Пубертет: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 77.29.207.193 (разговор), вратено на последната верзија на 46.217.45.18
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
 
===Поим за пубертет===
Под поимот пубертет во поширока смисла се подразбира процес на физички промени преку кои детското тело станува возрасно тело способно за репродукција. Пубертетот започнува со праќање на сигнали од хормоните во мозокот до гениталиите. Како одговор, гениталиите произведуваат различни хормони кои го стимулираат растењето, функционирањето или трансформирањето на мозокот, коските, мускулите, градите и органите за репродукција. Растењето започнува во првата половина на пубертетот, и завршува кога завршува и пубертетот.
Во потесна смисла, поимот пубертет се однесува повеќе на промените во процесот на сексуалното созревање, отколку на психолошките и културолошките аспекти од развојот на адолесцентот. Адолесценција е период на психолошка и културолошка транзиција помеѓу детството и зрелоста.
 
===Разлики помеѓу машкиот и женскиот пубертет===
Двете најголеми разлики помеѓу пубертетот кај момчињата и девојчињата се: возраста на која започнува пубертетот и хормоните вклучени во процесот на пубертет.