Јоаким Крчовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с поправка на правопис
Ред 16:
 
== Живот ==
Јоаким Крчовски живеел и работел на преминот од XVIII во XIX век. Немаме податоци за неговото раѓање, времето и местото, како ни за смртта. Се претпоставува дека презимето го добил според турскиот назив за Кичево - Крчово и дека најверојатно бил родум од тамуоттаму. Учителствувал во Паланка и Кратово и со тоа, тој е еден од првите наши манастирски учители.
 
Крчовски отпечатил пет книги:
Ред 30:
* „Различна поучителна наставленија“, 1819 г. во Будим. Оваа книга е најголема, со 310 страници и претставува зборник од различни слова со религиозно-поучен карактер.
 
Крчовски користел текстови од Евангелието и Стариот Заветзавет за да ги поучи луѓето да го поправат својот карактер и да живеат според христијанскиот морал. Според него, пијанчењето е најголем грев, но и другите пороци: лакомството, суеверието, лажењето, крадењето, итн. Тој е револтиран од социјалната нееднаквост на луѓето и ја велича наобразбата и учителите.
 
Неговите дела одиграле важна улога во верската и моралната просвета. Зацврстувањето на верата значело и зацврстување на националната свест. Неговите текстови не се со оригинална содржина, тоа се преводи или преработки на христијански текстови, но важно е тоа што се напишани на народен македонски јазик - на кратовско-кривопаланечки говор, со примеси од западните говори, и црковнословенски елементи. Затоа тие претставуваат почеток на новата македонска литература.
Ред 49:
== Работен век и дела на Јоаким Крчовски ==
[[Податотека:Јоаким Крчовски - Повест.jpg|мини|десно|Првата страна на „Повест ради страшнаго и Втораго пришествија Христова“, Буда, 1814]]
Крчовски во својот работен век ја ширел верската просвета на народен јазик во кој употребувал [[Црковнословенски јазик|црковнословенски]] елементи. Во неговото творештво се забележува продолжување на средновековната книжевна традиција, иако тој бил и под влијание на европското (пред се француското) просветителство, кои дошле преку влијанијата на [[ДостиејДоситеј Обрадовиќ]] од [[Србија]]. Неговите дела се отпечатени во печатницата во [[Будим]], а поради опасноста од [[елинизација]] тие биле силно помогнати и поддржани од македонскиот еснаф.
 
Прво дело на Јоаким Крчовски е „''Слово заради свјато исповедание на сички христијани, на мужи и на жени''“ ([[1814]]) кое е мало по обем и содржи две беседи со практична намена - свештениците да ги придобијат верниците за христијанската вера. Второто дело на Крчовски е „''Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова''“ ([[1814]]) кое било напишано на народен јазик (кратовско-кривопаланечки дијалект) и наменето за народот и во кое се зборува за второто Христово пришествие. Третата книга на Крчовски „''Сија книга глаголемаја Митарства''“ ([[1817]]) ги опишува „митниците“ (царинските премини) низ кои поминува душата на праведникот за да дојде во рајот. Четвртото дело се нарекува „''Чудеса пресвјатија Богородици''“. [[Македонска академија на науките и уметностите|МАНУ]] оваа книга ја смета за прв превод на [[македонски јазик]], бидејќи е грчки текст преведен на чист народен македонски јазик, кој и денес се зборува во [[Република Македонија]]. [[Бугарска академија на науките|БАН]], пак, книгата ја смета за превод на [[бугарски јазик]], бидејќи на корицата пишува дека е преведена на ''болгарскиј јазик'' и „''иждивением же православних христиан штипских и прочих градов болгарских''”. ПетототоПеттото и последно дело на Крчовски е „''Различна поучителна наставленија''“ ([[1819]]), кое е негово најобемно и најоригинално дело во кое се зборува за важноста на образованието и практикувањето на христијанската вера.
 
Крчовски е автор на пет книги кои се пред сè со религиозна содржина: