Разлика помеѓу преработките на „Олимписки игри“

Додадени 4.644 бајти ,  пред 6 години
 
==Модерни олимписки игри==
===Претходници===
[[File:Baron Pierre de Coubertin.jpg|thumb|upright|Барон [[Пјер де Кубертен]]]]
 
Разни употреби на терминот „Олимписки“ за да се опишат спортски настани во модерната ера биле документирани уште во 17-от век. Прв ваков настан бил "Cotswold Olimpick Games", годишна средба во близина на [[Чипинг Кампден]], Англија, вклучувајќи различни спортови. За прв пат била организирана од страна на адвокатот Роберт Довер помеѓу 1612 и 1642 година, со неколку прослави подоцна до денешен ден. Британската олимписка асоцијација, во својата кандидатура за [[Олимписки игри 2012|Олимписките игри во 2012]] во Лондон, ги споменала овие игри како „првите знаци на олимписките почетоци на Велика Британија“.<ref name=BOA>{{citation |title=400 Years of Olimpick Passion |url=http://www.olimpickgames.co.uk/contentok.php?id=853 |publisher=Robert Dover's Games Society |accessdate=4 June 2010}}</ref>
 
''L'Olympiade de la République'', национален олимписки фестивал кој се одржувал еднаш годишно 1796-1798 во [[Француска револуција|Револуционерна Франција]], исто така, се обидела да ги емулира Античките олимписки игри.<ref name="frencholympics" /> Натпреварувањето вклучувало неколку дисциплини од античката грчка олимпијада. Игрите во 1796 го одбележале воведувањето на [[Метрички систем|метричкиот систем]] во спортот.<ref name="frencholympics" />
 
Во 1850 година „Олимписка класа“ била започната од страна на д-р [[Вилијам Пени Брукс]] во [[Мач Венлок]] во [[Шропшир]], Англија. Во 1859 година, д-р Брукс го сменил името во „Венлошки олимписки игри. Овој годишен спортски фестивал продолжува и до денес.{{sfn|Young|2004|p=144}} Венлошкото олимписко друштво било основано од страна на д-р Брукс на 15 ноември 1860 година. {{sfn|Young|1996|p=28}}
 
Помеѓу 1862 и 1867 година, [[Ливерпул]] одржал годишен Гранд олимписки фестивал. Осмислен од страна на [[Џон Хули]] и [[Чарлс Мели]], овие игри биле првите да бидат целосно аматерски во природа и меѓународен изглед, иако само „господа аматери“ можеле да се натпреваруваат.{{sfn|Matthews|2005|pp=53–54}}{{sfn|Weiler|2004}} Програмата на првата модерна Олимпијада во Атина во 1896 година била речиси идентична со онаа на Олимпијадата во Ливерпул.{{r|Girginov Parry 2005 p38}} Во 1865 Хули, д-р Брукс и Равенштајн ја основале Националната олимписка асоцијација во Ливерпул, претходник на Британската олимписка асоцијација. Неговите статии на основање донеле можност за меѓународна олимписка повелба.{{sfn|Young|1996|p=24}} Во 1866 година, национални олимписки игри во Велика Британија биле организирани во лондонската [[Кристална палата]].<ref>{{cite web |url= http://www.wenlock-olympian-society.org.uk/william-penny-brookes/index.shtml |title= Much Wenlock & the Olympian Connection |publisher= Wenlock Olympian Society |accessdate=31 January 2009 |archiveurl= https://web.archive.org/web/20090123183803/http://www.wenlock-olympian-society.org.uk/william-penny-brookes/index.shtml <!--Added by H3llBot--> |archivedate= 23 January 2009}}</ref>
 
===Преродба===