Приватизација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 7:
 
== Приватизацијата во Република Македонија ==
[[File:Резултати во приватизацијата во РМ (1996).jpg|thumb|мини|десно|Резултати во приватизацијата во Македонија (31.XII.1996)]]
Процесот на приватизација во Република Македонија започна во [[1989]] година во тогашната [[СФРЈ]] со таканаречените закони на [[Анте Марковиќ]] (Законот за општествен капитал и Законот за лични доходи). Концептот на приватизација според тие закони беше интерно акционерство, кога со големи дисконти вработените акционери станаа сопственици во најголем дел во своите претпријатија. Подоцна во јуни [[1993]] година беше донесен македонскиот Закон за трансформација на претпријатија со општествен капитал, кој воведе поразличен и сосема попазарен модел на приватизација со кој се интензивира процесот на приватизација. Потоа, во [[1995]] година се донесе Законот за преструктуирање на дел од претпријатијата кои во своето работење искажуваат загуби, а во [[1996]] година и Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште. Во 1996 година е донесен уште еден закон, Законот за приватизација на државниот капитал во претпријатијата, со чиј член 14 се предвидува попусти за продажба на државниот капитал, за промптно плаќање со денари во готово при продажбата на државниот капитал со јавен повик, од 60%.