Радомирово евангелие: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[File:Радомирово евангелие.jpg|thumb|мини|десно|Лист од Радомировото евангелие]]
'''Радомирово евангелие''' - [[Кирилица|кирилско]] полно изборно евангелие од втората половина на [[XIII век]]<ref name="Енциклопедија">{{наведена книга|last=Рибарова|first=Зденка|editor=Блаже Ристовски|title=Македонска енциклопедија|volume=2|year=2009|publisher=МАНУ|location=Скопје|language=македонски|isbn=978-608-203-023-4 (1)|page=1243}}</ref>. Наречено е според записот на главниот писец Радомир, покрај кој во пишувањето учествувале уште три лица<ref name="Енциклопедија" />. Се состои од 182 листа<ref name="Енциклопедија" />. Според јазично-ортографските особености се поврзува со [[Северна Македонија]] односно со [[Кратовска книжевна школа|Кратовската книжевна школа]]<ref name="Енциклопедија" />. Препишано е од постара кирилска предлошка која не била иста за целиот ракопис, некои делови сведочат за контакт со [[Русија|руската]] писменост<ref name="Енциклопедија" />. Македонското потекло на предлошката најјасно е одразено во делот што ги содржи читањата по Педесетницата (л. 24-80), каде на пр. се откриваат траги од започнатиот процес на мешањето на носовките, кои во текстот се употребуваат главно етимолошки и најчесто се деназализираат во согласност со [[Северномакедонско наречје|северномакедонскaта дијалектна]] подлога (''у, е'')<ref name="Енциклопедија" />. Одделни појави сведочати и за контакт со [[Србија|српската]] писменост<ref name="Енциклопедија" />. Сложената повеќеслојна структура на текстот со елементи од различна територијална и хронолошка припадност доажа до израз и во лексиката<ref name="Енциклопедија" />. Покрај добро потврдениот архаичен слој што се надоврзува на [[Охридска книжевна школа|охридските]] традиции, присутни се и бројни подновувања карактеристични за рускиот полн апракос и поврзани со [[Преславска книжевна школа|преславските]] лексички норми<ref name="Енциклопедија" />. Ракописот е калиграфски оформен и има извонредно богата орнаментика: 314 иницијали кои често претставуваат оригинални комбинации од тератолошки и антропоморфни (човеколики) облици<ref name="Енциклопедија" />. Се чува во Хрватската академија на науките (ХАЗУ) во [[Загреб]] под сигнатура ''IIIb24''<ref name="Енциклопедија" />
 
== Наводи ==