Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
==Историски развиток==
[[File:Rudolf Kjellen.jpg|thumb|180px|Рудолф Кјелен, творец на поимот „геополитика“]]
ПоимотЗависноста на човекот од физичко-географскиот простор била причина уште од дамнешни времиња тој да го истражува и проучува со цел подобро да го користи и владее. Оттаму, геополитичките размислувања влечат корени уште од антиката каде [[Аристотел]] пишувал за влијанието на географската положба врз човековите особини како и импликациите врз економските и воените потреби на идеалната држава. Со истите прашања за влијанието на географскиот простор врз човековите особини и државите се занимавале и средновековните мислители на прагот на хуманизмот - Монтескје, Боден. Сепак, поимот геополитика за прв пат бил употребен во [[1899]] година во статијата на шведскиот научник [[Рудолф Кјелен]] (Rudolf Kjellen), под наслов „Студија за шведските политички граници“<ref name="Милески" />. Овој научник во својот труд „Државата како облик на живеење“ ("Der staat als Lebensform") геополитиката ја определува како наука за државата како географски организам или појава во просторот, оценувајќи го влијанието на географските фактори врз државата и нејзината моќ како пресудно и од кое произлегуваат насоките за за структурирање на најефикасната политика, која на државата ќе и овозможи безбедност и успешен развој<ref name="Милески" />.
 
Како прва теорија во рамките на геополитиката се смета концептот за Хартленд или „срцевината на светот“ изнесена од британскиот географ [[Џон Мекиндер]] во [[1904]] година<ref>[http://geography.about.com/library/misc/blmackinder.htm Mackinder's Heartland Theory (на англиски јазик)]</ref>. Според оваа теорија на Мекиндер „срцето на светот“ (анг. heartland) се наоѓа во Источна Европа и оној кој командува со него владее со „светскиот остров“ - Евроазија, што значи дека тој владее и со светот. Врз основа на оваа теорија се развиваат двата главни правци во геополитиката: ''телурократијата'' или „цивилизацијата и ''силите на Копното''“ од која до денес произлегуваат правците и доктрините на континентализмот, евроазијството и ''таласократијата'' или „цивилизацијата и ''силите на Морето''“ од која пак излегува правецот и доктрината на (евро)атлантизмот.