платон, Спевсип, иако е можно тој да стравувал од анти-македонските чувства и заминал пред да умре Платон.<ref name="Lord Intro">Carnes Lord, introduction to ''The Politics'' by Aristotle (Chicago: University of Chicago Press, 1984).</ref>
 
Потоа Аристотел го придрижувал [[Ксенократ]] до судот на својот пријател Хермиј во Мала Азија. Таму, тој патувал со [[Теофраст]] до островот [[Лезбос]], каде заедно ја истражувале [[ботаника]]та и зоологијата на островот. Аристотел се оженил со [[Питија]], посвоена ќерка или внука на Хермиј. Таа му родила ќерка, кои исто така ја именувале Питија. Набрзо по смртта на Хермиј, Аристотел бил поканет од Филип II да биде учител на неговиот син Александар Велики во 343 година пне.<ref name="philosophy1972"/>