Геополитика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
 
===Таласократија - сили на морето===
Истоврмено во поглед на зависноста на човекот и развојот на неговите општествено-политички заедници од физичкиот простор и неговите одлики, а во однос на значењето на морето е развиен геополитичкиот концепт на ''' ''таласократија'' '''. Името таласократија потекнува од [[Грчки јазик|грчките]] зборови ''thalassa'' со значење на ''море'' и ''crateon'' со значење на ''власт'' односно со целосно значење на ''(пре)власт на морето'' или цивилзација заснована на поморската моќ. Овој правец и концепција на геополитичко размислување се развило на основа на начинот на живот на морските крајбрежја каде што жителите - рибари, а потоа и морепловци и морнари, ја користеле предноста и поволноста да пловат преку водните пространства на големи далечини каде што имале можност да одземат ресурси со сила или пак да продаваат и купуваат производи на тој начин развивајќи ја трговијата и воедно во случаи на неуспех преку повлекување да ја избегнат опасноста од целосно уништување. На овој начин бил развиен концептот на ''проекција на моќ'' кој бил од клучно значење во времето на ''ерата на морепловството'' (XV-XIX в.) кога биле откриени новите континенти и воспоставени колонијалните поседи на империите на [[Португалија]], [[Шпанија]], [[Велика Британија]], [[Холандија]], а потоа во ХХ век повторно се актуелизирала неговата извонредна стратешка важност со развојот на воздухопловството и вселенските летови.
====Римленд (обрач)====
[[File:Spykman's Rimland-map.jpg|thumb|300px|десно|Приказ на концепот на Римленд на картата на светот]]