Ниџе: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 51:
==Растителен и животински свет==
 
Планината Ниџе е значајна по богатството со [[шума]], планински [[пасишта]], разновидна [[фауна]]. Ниџе е една од најбогатите планини со шуми во [[Македонија]], што се должи на фактот дека планината е многу слабо сообраќајно поврзана, далеку од главните патни правци и воедно нејзината падина во [[Мариово]] е многу малку населена, односно скоро без постојани жители. Изобилува со специфични фаунистички типови, а карактеристично за Ниџе е тоа што од подножјето до највисоките делови на врвовите се сретнуваат и јавуваат сите флористички типови кои се распространети и се среќаваат од [[Средоземно Море|Средоземјето]] до [[Северна Европа]]<ref name="Македонска енциклопедија">{{наведена книга|last=Андоновски|first=Томе|title=Македонска енциклопедија|volume=2|year=2009|publisher=МАНУ|location=Скопје|language=македонски|page=1056}}</ref>. Тука, сите тие се распоредени на мал простор и тоа висински, од подножјето до врвот. Шумскиот појас е претставен со даб, бука и зимзелени иглолисни шуми. Ниџе една од ретките планини во [[Македонија]] и на [[Балкан]]от каде што меѓу зимзелените иглолисни шуми може да се најде застапен познатиот бел македонски бор - [[молика]]. Исто така, Ниџе е една од најбогатите македонски планини со дивеч, што е исто така резултат на одалеченоста, слабата населеност и неповолна сообраќајна и патна поврзаност.
 
== Галерија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ниџе