Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
==Историски развиток==
[[File:Rudolf Kjellen.jpg|thumb|180px|Рудолф Кјелен, творец на поимот „геополитика“]]
Зависноста на човекот од физичко-географскиот простор била причина уште од дамнешни времиња тој да го истражува и проучува со цел подобро да го користи и владее. Оттаму, геополитичките размислувања влечат корени уште од антиката каде [[Аристотел]] пишувал за влијанието на географската положба врз човековите особини како и импликациите врз економските и воените потреби на идеалната држава<ref name="Kristof, K.D." />. Со истите прашања за влијанието на географскиот простор врз човековите особини и државите се занимавале и средновековните мислители на прагот на хуманизмот - Монтескје, Боден и др<ref name="Kristof, K.D." />. Сепак, поимот геополитика за прв пат бил употребен во [[1899]] година во статијата на шведскиот научник [[Рудолф Кјелен]] (Rudolf Kjellen), под наслов „Студија за шведските политички граници“<ref name="Милески" />. Овој научник во својот труд „Државата како облик на живеење“ ("Der staat als Lebensform") геополитиката ја определува како наука за државата како географски организам или појава во просторот, оценувајќи го влијанието на географските фактори врз државата и нејзината моќ како пресудно и од кое произлегуваат насоките за за структурирање на најефикасната политика, која на државата ќе и овозможи безбедност и успешен развој<ref name="Милески" />.
 
Како прва теорија во рамките на геополитиката се смета концептот за Хартленд или „срцевината на светот“ изнесена од британскиот географ [[Џон Мекиндер]] во [[1904]] година<ref>[http://geography.about.com/library/misc/blmackinder.htm Mackinder's Heartland Theory (на англиски јазик)]</ref>. Според оваа теорија на Мекиндер „срцето на светот“ (анг. heartland) се наоѓа во Источна Европа и оној кој командува со него владее со „светскиот остров“ - Евроазија, што значи дека тој владее и со светот. Врз основа на оваа теорија се развиваат двата главни правци во геополитиката: ''телурократијата'' или „цивилизацијата и ''силите на Копното''“ од која до денес произлегуваат правците и доктрините на континентализмот, евроазијството и ''таласократијата'' или „цивилизацијата и ''силите на Морето''“ од која пак излегува правецот и доктрината на (евро)атлантизмот.
Ред 9:
Со сѐ поголемиот економски и техничко-технолошки развој и напредок на човештвото што се одразувал на јакнењето на државите и нивните војски се отворила потребата за проучување на значењето и стратешката важност и предности на физичкиот географски простор во однос на нивниот опстанок, раширување и доминација во светот. Поради сето тоа на почетокот на ХХ век постоел огромен интерес и постојан развој на геополитиката со геополитичкото и геостратешкото размислување. Во тој поглед предничел интересот на германските географи, генерали и истражувачки кои поведени од сфаќањето за државата како жив организам и потребата од нејзино територијално раширување на „животен простор“ заради опстанок ја развиле германската школа на геополитика на чија основа [[Нацистичка Германија]] и [[Адолф Хитлер]] ја изградиле својата државна, воена и надворешно политичка доктрина<ref name="Милески" />. Тоа повлијаело за многу негативни ставови кон геополитиката по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] поради што таа била речиси занемарена и скоро напуштена како дисциплина<ref name="Kristof, K.D." />. Со сѐ побрзиот информациско-технолошки развој во подоцната фаза на [[Студена војна|Студената војна]] и појавата на делата на [[Хенри Кисинџер]] и [[Збигњев Бжежински]], започнал повторниот интерес кон геополитиката но овој пат повеќе од научен пристап, со што таа е повторно вратена како дисциплина на научната и истражувачката сцена во светот. Глобализацијата и крајот на Студената војна изразен со новата борба за прераспределба на моќта во светот означија ново и сѐ поголемо актуелизирање и подем на интересот за геополитиката како научна, истражувачка и стратешко-државничка дисциплина во науката и меѓународните односи.
 
Сеопштиот развој на човековото живеење, придонел историски и геополитиката во одредени периоди да се развива во различни правци, па така во однос на историските периоди на човештвото познати се: империјална геополитика, геополитика за време на Студената Војна, современа геополитика на новиот светски поредок и еколошка геополитика<ref name="Милески" />. Од друга страна, повторниот интерес за геополитиката кон крајот на ХХ век и развитокот на постмодерната филозофија придонеле за значителен развој особено во [[Франција]] каде се основани ''конфликтната геополитика'' од Ив Лакост<ref name="Милески" />. Истовремено, забрзаниот економски развој и извонредното значење на економијата и економските средства во меѓународните односи придонеле за незапирливото зголемување на интересот за геоекономија, кој е актуелен и во денешни дни<ref name="Милески" />.
 
==Толкувања и дефиниции==