Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 55:
 
===Критичка геополитика===
Во последните сто години, паралелно со развојот на геополитиката со сите нејзини концепти, теории и правци се развивале и геополитичките критики, кои биле многу помалку застапени во јавноста од самите геополитички идеи и гледишта<ref name="Милески" />. Заснована на пост-позитивистичките и оптимистичките гледишта, и во тесна поврзаност со социјал-конструктивизмот критичката геополитика во суштина многу се разликува од класичната геополитика геополитика, сметјаќи дека во стварноста геополитиката не постои при што таа е конструкт на зададената реалност. Критичката геополитика се разликува од геополитиката по тоа што ги проблематизира теоретските поставки и е насочена кон истражување на комплексноста на глобалниот политички живот за кој смета дека не може да се објасни само преку проучување на структурата и односите на моќта<ref name="Милески" />. За разлика од класичната геополитика која ги проектира културните и политичките претпоставки на политичко-географската карта со цел да може да ги потврди при што не се воочуваат вистинските односи туку тие се создаваат од одредени експерти во моќни установи (војска, универзитети, министерства), критичката геополитика го избегнува ваквиот пристап и поаѓајќи од тврдењето дека геополитиката е многу поширока и послоѓена проблематика повикува на проширување на јавната расправа за одредени пршања, вклучувајќи широк круг на стручњаци и јавноста<ref name="Милески" />. Критичката геополитика смета дека сите држави во светот се организирани на одредена територија и нивната надворешна политичка стратегија и практика се во одреден дел условени од географските чинители, а првенствено од нивната положба<ref name="Милески" />. Исто така, надворешнополитичката стратегија се базира и на геополитичакта анализа<ref name="Милески" />. За своите истражувачки потреби, критичката геополитика ја дели геополитиката на: формална, практична, популарна и структурална<ref name="Милески" />. Главен претставник на оваа концепција е Џерард О'ТулТoaл кој e клучна фигура во воспоставувањето на критичката геополитика како домен на истражување во рамките на политичката географија и меѓународните односи/.
 
==Главни теоретски правци во геополитиката==