Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 34:
Истоврмено во поглед на зависноста на човекот и развојот на неговите општествено-политички заедници од физичкиот простор и неговите одлики, а во однос на значењето на морето е развиен геополитичкиот концепт на ''' ''таласократија'' '''. Името таласократија потекнува од [[Грчки јазик|грчките]] зборови ''thalassa'' со значење на ''море'' и ''crateon'' со значење на ''власт'' односно со целосно значење на ''(пре)власт на морето'' или цивилзација заснована на поморската моќ. Овој правец и концепција на геополитичко размислување се развило на основа на начинот на живот на морските крајбрежја каде што жителите - рибари, а потоа и морепловци и морнари, ја користеле предноста и поволноста да пловат преку водните пространства на големи далечини каде што имале можност да одземат ресурси со сила или пак да продаваат и купуваат производи на тој начин развивајќи ја трговијата и воедно во случаи на неуспех преку повлекување да ја избегнат опасноста од целосно уништување. На овој начин бил развиен концептот на ''проекција на моќ'' кој разбран како можност и способност на државите да војуваат, тргуваат и одржуваат власт преку огромни водни пространства и одалечени краишта во светот, бил од клучно значење во времето на т.н. Колумбовска или ''ера на морепловството'' (XV-XIX в.) кога биле откриени новите континенти и воспоставени колонијалните поседи на империите на [[Португалија]], [[Шпанија]], [[Велика Британија]], [[Холандија]], а потоа во ХХ век повторно се актуелизирала неговата извонредна стратешка важност со развојот на воздухопловството и вселенските летови. Најпознати таласократски големи сили односно империи базирани на поморската моќ и поседи во минатото и денес се: [[Велика Британија]], [[САД]], како и своевремено колонијалните империи на [[Шпанија]], [[Португалија]], [[Холандија]], [[Франција]] (со исклучок на времето на [[Наполеон Бонапарт]]).
[[File:Alfred Thayer Mahan.jpeg|thumb|150px|лево|Алфред Тајер Махан, идеен творец на доктрината за [[САД]] како светска сила заснована на поморската моќ]]
Идеен творец на поморската геополитичка и геостратешка е американскиот адмирал, геостратег и историчар на војните и морепловството Алфред Тајер Махан, кој повикувајќи се на англискиот пример на превласт и доминација заснована на поморската надмоќ и империја повикувал за прекинување на американската политика на изолационизам и нејзино стапување на глобалната сцена како светска сила преку изградба на силна морнарица и контрола на важните поморски точки како теснеци и протоци низ кои поминуваат главните и најзначајни поморски трговски линии т.н. ''тесни грла'' (анг. ''chokepoints''). Во своето најпознато дело „Влијанието на поморската сила врз историјата“ (1890), Махан наведува шест основни фактори кои влијаат на развојот на поморската моќ: географската положба, физичка структура и конфигурација на бреговите, големината на територијата, бројот на населението, националниот карактер, како и карактерот на државната власт во смисла на политичкиот систем, сфаќањата и гледиштата на политичкото водство<ref name="Jones" />. Тој предложил дека САД треба изградат своја флота и поморски бази паралелно на британските од [[Куба]] и [[Панама]] во [[Атлантски Океан|Атлантскиот]] до [[Хаваи]]те и [[Филипини]]те во [[Тихи Океан|Тихиот Океан]]<ref name="Милески" />. Согледувајќи го искуството од британската империјална доминација во светот Махан заклучил дека поморската надмоќ е клучна за проектирањето на моќ во светот и е тесно поврзана со економската ефикасност и можноста за пловидба, трговија и блокада на останатите европски и светски држави (преку контрола на стратешките точки - ''теснеци'' низ кои минуваат линиите на поморски транспорт) при што сето тоа неминовно води кон можност за превласт во светот. На основа на овие гледишта преку концептот за проекција на моќ со подоцнежниот технолошкиот развој се развиени и геополитиката на воздушниот и вселенскиот простор. Изнесената идеа на Махан за стапување на [[САД]] како голема сила на глобалната сцена е всушност и темелната основа на сите современи геополитички гледишта за САД како светска суперсила и хегемон, од кои најпознати се оние на Хенри Кисинџер и особено на Збигњев Бжежински.
====Римленд (обрач)====
[[File:Spykman's Rimland-map.jpg|thumb|300px|десно|Приказ на концепот на Римленд на картата на светот]]