Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
[[File:Halford-Mackinder.jpg|thumb|180px|лево|Халфорд Џон Макиндер, творец на основниот концепт на ''Хартленд'' во геополитиката]]
Со сѐ поголемиот економски и техничко-технолошки развој и напредок на човештвото што се одразувал на јакнењето на државите и нивните војски се отворила потребата за проучување на значењето и стратешката важност и предности на физичкиот географски простор во однос на нивниот опстанок, раширување и доминација во светот. Поради сето тоа на почетокот на ХХ век постоел огромен интерес и постојан развој на геополитиката со геополитичкото и геостратешкото размислување. Во тој поглед предничел интересот на германските географи, генерали и истражувачки кои поведени од сфаќањето за државата како жив организам и потребата од нејзино територијално раширување на „животен простор“ заради опстанок ја развиле германската школа на геополитика на чија основа [[Нацистичка Германија]] и [[Адолф Хитлер]] ја изградиле својата државна, воена и надворешно политичка доктрина<ref name="Милески" />. Тоа повлијаело за многу негативни ставови кон геополитиката по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] поради што таа била речиси занемарена и скоро напуштена како дисциплина<ref name="Kristof, K.D." />. Со сѐ побрзиот информациско-технолошки развој во подоцната фаза на [[Студена војна|Студената војна]] и појавата на делата на [[Хенри Кисинџер]] и [[Збигњев Бжежински]], започнал повторниот интерес кон геополитиката но овој пат повеќе од научен пристап, со што таа е повторно вратена како дисциплина на научната и истражувачката сцена во светот. Глобализацијата и крајот на Студената војна изразен со новата борба за прераспределба на моќта во светот означија ново и сѐ поголемо актуелизирање и подем на интересот за геополитиката како научна, истражувачка и стратешко-државничка дисциплина во науката и меѓународните односи.
 
Сеопштиот развој на човековото живеење, придонел историски и геополитиката во одредени периоди да се развива во различни правци, па така во однос на историските периоди на човештвото познати се: империјална геополитика, геополитика за време на Студената Војна, современа геополитика на новиот светски поредок и еколошка геополитика<ref name="Милески" />. Од друга страна, повторниот интерес за геополитиката кон крајот на ХХ век и развитокот на постмодерната филозофија придонеле за значителен развој особено во [[Франција]] каде се основани ''конфликтната геополитика'' од Ив Лакост<ref name="Милески" />. Истовремено, забрзаниот економски развој и извонредното значење на економијата и економските средства во меѓународните односи придонеле за незапирливото зголемување на интересот за геоекономија<ref name="Милески" />.
 
==Толкувања и дефиниции==