Разлика помеѓу преработките на „Ефект на стаклена градина“

нема опис на уредувањето
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
[[Податотека:Стаклечки_гасови.jpg|right|thumb|Гасови на стаклената градина]]За 2,5 милиони години, Земјината клима се променила кружејќи од ледени ери, па се до потопли периоди. Но во последниот век, температурите на Земјата пораснале неверојатно брзо. Научниците сметаат дека тоа е човечка активност која ги покачува температурите, позната под името Глобално затоплување. Откако започна индустриската револуција Фабриките, Електраните и конечно автомобилите преработиле големи количини на фосилни горива како што е нафтата испуштајќи големи количини на Јаглерод Диоксид и други гасови во атмосферата. Овие гасови на стаклената градина ја заробуваат топлината на Земјата, во природно настанатиот процес кој се нарекува '''Ефект на стаклена градина'''. Ефектот на стаклена градина започнува со Сонцето и енергијата која ја зрачи на Земјата. Земјата и атмосферата апсорбираат дел од оваа енергија, додека остатокот се враќа назад во Вселената.
== Вовед ==
[[File:Стаклена градина.jpg|thumb|200px|right|Приказ на опсегот и количеството на електромагнетно зрачење емитирани од сонцето и земјината површина]]
Сонцето зрачи неизмерно количество енергија преку широк спектар на бранови должини.Најголем дел од енергијата од Сонцето е концентрирана во видливиот и блиску-видливите делови од спектарот. 43 % од вкупната емитувана енергија од Сонцето се наоѓа во видливиот дел од спектарот, а од 7 до 8 % од вкупната емитувана енергија од Сонцето се наоѓа пониско од видливиот спектар каде брановата должина се намалува. Што е помала брановата должина на светлината, толку повеќе енергија содржи. Ултравиолетовото зрачење, кое има многу мала бранова должина содржи многу повеќе енергија, и е способно да раздели стабилни биолошки молекули , како и да предизвика изгореници и рак на кожата . Останатите од 49 до 50 % од вкупната емитувана енергија се наоѓаат над видливиот дел на спектарот, кои се наоѓаат во инфрацрвеното зрачење. Најразлични компоненти од Земјината атмосфера ги апсорбираат ултравиолетовото и инфрацрвеното зрачење. Единствено што останува е видливата светлина која продира низ Земјината атмосфера. Апсорбирана од земјата, океаните и вегетацијата на површината, видливата светлина се трансформира во топлина и зрачи во форма на невидливо инфрацрвено зрачење враќајќи се наназад кон Земјината атмосфера.
 
== Важност ==
[[File:Стаклена градина (1).jpg|thumb|минио|left|Варијации на јаглерод диоксид, метан и азот субоксид од илјадитата година наваму]]
Ефектот на стаклена градина е многу важен за животот на планетата. Без него Земјата не би била доволно топла за да може на неа да се живее. Средната температура на површината на Земјата денес е околу 15 С степени,а доколку не би бил ефектот на стаклена градина средната температура на земјината површина би била околу -18 С, односно не би имало живот на планетата. Затоа луѓето во минатото сметале дека овој ефект е многу важен за Земјата.
 
 
== Заклучок ==
[[File:Стаклена градина (2).jpg|thumb|мини|десно|Отстапувања на температурата (°С) од просекот за периодот од 1861 до 1990 година]]
Иако уште треба да се научи за глобалното затоплување многу организации го намалуваат испуштањето на гасовите за да го намалат влијанието на Глобалното затоплување и Ефектот на Стаклена градина.