Заратустра: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Raffael 071.jpg|thumb|right|329px|Детал од „Атинската школа“ на [[Рафаел]], 1509, Заратустра е лево со глобус во рака.]]
{{Зороастризам}}
'''Заратустра''' (исто така '''Заратуштра''' од [[авестиски јазик|авест.]] ''Zaraθuštra'', односно '''Зороастер''' од [[грчки јазик|грч.]] ''Ζωροάστρης''), е древен [[Персија|персиски]] [[пророк]] и религиозен поет. Химните кои му се припишуваат се литургиската основа на [[Зороастризам|зороастрианизмотзороастризмот]]. Се смета дека живеел меѓу 1700 и 1300 година п.н.е.<ref>Boyce, Mary. 2001. Zoroastrians: Their Religious Beliefs and Practices. Routledge: London and New York.-- Peter Clark. ''Zoroastrianism: An Introduction to an Ancient Faith''. Brighton: Sussex Academic Press, 2010. p. 1. -- Michael Stausberg. ''Zarathustra and Zoroastrianism: A Short Introduction''. London: Equinox Publishing, 2008. p. 20.</ref>
 
== Биографија ==
=== Име ===
[[Авестиски јазик|авестискиотАвестискиот]] израз ''Zaraθuštra'' доаѓа од староперсискиот збор ''*zarat-uštra-''. Оваа реконструкција е потврдена од подоцнежните облици на [[персиски јазик|персискиот јазик]].<ref name="Schlerath_1977_133_135">{{harvnb|Schlerath|1977|pp=133–135}}</ref>
 
=== Датирање ===
Ред 12 ⟶ 11:
 
=== Место ===
Според преданијата, за родно место на Заратустра се зема Раи (или Медеја), во северна [[Персија]]. Оттаму патувал низ Персија, и конечно се населил во градот Балк, проповедајќи го култот на мудроста „Маздајасна“ (авестиски: ''мазда'' - мудрост и ''[[Јасна (Зороастризам)|јасна]]'' - обожување). Живеел испоснички живот, и умрел на 77 годишна возраст. Неговата смрт не е спомената во ''Авеста'', но во други текстови е споменато дека е убиен.<ref name="Jackson_1899_130_131">{{harvnb|Jackson|1899|pp=130–131}}.</ref>
 
=== Божествени карактеристики ===
Ред 21 ⟶ 20:
Кога си доаѓал на себе, му се чинело како да го надлетува [[човештво]]то благодарение на духовните сили кои ги нарекол „[[ангел]]и“, а подоцна ги дефинирал како седум изрази на [[Бог]]а: Мудроста (Мазда), Добрата мисла (Воху Манах), Праведниот поредок (Аша Вашиста), Божјето кралство (Кшатра), Побожноста (Армаити), Здравјето (Хаурватат) и Бесмртноста (Амеретат).
 
Преданијата не се согласуваат околу тоа колку години Заратустра поминал на планина, повлечен од светот. Како и да е, кога решил да се врати меѓу луѓето, Заратустра му се обратил на Виштаспу, кој владеел во [[Бактрија]], недалеку од [[Самарканд]]. Се оженил со ќерката на Фрашаоштра, кој застанал на негова страна и го убедил владетелот да го прими и да го поддржи Заратустра. Според преданието, Заратустра извел неколку чуда на дворот, и после тоа е примен. На дворот на Виштаспу, Заратустра учел една група ученици кои ги нарекол „сиромашните“, а кои подоцна го ширеле неговото учење.
 
== Учењето ==
Заратустра учел дека [[Бог]] е Добар Творец ([[Ахура Мазда]]) на сè, на Сонцето, Месечината и ѕвездите, на духовното и материјалното, на луѓето и на ѕверките. Не е одговорен за злото меѓу луѓето, бидејќи злото доаѓа од духот на раздорот ([[Ангра Маинју]]), кој ги создал [[демон]]ите, владее со [[пекол]]от и од почеток му се спротивставува на [[Бог]]а. Според религијата на Заратустра, светот е бојно поле на кое се борат силите на доброто и злото.
 
Сите мажи и жени (во религијата на Заратустра не се прави поделба на должностите) имаат лична одговорност да бираат меѓу доброто и злото. На луѓето ќе им биде судено на другиот свет врз основа на она што го одбрале, а според зборовите на Заратустра: „За човек чиј живот е исполнет со правдини, не постои смрт... таа е само за лошите.“ Ваквото учење на Заратустра ги вреѓало свештениците од тоа време.
Ред 58 ⟶ 57:
* Taherzadeh, Adib (1976), The Revelation of Bahá'u'lláh, Volume 1: Baghdad 1853-63, Oxford: George Ronald, ISBN 0-85398-270-8
* Farhang Mehr "Zarathuštranizam" Misl, Zagreb 2005. ISBN 953-6306-11-5
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}