Шешир: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|десно|200px|[[Одри Хепберн во филмот ''Доручек кај...
 
Ред 4:
 
== Историја ==
Во [[Древен Египет|древниот Египет]], [[Фараон|фараонот]] ја покривал периката со црвена капа или бела тиара, додека во [[Месопотамија]] биле раширени турбни или капи од крзно, како и во древна [[Палестина]] каде еврејските свештеници носеле конусна бела капа. Во [[Минојската ера]] жените од [[Крит]] смислувале разни бизарни облици на шешири, а во Рим шеширот бил сметан за симбол на слободата, па секој ослободен затвореник добивал шешир. Такво симболичко значење имал и кај [[Германи|Германите]]. Во 10-ти век во селската на носија на многу народи бил користен шешир од слама; припаѓал во патничка или ловџиска опрема. Во 12 век, шешир украсен со крзно или перје започнал да се користи во [[Европа|европската]] женска и машка носија, додека во 14-ти век бил во мода во [[Бургундија|бургундскиот]] двор.
 
Во текот на [[Среден век|средниот век]] жените ги обогатиле шеширите со разнобојни траки испреплетени со цвеќе, додека мажите користеле капуљача која се потпирала на рамената, што во 14 век било заменето со капа со опашка носена на левата или десната страна, зависно од друштвениот или политичкиот статус. Токму во текот на 14 век шеширот го добил денешниот облик по кој е познат денес, а [[ренесансата]] го подигнала обичајот за носење шешир благодарение на раскошот од материјали.
 
За време на [[Ренесанса|ренесансата]] шеширот го отстапува своето место на баретот, но опстанал во некој селски носији и униформи на платеничката војска.
 
== Надворешни врски ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Шешир